Join us

ПРИКЛУЧЕТЕ СЕ

Да се биде дел од македонското семејство на младински организации значи да се биде дел од Национален младински совет на Македонија кој автентичниот глас на младите организирано и артикулирано го пренесува до креаторите на политики и носителите на одлуки.

Да се биде дел од Национален младински совет на Македонија значи:

  • Здружено делување за подобрување на стандардот на живеење на младите во Македонија;
  • Јакнење на капацитетите на организациите членки;
  • Поддршка во развојот на организациите членки преку ресурсите со кои располага Советот;
  • Искористување на тренинг центарот на Советот.

Преземи ја Апликацијата за членство во Националниот младински совет

Пополнетата апликација заедно со:

  1. Статут;
  2. Тековна состојба (не постара од 6 месеци);
  3. CV на организацијата (не подолго од 3 страни);
  4. Годишни извештаи за претходните две години(финансиски и наративни);
  5. Годишна програма за тековната година (доколку организацијата поседува таков документ);
  6. Листа на членови на Извршното тело.

Испратете ги на ’info@nms.org.mk’

По добивањето на апликацијата, истата ја разгледува Комисијата за членство, која поднесува извештај до Генералното собрание. Делeгатите гласаат со 2/3 мнозинство за пристапувањето на организацијата.