ПОВИК ЗА РАБОТНА ПОЗИЦИЈА ПРОЕКТЕН/НА АСИСТЕНТ/КА за иницијативата Јутвики/Youth Wiki и секретаријатот на Национален младински совет на Македонија

ПОВИК ЗА РАБОТНА ПОЗИЦИЈА
ПРОЕКТЕН/НА АСИСТЕНТ/КА за иницијативата Јутвики/Youth Wiki и секретаријатот на Национален младински совет на Македонија

 

Национален младински совет на Македонија (НМСМ) има потреба од Проектен/на асистент/ка за ефикасно и ефективно имплементирање на активностите од  иницијативата Јутвики/Youthwiki.  Јутвики/Youth Wiki[1] е првата онлајн енциклопедија на Европа на националните структури, политики и активности за поддршка на младите луѓе која е основана од Европската Комисија. Главната цел е да им помогне на Европската комисија и земјите-членки во нивното донесување одлуки, преку обезбедување информации за состојбата на реформите и иницијативите. Платформата, исто така, овозможува размена на информации и иновативни пристапи и поддржува активности за учење на учесници.

Покрај иницијативата Јутвики, проектниот асистент ќе биде вклучен и во останати проектни активности и нивна комуникација, кои ги имплементира секретаријатот на Националниот младински совет на Македонија.

 

Опис на работни задачи на Проектен/на асистент/ка.

  • Подготовка и реализација на логистички активности од иницијативата Јутвики/Youthwiki
  • Подготовка, обработка и сумирање на демографски, евалуациски податоци;
  • Подготовка на документи и барања за податоци во координација со Проектниот истражувач;
  • Подготовка на содржини за зголемување на видливоста на активностите кои произлегуваат од проектот;
  • Ажурирање на веб страните на НМСМ, социјалните медиуми на организацијата и останати алатки за комуникација со јавноста;
  • Архивирање и сумирање на медиумски објави за активностите на организацијата;
  • Анализа и обработка на податоци за опфат преку социјалните мрежи;
  • Oрганизација и учество на обуки и состаноци кои произлегуваат од проектот;
  • Комуникација со проектни партнери и соработници;
  • Подготовка на извештаи за организираните активности и својата работа;
  • Други активности кои произлегуваат од реализациајта на проектот.

 

Потребни знаења и вештини на кандидатите:

  • Искуство во подготовка и реализација на настани;
  • Одлично познавање на Microsoft Office алатките, познавање на алатки за дизајнирање и креирање на интерактивни содржини ќе се смета за предност;
  • Одлични комуникациски вештини, со високо ниво на говорен и пишан Англиски јазик.
    Познавање на Албански јазик ќе се смета за предност;
  • Познавање на работа со различни социјални медиуми;
  • Познавање на Вордпрес (WordPress);
  • Вештини за обработка на податоци;
  • Способност да работи со тим, под притисок и во ограничена временска рамка;
  • Способност за непречена комуникација со организации, добавувачи и партнери;
  • Познавање на работата на НМСМ, како и на граѓанскиот сектор во Р. Македонија;
  • Членување во организација членка на НМСМ ќе се смета за предност;
  • Проактивност и висока исполнителност со минимален надзор;
  • Можност да работи за време на викенди;
  • Можност да патува во рамките на државатa и надвор за потребите на организацијата.

 

Услови за работа:

Позицијата е со работно време од 40 часа неделно. Селектираните кандидати ќе бидат ангажирани со потпишување на договор за 4 месеци, со можност за продолжување.

Хонорар: 19.000 денари нето.

 

Рок и начин на пријавување:

Сите заинтересирани кандидати треба да ги достават следниве документи:

– Кратка биографија  (CV на македонски јазик);
– Мотивациско писмо на македонски јазик.

 

На електронската адреса  applications@nms.org.mk  со наслов/назнака [име и презиме] Апликација за работно место – Проектен асистент Јутвики/ Youth Wiki

Рокот за поднесување на апликации е 18 септември  2018 година, до 12:00 часот, напладне.

 

Начин на селекција:

Кандидатите кои ќе бидат селектирани во прв круг, ќе бидат поканети на разговор во периoдот од 19 до 25 септември, 2018 во Скопје. Се очекува селектираното лице да започне со работа најдоцна до 01 октомври, 2018 година.

 

Само кандидатите кои ќе бидат селектирани за интервју ќе бидат контактирани. НМСМ го задржува правото да го пролонгира конкурсот доколку смета дека истото потребно.

 

[1] https://eacea.ec.europa.eu/national-policies/en/youthwiki

Leave a comment