Новости

Нов бран во студентското организирање – Анализа

NBSO-Korica-Slika

Во рамките на проектот Студентско (ре)формирање спроведен од Националниот младински совет на Македонија заедно со партнерските организации Сфера Интернешнал, ФОРУМ16, МКЦ Битола, ЦЕД Теарце и Фондација за развој на локалната заедница Штип беше спроведена анализа на студентското (ре)формирање на државните универзитети во Штип, Битола и Тетово.

Студентското организирање претставува начин и модел на којшто студентите учествуваат во управувањето и одлучувањето на универзитетите. Условите и степенот на којшто еден универзитет ќе овозможи учество на студентите во управувањето и донесувањето на одлуки е показател за демократкиот капацитет на универзитетот и вреднувањето на гласот на студентите.

Имајќи во предвид дека ова е прва година на воспоставување на сосема нов модел на студентско организирање, главната цел на проектот беше да се поттикнат студентските и младинските организациии на активно следење и застапување за транспарентни студентски избори. Ова резултираше со застапување за отворено студентско организирање и информирање на студентите за можностите и начинот за учество во студентските избори на универзитетите, но и следење на транспарентноста и практиките на универзитетите во целиот процес на студентското организирање и формирање на новите студентски собранија, преку точно утврдени критериуми за сите универзитети. Како резултат на овој мониторинг се креираа заклучоци и препораки за универзитетите, кои ќе послужат при организирање и спроведување на идните студентски избори.

Целта на оваа анализа е да ја анализира нормативната рамка на новиот модел на студентско организирање, начинот на избор, правата, обврските и одговорностите на студентските претставници и да ја истражи транспарентноста и првичните практики кои универзитетите ќе ги воспостават при формирање на новите студентски собранија на трите државни универзитети во Штип, Битола и Тетово.

Проектот „Студентско ре(формирање)“ е финансиски поддржан од Фондација Отворено општество – Македонија.

Целата анализа можете да ја погледнете на овој линк.

Повеќе

МладиХаб – Дигитална младина со нова веб страна – mladihub.mk

mh website

Сите информации околу проектот „МладиХаб-Дигитална младина“ од денес ќе можете да ги најдете и на www.mladihub.mk!

Новата веб-страница на МладиХаб ги содржи сите информации околу проектот, минатите, актуелните и идните обуки, како и за сите области во кои се спроведува општокорисната работа.

Делот за обуките, освен логистичките податоци за одржувањето, содржи и информации околу провајдерот кој ја спроведува обуката и ги издава сертификатите, кратка биографија на инструкторот и можност за лесно и брзо пријавување за учество во проектот.

Концептот општокорисна работа е другата клучна компонента на проектот на која исто така ѝ е посветено особено внимание на веб-страницата. Во делот за општокорисна работа можете да разгледате на кој начин учесниците во проектот ѝ помагаат на заедницата и си обезбедуваат пристап до обуките. Покрај тоа, овој сегмент има потенцијал да ги поттикне посетителите на веб-страницата да го користат слободното време во помагање на другите и притоа да се забавуваат, да запознаваат нови луѓе и да ги развиваат своите вештини.

Преку календарот достапен на веб-страницата можете да се информирате за сите интересни настани што ќе се одржуваат во канцеларијата на проектот.

Во моментов, тимот на МладиХаб работи на една многу интересна можност за сите оние кои се заинтересирани да се вклучат во дигиталната економија. Токму преку веб-страницата ќе добиете прилика да ги искористите, унапредите и впаричите вашите дигитални вештини, па затоа, не заборавајте редовно да ја посетувате!

Повеќе

Генерално Собрание на Европски младински форум (YFJ)

IMG_4795
Изминатиов викенд, за прв пат се одржа онлајн Генерално собрание на Европскиот младински форум.
Националниот младински совет на Македонија го честита изборот на нов Генерален секретар на ЕМФ, Joe Elborn и му посакува успешен мандат!
Благоданост до Бордот, Секретаријатот, и сите организации-членки на ЕМФ кои учествуваа во онлајн собранието, и придонесоа истото да биде успешно.
На Собранието како делегати на НМСМ учествуваа Владимир Костовски, Потпретседател на НМСМ и Филип Кулаков, Координатор за меѓународни прашања и политики на НМСМ.
Повеќе

Четири искрени прашања и одговори со Елена Виларова Велковска, Генерален Секретар на Национален младински совет на Македонија

elena

1. Која е Елена Виларова Велковска професионално и приватно?

Елена: Официјално сите кои ме познаваат ме викаат Нена, мајка на две деца, огромен љубител на животни и еколошки насторена кон природата. Рециклирам се што може да се рециклира и секогаш кога има можност за еко пријателски пристап го користам.
Професионално јас сум дипломиран социјален работник, специјалист за менаџмент со стратешки комуникации, магистрант по општествен развој и сертифициран обучувач од Јончепинг Универзитеот во Шведска. Повеќе од 15 години работам во граѓанскиот сектор, во локални организации и интернационални агенции.
Мојот почеток во граѓанскиот сектор беше како волонтер во Форум Сид Македонија кога ги отворавме нашите младински клубови. Како координатор на еден младински клуб имав улога заедно со волонтерите да ја креираме програмата за работа на младинскиот клуб базирано на потребите на младите во локалната заедница, да ги промовираме активностите и програмите кои се имплементираат. Оттука започна мојата љубов кон младински активизам и партиципација, промоција на различни хумани вредности и принцпи и заложби за подобрување на состојбата на различни целни групи во нашето општество и пошироко.
Како волонтер и млад човек стекнав големо искуство во областа на младинската работа и младинските политики и набрзо напредував во кариерата. Работев како проектен координатор, менаџер на различни проекти и програми, каде што главен фокус на моите активности беше да се креираат, имплементираат и следат програмите и политиките кои беа од организациски интерес, проширување на работните тимови, координација и следење на работата на вработените и соработниците и остварување на соработка со релевантни донесувачи на одлуки.
Од мојот прв ден како волонтер до сега, ме делат повеќе од 10 години искуство во развој и имплементација на различни програми и проекти од областа на инклузивно образование, социјална и детска заштита, инклузија на пазарот на трудот, вокациони обуки и зајакнување на капацитетите на младите, претставници на ГО и јавни и приватни институции.
Повеќе од 12 години професионално искуство во подготовка на тренинг програми од областа на: Младинско учество, лидерство, неформално образование, инклузивно образование, развој на лични и професионални вештини кај младите и други целни групи.
Менаџирањето со вработени и волонтери и дополнителна професионална надградба ми помогна да ги развијам своите вештини за управување со човечки ресурси и активно да придонесувам во улогата преку мотивација на вработените, управување со перфоранс и промени и следење на организациските цели.
Мојата улога како ментор за граѓански организации и граѓански сојузи е додадена вредност на мојата стручност во областа на развој на капацитетите на вработените и обезбедување поддршка за организациски развој.

2. Кои се твоите достигнувања во однос на младинска политика, младински активизам, младинско организирање и друго?

Елена: Со оглед на моето долгогодишно работно искуство, јас својот придонес во ова поле го имам обезбедено во секоја функција и организација каде што работев во изминатите години. Како Офицер за заштита на детските права во кризна ситуација во УНИЦЕФ, креирав тренинг програма за работа со адолесценти и поттикнување на младински активизам. Беа обучени лица од нашите партнерски организации и институции кои работат со млади за користење на неформални методи за работа со млади и партицпативен пристап во својата директна работа со млади.
Како дел од тимот на Црвен крст на РСМ, јас подготвив целосна програма за Академија за млади обучувачи и лидери, каде што учеснициите имаа можност да се стекнат со знаење и техники за организирање на обуки и работилници за млади на различни тематски области. Процесот беше проследен со менторство и континуирана поддршка на учесниците.
Како проектен координатор, младински работник и едукатор јас активно учествував во процесите на креирање на стратегиите за млади на национално и локално ниво, нивна промоција и заложби за нивна реализација. Од аспект на младински активнизам долго време работам на поттикнување на младите да земат учество во процесите на донесување на одлуки на локално и национално ниво, преку организирање на различни едукативни семинари, обуки и кампови. Веќе подолг период обезбедувам континуирана менторска поддршка на младите за нивен личен и професионален развој.
Најважно од се ми е да имаат проактивен пристап кон предизвиците со кои се соочуваат и да превземат одговорност за промените кои сакаат да ги видат во општеството. При работа со млади е клучно да се користи партиципативен пристап и да се дава навремено фидбек и поддршка.

3. Кои се твоите амбиции за промени на ниво на НМСМ и на национално ниво во однос на младинскиот сектор?

Елена: Пред се размислувам за проширување на членството во НМСМ бидејќи нашите членки се клучни за функционирањето и промовирањето на целите на Советот. Истовремено сакам да се насочиме кон зајакнување на капацитетите на членките и обезбедување поддршка за организациски развој на различни нивоа.
Вториот сегметент е одржливост на НМСМ и Секретаријатот, како и програмските активности, преку мобилизирање на фондови и проширување на нашиот тим.
Да продолжам со заложбите на Советот за промена и подобрување на состојбата на младите во државата, преку застапување на политиките и ставовите на организацијата и како Генерален Секретар ќе придонесам кон реализација на мисијата на НМСМ и целите.
Посебно својот личен и професионален придонес можам да го дадам во повеќе сегменти од развој на младинскиот сектор, промоција на неформалното образование и креирање на политики преку кои ќе се обезбеди поддршка за младите на локално и национално ниво.

4. Елена, зошто го избра токму НМСМ?

Елена: Бидјеќи сакам државата да биде место во кое младите ќе се гледаат себеси во иднина, ќе бидат активни членови на заедницата и ќе придонесуваат кон одржливи младински политики и економски развој на секоторот. Сметам дека мисијата и целите за кои се залага НМСМ директно влијаат врз подобрување на квалитетот на животот на младите.
Предизвикот да се биде дел од НМСМ е можноста да се работи во име на организации кои долги години работат во младинскиот сектор и да се обезбеди соодветна поддршка за организацискиот развој и застапување на заеднички ставови и интереси.
Би сакала да Ви се заблагодарам за можноста да бидам дел од ова големо семејство ? и за дадената доверба.

Контакт информации:

Елена Виларова Велковска
Генерален секретар
Национален младински совет на Македонија
М: 078 311 185
Е: elena.vilarova@nms.org.mk
Профил Linkedin

Повеќе

Нами Исаки, дел од Советодавниот одбор за млади при Советот на Европа

NamiPhoto

Националниот Младински Совет на Македонија го честита изборот на Нами Исаки, извршен директор на нашата организација-членка Центар за интеркултурен дијалог (ЦИД), во Советодавниот одбор за млади при Советот на Европа, и му посакува успешен мандат.

Советодавниот одбор за млади при Советот на Европа претставува партнер од невладиниот сектор во ко-менаџмент структурата на Советот на Европа кој ги поставува стандардите и приоритетите за младинскиот сектор и дава препораки за идни приоритети, програми и буџети.

Горди сме дека младинскиот сектор во нашата држава придонесува кон развој на успешни млади луѓе кои се препознаени за својата работа и активизам на европско ниво и пошироко!

Повеќе

Андреа Угриноска назначена за претседавач на Комитет за млади при Совет на Европа

_uploads_thumbs_resize_800x420_415336

Андреа Угриноска, претседателка на Советот за човекови права на ЛДП, е избрана за претседавач на советодавниот Комитет за млади при Советот на Европа, кој е дел од институционалниот систем со управување на младинска политика на најстарата паневропска институција – заштитник на демократијата и човековите права на континентот.

– Од се срце и честитам на Андреа и и посакувам успех. Нејзиниот избор одлично се вклопува во серијалот на добри вести од НАТО, ЕУ а еве сега и од Советот на Европа. Горди сме на квалитетниот кадар кој докажува меѓународни признанија и придонесува за угледот на нашата татковина, изјави Горан Милевски, претседател на ЛДП.

– Тешко е да се остане позитивен и да се прослави овој успех во вакви тешки времиња. Сепак, чувствувам огромна чест и благодарност за можноста да влијаам на општеството во времиња кога верувам дека тоа е најмногу потребно, вели Андреа Угриноска по нејзиниот избор.

Андреа Угриноска е од Скопје, моментално живее и работи во Лондон каде претходно беше Извршна Директорка на Светската Федерација на Либерална Младина – IFLRY, чиј е полноправен член на Либерално-демократската младина. Пред заминувањето во Лондон, Андреа беше во Управниот одбор на Националниот Младински Совет на Македонија (НМСМ).

Либерално-демократска партија

Повеќе

Пуштена во употреба регионалната платформа WEB4JOBS

90432521_617262662169227_4414710679269801984_o

Со голема возбуда го најавуваме пуштањето во употреба на најголемата регионална платформа WEB4JOBS!

ШТО Е WEB4JOBS?

Web4Jobs е платформа која поврзува млади невработени лица од регионот на Западен Балкан за подобрување на нивниот степен на знаење на националниот пазар на трудот и предусловите за успешен влез на пазарот на труд. Платформата ја интегрира и промовира мобилноста на младите луѓе во Западен Балкан, како и обезбедувањето национални е-услуги на самото место. Платформата служи како регионална платформа за вработување и ќе го олесни аутсорсингот и виртуелната работа на регионално ниво.

Овој проект претставува иницијатива на регионално ниво чија цел е да се обезбеди иновативен меѓусекторски пристап и да се понудат опции за подобрување на можноста за вработување на младите од регионот на Западен Балкан. Проектот има за цел да се фокусира на изнаоѓање решение за постоечките предизвици кои произлегуваат од недоволната соработка меѓу чинителите од граѓанското општество и државните власти во земјите од Западен Балкан во политичките процеси и донесувањето на одлуки во насока на реформскиот процес кој се однесува на невработеноста на младите.

Поддршката за овој Проект е обезбедена преку Програмата за организациите на граѓанското општество и медиумите за 2016 – 2017 Консолидирање на регионалните тематски мрежи на организациите на граѓанското општество од Европската комисија. WeB4YES проектот ќе трае 36 месеци почнувајќи од јануари 2018 година.

—————-

Платформата можете да ја прегледате ТУКА!

Повеќе

Извештај за младински работнички права во рамки на Универзалниот периодичен механизам на ООН

logo na bela pozadina

Во рамки на 32-та сесија на Универзалниот периодичен механизам на ООН (Universal Periodic Review), НМСМ заедно со Македонското здружението на млади правници и Институтот за човекови права поднесе Извештај за младински работнички права.

Извештајот ги посочува младите луѓе како носители на права и ги позиционира младите луѓе во центарот на системот на човекови права и се насочува кон дискриминацијата која младите луѓе во Република Македонија ја искусуваат на дневна основа кога се работи за вработување, волонтерство и пракса.

Во прилог можете да ги пронајдете Извештајот за младински работнички права во рамки на Универзалниот периодичен механизам и Aнексот со ратификуваните меѓународни конвенции од Македонија:

– Извештај
– Анекс

Повеќе

[Publication] ACTIVE LABOUR MARKET MEASURES FOR YOUTH EMPLOYMENT – KEY POLICY CHALLENGES IN THE WESTERN BALKANS

Capture

This publication is part of the WEB4YES project, which is a regional initiative aimed at providing an innovative cross-cutting approach and offering options for improving the employment opportunities of young people in the Western Balkans region. The WEB4YES project is implemented in all 6 countries of the Western Balkans, and the National Youth Council of Macedonia implements the activities for the Republic of Macedonia.

The publication ACTIVE LABOUR MARKET MEASURES FOR YOUTH EMPLOYMENT – KEY POLICY CHALLENGES IN THE WESTERN BALKANS addresses the key challenges of youth employment policies based on comparative analysis, which aims to identify areas of potential cooperation between civil society organizations and public institutions in the Western Balkans and thus contributing to the reduction of youth unemployment.

You can download the publication on this link.

Повеќе

[Публикација] МЛАДИНСКО ВРАБОТУВАЊЕ – КЛУЧНИ ПРЕДИЗВИЦИ ЗА ПОЛИТИКИТЕ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН

Vrabotuvanje

Оваа публикација е дел од проектот WEB4YES, кој претставува иницијатива на регионално ниво чија цел е да се обезбеди иновативен меѓусекторски пристап и да се понудат опции за подобрување на можноста за вработување на младите од регионот на Западен Балкан.  Проектот WEB4YES се спроведува во сите 6 земји од Западен Балкан, а Националниот младински совет на Македонија ги имплементира активностите за Р.Македонија.

Публикацијата МЛАДИНСКО ВРАБОТУВАЊЕ – КЛУЧНИ ПРЕДИЗВИЦИ ЗА ПОЛИТИКИТЕ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН се осврнува на клучните предизвици на политиките за вработување на младите засновани врз компаративната анализа, чија цел е да ги означи областите на потенцијална соработка меѓу организациите на граѓанското општество и јавните институции во Западниот Балкан и на тој начин да придонесе кон намалувањето на невработеноста на младите.

Можете да ја симнете на овој линк.

Повеќе