ПОВИК ЗА ПРОМОТОРИ НА ПЛАТФОРМАТА CAREER HUB

  1. За проектот

Проектот „МладиХаб – градење вештини за вработување, компетенции и можности за вмрежување за младите” го спроведуваат Националниот младински совет на Македонија и Младинската група. Проектот е финансиран од Британската амбасада во Скопје и поддржан од Претседателот на Република Северна Македонија, а неговата цел е да придонесе кон професионален развој и економска независност на младите преку одржлив систем за градење вештини и компетенции прилагодени на потребите на пазарот на труд. Оваа цел проектот ќе ја постигне преку три компоненти, и тоа:

  • Градење практични вештини кај младите што ќе им помогнат да најдат соодветно работно место;
  • Креирање можности за поврзување на младите со работодавачите и
  • Обезбедување поддршка за млади за вклучување на пазарот на труд и можности за нивен личен и професионален развој.

 

  1. За повикот

Во склоп на проектот функционира платформата CareerHub која има за цел да биде посредник помеѓу младите баратели на работа и фирмите кои имаат потреба од млад талентиран кадар. Преку платформата може да се креира профил како работодавач или како кандидат за работа и поврзување помеѓу кандидати и работодавачите согласно нивните преференци и компетенции.  Со цел поголема промоција на платформата, отвараме повик за промотори на платформата, кои ќе имаат задача да ги мапираат компаниите кои се заинтересирани за млад кадар, да им ги објаснат бенефитите од CareerHub и да им помогнат при регистрацијата на платформата.

 

  1. Обврски и услови за работа

Во текот на ангажманот секој од промоторите ќе има задача да:

  • Мапира бизниси кои ќе бидат заинтересирани да се регистрираат на CareerHub
  • Да ја промовира платформата пред потенцијалните работодавачи
  • Да им помогнат на потенцијалните работодавачи при регистрација на платформата
  • Да достават месечен извештај за сработеното до НМСМ
  • Препорачливо е секој од кандидите да регистрира минимум 10 компании месечно.

Секој од промоторите ќе склучи авторски договор со Националниот младински совет на Македонија, според кој ќе добие компензација во бруто износ од 1000 денари по успешно регрутирана и регистрирана компанија на CareerHub. Ангажманот може да трае до декември 2021 година, доколку има заинтересираност од страна на ангажираните промотори. Работното време е флексибилно работно време, кое избраниот промотор сам ќе си го креира и менаџира.

 

  1. Услови за аплицирање

Право на апликација има секоја млада индивидуа на возраст од 18 до 29 години, која има слободно време и желба да работи динамична работа исполнета со комуникација со различни правни лица – работодавци.

 

  1. Начин на пријавување

Заинтересираните кандидати треба да пратат кратка биографија на [email protected] со наслов „Пријава за промотор (Име_Презиме)“ најдоцна до 25 јули 2021 година, до полноќ. Биографијата треба да ги содржи претходните искуства од областа на промоција и директна работа и соработка со бизнис секторот. Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг на селекција ќе бидат контактирани. Доколку се потребни дополнителни информации за проектот или повикот, ве молиме пишете ни на [email protected] или на 070 399 058.

Сподели