За нас

Што е НМСМ?

Националниот младинскиот совет на Македонија НМСМ e сојуз на здруженија во кој на доброволна основа членуваат здруженија и фондации од Република Македонија. НМСМ е основана на 29 јуни 2013 година од страна на 55 организации.

НМСМ е претставничко тело на младинските организации во Македонија. НМСМ обединува 51 организација: 15 младински организации, 21 организација за млади, 1 сојуз, 4 подмладоци на други организации, 1 универзитетско студентско собрание и 9 придружни членки, со цел да се промовираат и застапуваат младите и правата на младите во Македонија.

Членството на НМСМ е разновидно, обединувајќи организации кои работат на национално и регионално ниво, рурални и урбани средини, студентски организации, ограноци на меѓународни организации и други типови на здруженија. Во процесот на остварување на своите цели, НМСМ ги застапува интересите на младите во Република Македонија без разлика на нивната социо-економска положба, пол, раса, етничко и културно потекло, политичкото и верското уверување, сексуална ориентација, родов идентитет или било која друга форма на разлика.

Од 29 ноември 2015 година, Националниот младински совет на Македонија е дел од европското семејство на младински организации, Европски младински форум ЕМФ.

Во моментов во НМСМ функционираат две програми, програма за добро владеење и програма за стратешки развој.

НМСМ

ВИЗИЈА

Независен, автономен и инклузивен младински сектор кој ги претставува младите во Македонија.

МИСИЈА

Мисијата на НМСМ е да ги претставува интересите и потребите на младите луѓе како врска со сите чинители и да обезбеди вклучување и активно учество на младите во процесот на донесување одлуки на секое ниво.

ЦЕЛИ

  1. Зајакнување на улогата на НМСМ како претставничко тело на младите и младинските организации;

  2. Поттикнување на процеси за креирање на соодветни политики кои овозможуваат социјален и личен развој на младите;

  3. Застапување и делување во името на интересите на младите и младинските организации преку претставување на нивните интереси пред институциите;

  4. Обединување и развој на капацитети на младинскиот сектор преку зајакнување и промоција на улогата на младинските организации;

  5. Промоција на неформалното образование и поттикнување на креирање системи за поддршка на млади на локално и национално ниво;

  6. Унапредување на положбата на младите во општеството преку: – Промоција и дејствување кон зајакнување на младинското учество во процесите на донесување на одлуки, – Промоција на младински активизам, младинско информирање и активно граѓанство помеѓу младите;

  7. Унапредување на еднаквоста, третманот на младите, толеранција и демократијата кај и помеѓу младите.

Управен одбор

Помеѓу две седници на Генералното собрание, со работата на НМСМ управува Управниот одбор составен од 3 до 5 членови избрани од Собранието на НМСМ, од кои еден се назначува за Претседател, а еден за Потпретседател на Советот. Управниот одбор ги спроведува донесените одлуки и заклучоци на Собранието и работи во согласност со целите и вредностите на Советот. Членовите кои го сочинуваат Управниот одбор на НМСМ, наведени со својата функција соодветно се:

Филип Ивковски
Претседател

Сотир Габелоски
Потпретседател

Панде Ефтимов
Член на Управен одбор

Зоја Таревска – Петрушевска
Член на Управен одбор

Мартина Јачевска
Член на Управен одбор

Секретаријат

Секретаријатот на НМСМ е оперативен орган кој е задолжен за спроведување на сите активности од областа на тековното работење на НМСМ кои не се во надлежност на други органи и тела. Со Секретаријатот на НМСМ раководи Генералниот секретар, а останатите членови на Секретаријатот се координаторите кои раководат со посебните оддели, како и асистентите кои му даваат целосна поддршка на Секретаријатот во своето работење. Секретаријатот на НМСМ го сочинуваат следните членови:

Мариана Ангелова
Генерален Секретар

Јана Јосифовска
Финансиски и Административен менаџер

Aне Матевска
Програмски менаџер

Aлександра Филипова
Програмски менаџер

Михаил Василевски
Менаџер за комуникации

Сара Ристеска
Програмски координатор

Албина Сефадини
Програмски координатор

Оливер Андреевски
Координатор за комуникации

Ангела Атанасовска
Финансиски и Административен асистент

Ардит Шехи
Програмски асистент

Ива Наскова
Програмски асистент

Горјан Чурлинов
Асистент за комуникации

Надзорен одбор

Надзорот над работата на органите и телата на НМСМ го врши Надзорниот одбор. Надзорниот одбор е независно тело на НМСМ составено од три члена. Членовите на Надзорниот одбор се избираат од Собранието на НМСМ и неговата должност е да ја контролира целокупната работа на телата на НМСМ, особено да ги контролира материјалните и финансиските операции на Советот. Надзорниот одбор на НМСМ се состои од следните членови:

Teoдора Стефановска

Стефан Петровски

Мила Јовановска

Ана Клесова

Регионални канцеларии

Североисточен регион / Центар за интеркултурен дијалог 
Tамара Петковска

Источен регион / ФРЛЗ Штип
Бојана Стојанова

Југозападен регион / АКВА Струга
Славица Јовческа

Пелагониски регион / МКЦ Битола
Александар Тодоровски

Југоисточен регион / Новус Струмица
Ѓорги Милушев

Вардарски регион / Совет за превентива против малолетничка деликвенција – СППМД
Ѓорѓи Нанчев

Полошки регион / Мултикултура Тетово
Егзона Абди