Uncategorized

МЛАДИХАБ – Дигитална младина

IMG_4225

По повод Меѓународниот ден на младите – 12 Август, Националниот младински совет на
Македонија со особена чест ја најавува промоцијата на проектот “МЛАДИХАБ – Дигитална
младина

MLADIHUB е новиот проект на Националниот младински совет на Македонија кој има цел развој и унапредување на дигиталните вештини кај младите од 15-29 години во размена за општокорисна работа. Во соработка со Стопанската комора за информатички и комуникациски технолгии – МАСИТ,  програмата на MLADIHUB центарот  ќе цели за премостување на јазот помеѓу потребите за дигитални вештини, јавниот сектор и потенцијалот на младите  во нашата земја.    Во зависност од нивните вештини, интереси и потреби во општините каде што живеат, младите ќе треба да учествуваат во различни општокорисни активности и со тој начин ќе се здобијат со ваучер за учество и следење на обуките. Во моментов се спроведуваат два  вида на истражувања меѓу кои  истражувањето за барањата на пазарот за дигитални вештини и врз основа на добиените податоци ќе се дизајнираат и програмите од страна на НМСМ и МАСИТ. Од друга страна пак,  од податоците добиени од  истражувањето  за потребите за општокорисна работа ќе се разгледаат можностите за спроведување на програма   каде младите ќе можат да учествуваат во активности за позитивен придонес во општеството.

Повеќе детали и информации околу програмата, времетрањето на обуките и начинот на аплицирање ќе бидат објавени наскоро на сите канали за комуникација на НМСМ и MLADIHUB.

Овој проект е подржан од Британската амбасада во Скопје и Фондот за добро владеење УКАИД,  имплементиран од стана на НМСМ и МАСИТ со поддршка на Претседателот на Република Северна Македонија.

Повеќе

EXTENDED CALL FOR NOMINATIONS (CfN) # CEP-YCEA-03 YOUTH CIVIC ENGAGEMENT AWARD

YCEA Promo 02

Send your nomination no later than May 10, 2019!

USAID’s Civic Engagement Project (CEP) invites individuals, organizations, institutions, media,   businesses and members of the community to nominate one or more people or organizations from one of the following categories: individual young men and women, informal youth groups, and youth civil society organizations (CSOs) to be considered for CEP’s Annual Youth Civic Engagement Award (YCEA).    

CEP is a five-year USAID-funded program that works to achieve two objectives: (1) strengthen constructive engagement by CSOs on policies and issues of public concern; and (2) increase and sustain youth engagement in public life in North Macedonia. CEP is implemented by East West Management Institute, Inc. (EWMI), in partnership with four local CSOs: Metamorphosis, Foundation for Internet and Society (Metamorphosis), the Association for Democratic Initiatives (ADI), the Foundation Open Society – Macedonia (FOSM), and the National Youth Council of Macedonia (NYCM). NYCM manages the YCEA. For more information about NYCM, please, visit http://www.nms.org.mk

  • ABOUT THE AWARD  

CEP will award up to four Youth Civic Engagement Award (YCEA) to successful young men and women (aged 18 – 29), informal youth groups (consisting of at least three members), and youth CSOs that have demonstrated exemplary commitment to improving the life of their community or that of the society at large by undertaking actions that address issues of public concern at any level in North Macedonia. YCEA will be awarded for actions that the nominees have undertaken during January – December 2018.

YCEA will recognize initiatives by young men and women, informal youth groups, and youth CSOs that have demonstrated: a clear vision for improvements at the community, regional, or national level that are systemic and sustainable in addressing a priority societal and/or community concern; exceptional creativity, innovation, and leadership in defining and addressing issues of public concern; and have brought about tangible results in improving the community or society’s wellbeing due to the nominee’s actions.

Read and/or download the full call here: Call for Nominations (CfN) CEP-YCEA-03

Download the Nomination Form here: Nomination Form (CfN) CEP-YCEA-03

Повеќе

Продолжување на повик за номинирање на Претседател на Национален младински совет на Македонијa

logo na bela pozadina

Рок: 21 април 2019 година | 23:59 часот

Во пресрет на редовното годишно Собрание, Национален младински совет на Македонија отвара повик за номинирање на Претседател. Национален младински совет на Македонија (НМСМ) ги повикува сите заинтересирани членови на организациите членки на НМСМ да се пријават и да бидат дел од раководството на НМСМ.

Секој номиниран кандидат ќе има можност да ја претстави својата номинација за време на Генералното собрание. Изборот ќе се врши по пат на тајно гласање од страна на полноправните членки на НМСМ на Генералното собрание.

Според Статутот на НМСМ Претседателот e претставен преку:

Член 50

Претседателот е  самостоен орган кој го застапува и претставува НМСМ, а за својата работа одговара пред Собранието на НМСМ.

Претседателот на НМСМ е член на Управниот одбор по функција и раководи со неговото работење.

Претседателот на НМСМ се избира со мандат во времетраење од две години, со можност за еден реизбор.

Претседателот го избира Собранието на НМСМ со мнозинство гласови од вкупниот број гласови на Собранието.

Доколку ниту еден од кандидатите не го освои мнозинството од став 4, се организира втор круг на гласање во кој учествуваат прворангираниот и второрангираниот кандидат според бројот на гласови.

Во вториот круг за избран ќе се смета оној кандидат кој освоил мнозинство гласови од гласовите претставени на Собранието, но не помалку од 1/3 од вкупниот број гласови.

Доколку на изборите е кандидиран само еден кандидат, истиот ќе се смета за избран доколку  освои мнозинство гласови од гласовите претставени на Собранието, но не помалку од 1/3 од вкупниот број гласови.

Член 51

Претседателот се грижи работата на НМСМ да биде во согласност со Уставот, законските и подзаконските прописи, како и во согласност со Статутот и другите акти на НМСМ, и се грижи за спроведување на одлуките на органите на НМСМ.

Претседателот на НМСМ е овластен да презема дејствија во врска со сите тековни активности на НМСМ, со исклучок на донесување одлуки и преземање на дејствија кои се во надлежност на Собранието и Управниот одбор.

Според член 52 од Статутот на НМСМ, Претседателот ги има следниве надлежности:

– Претседава со седниците на Собранието и Управниот одбор на НМСМ;

– Ја следи работата и врши координација на извршните и оперативните органи и тела на НМСМ во врска со утврдените активности и се грижи за редовно вршење на работите кои се извршуваат во рамките на НМСМ;

– Одговорен е за спроведување на одлуките на Собранието и Управниот одбор на НМСМ;

– Врз основа на одлука на Управниот одбор отвора и затвора банкарски сметки на НМСМ;

– Го преставува НМСМ на повик, или по лична иницијатива на настаните, манифестациите, состаноците и собирите кои ги организира НМСМ, неговите членови, други меѓународни и национални организации, органите на државата, единиците на локалната самоуправа и останатите органи и организации, доколку е тоа во согласност со целите на НМСМ, а по претходна консултација со УО;

– Поднесува извештај за работата на НМСМ во мандатниот период;

– Се грижи за усогласеноста на финансиско-материјалното работење на НМСМ со законските прописи;

– Врши други работи во согласност со закон, овој Статут, интерните акти на НМСМ и актите на Собранието.

Сите организации членки имаат право на номинација за еден член од својата организација.  

Пријавувањето се врши со:

Номинираното лице мора да биде на возраст од 18-35 години. Пријавите треба да се испратат на електронската адреса на НМСМ, applications@nms.org.mk најдоцна до  21 април 2019 година, 23:59 часот со назнаката: „Номинација за Претседател на НМСМ“

За повеќе информации посетете ја канцеларијата на Национален младински совет на Македонија лоцирана на ул. Аминта Трети 29/1-3, Скопје, обратете се на електронската адреса на НМСМ, info@nms.org.mk  или на телефон 078 350 531.

Повеќе

Отворен повик за номинирање на членови на Надзорен одбор на Национален младински совет на Македонија

logo na bela pozadina

Рок: 5 април 2019 | 23:59 часот

Во пресрет на редовното годишно Собрание, Национален младински совет на Македонија отвара повик за номинирање на членови на Надзорен одбор. Национален младински совет на Македонија (НМСМ) ги повикува сите заинтересирани членови на организациите членки на НМСМ да се пријават и да бидат дел од надзорното тело на НМСМ кое ќе има за задача да врши надзор над работењето на органите и телата на НМСМ.

Секој номиниран кандидат ќе има можност да ја претстави својата номинација за време на Генералното собрание. Изборот ќе се врши по пат на тајно гласање од страна на полноправните членки на НМСМ на Генералното собрание.

Според Статутот на НМСМ Надзорниот одбор e претставен преку:

Член 54

Надзор над работењето на органите и телата на НМСМ врши Надзорниот одбор.

Надзорниот одбор е самостоен орган на НМСМ, составен од пет  членови.

Членовите на Надзорниот одбор ги избира Собранието на НМСМ, со мандат во времетраење од 2 години.

Изборот на членовите на Надзорниот одбор се спроведува врз основа на кандидатска листа на која под редни броеви по азбучен ред се наведени имињата на сите предложени кандидати.

Секој член на Собранието има право да гласа за најмногу тројца кандидати од листата.

За избрани ќе се сметаат оние кандидати кои добиле најголем број гласови, но не помалку од 1/3 од вкупниот број гласови на Собранието.

Доколку во конкуренција за освојување на последното место во Надзорниот одбор повеќе кандидати имаат еднаков број гласови, гласањето за овие кандидати се повторува се додека еден од нив не добие поголем број гласови од останатите.

Според член 56 од Статутот на НМСМ, Надзорниот одбор ги има следниве надлежности:

Надзорниот одбор врши контрола над целокупното работење на органите и телата на НМСМ, а особено контрола над материјално-финансиското работење.

Надзорниот одбор ги има следните надлежности:

  • Може да донесе деловник за работа заради подетално уредување на неговото работење и поефикасно остварување на неговите надлежности;
  • Го следи спроведувањето на Статутот и Програмата за работа на НМСМ;
  • Го следи начинот на работа на органите и телата на НМСМ;
  • Ја разгледува целокупната документација на организацијата, а особено документацијата од областа на материјално-финансиското работење и
  • Врши други работи утврдени со овој Статут, интерните акти на НМСМ, како и актите и одлуките на Собранието.

Надзорниот одбор се состанува по потреба, а најмалку два пати во текот на една календарска година.   

Надзорниот одбор еднаш годишно до Собранието поднесува извештај за својата работа, кој задолжително содржи извештај за спроведената контрола и надзор над финансиското и сметководствено работење.

Сите организации членки имаат право на номинација за еден член од својата организација.  

Пријавувањето се врши со:

Номинираното лице мора да биде на возраст од 18-35 години. Пријавите треба да се испратат на електронската адреса на НМСМ, applications@nms.org.mk  најдоца до  5 април 2019 год. 23:59 часот,  со назнака: „Номинација за член на Надзорен одбор на НМСМ“.

 

За повеќе информации посетете ја канцеларијата на Национален младински совет на Македонија лоцирана на ул. Аминта Трети 29/1-3, Скопје, обратете се на електронската адреса на НМСМ info@nms.org.mk или на телефонскиот број +38978 350 531.

Повеќе

ПОВИК за приклучување на организации кон Национален младински совет на Македонија

cover-1 povik

Сакате да станете членка на НМСМ и се прашувате како?

Токму за вас отворивме нов повик и ги очекуваме апликациите во пресрет на Генералното собрание на НМСМ во мај!

На кого се однесува?

  • Младински организации,
  • Организации за млади,
  • Сојузи,
  • Подмладоци на други организации.

 

Дел од придобивките на членувањето во НМСМ се…

  • Соработка и заедничко делување со организации од целата држава за подобри услови за младите,
  • Вмрежување и партнерство со организации кои имаат ист или сличен делокруг на работа,
  • Учество во процеси при креирање на соодветни политики кои овозможуваат социјален и личен развој на младите,
  • Можност за застапување и делување во името на интересите на младите и младинските организации преку соработка со институциите,
  • Развој на капацитетите преку зајакнување и промоција на улогата на младинските организации пред институциите и засегнатите страни,
  • Информации и известувања за можностите и проектите кои ги нудат останатите организации,
  • Промовирање на вашите активности, настани и ресурси преку платформата Млади.мк

Како да аплицирате? 

На applications@nms.org.mk испратете ни ги скенирани документите заедно со пополнетиот образец за прием во членство најдоцна до 13 Март 2019, до 23:59 часот.

  1. Пополнет образец – барање за прием во членство;
  2. Статут;
  3. Тековна состојба (не постара од шест месеци);
  4. Организациска шема;
  5. Годишни наративни и финансиски извештаи за последните две години; (годишни финансиски и наративни извештаи за 2016 и 2017 година. 10 дена пред Собрание ќе треба да се достават и годишните финансиски и наративен извештај за 2018 година. Сите оние коишто нема да го достават финансискиот и наративниот извештај за 2018 десет дена пред пролетното Собрание, нивните апликации нема да бидат разгледани на пролетното Собрание.)
  6. Доказ за свикување на седница на Генерално собрание или друг највисок орган на управување;
  1. Одлука за членување во НМСМ од тело овластено да ја донесе таа одлука согласно Статутот и внатрешните акти на подносителот;
  1. Програма за работа според која организацијата ќе ги реализира своите активности во наредниот период, од најмалку 6 месеци.

Потоа нашиот тим ќе дојде на посета кај вас да се запознаеме и да ни кажете повеќе за вашата организација. А одлуката за членство ја донесува Собранието на НМСМ каде што ќе бидете поканети да ја претставите вашата работа на Генералното собрание во мај.

Во продолжение може да ги прочитате критериумите за полноправно и придружно членство, кои се наоѓаат од член 15 до член 24 од Статутот на НМСМ.

 

КРИТЕРИУМИ ЗА ПОЛНОПРАВНО ЧЛЕНСТВО

Сојузи

Член 15

За да се стекнат со статус полноправни членки, организациите категоризирани како Сојузи потребно е да ги исполнуваат следните критериуми:

  1. Искуство со работа со млади и застапување на интересите на младите од најмалку 3 години;
  1. Да бидат регистрирани како Сојуз во смисла на одредбите од Законот за здруженија и фондации или други закони за здружување;
  1. Во структурата на собранието или извршниот орган да бидат присутни млади лица;
  2. Младите да се стратешки приоритет дефиниран во мисијата и во Статутот на организацијата;
  1. Годишно да реализираат најмалку 10 активности, со вкупен годишен опфат од најмалку 300 млади лица кои се корисници на активностите;
  1. Буџетот на организација за последната година, според годишната завршна сметка, да изнесува најмалку 123.000 денари;
  1. Да не се членови на организација која е член на НМСМ;
  2. Да имаат ажурирана интернет страница или друга онлајн платформа за комуникација со јавноста.

Младински организации

Член 16

За да се стекнат со статус полноправни членки, организациите категоризирани како Младински организации потребно е да ги исполнуваат следните критериуми:

  1. Искуство со работа со млади и застапување на интересите на младите од најмалку 3 години;
  1. Две третини од структурата на собранието или извршниот орган да бидат составени од млади лица;
  1. Да работат според принципот „од млади за млади”;
  2. Целта, статутот и активностите на организацијата да бидат поврзани со работа со млади;
  1. Годишно да реализираат најмалку 10 активности, со вкупен годишен опфат од најмалку 300 млади лица кои се корисници на активностите;
  1. Буџетот на организација за последната година, според годишната завршна сметка, односно годишниот финансиски извештај, да изнесува најмалку 123.000 денари;
  1. Да не се членови на организација која е член на НМСМ;
  2. Да имаат ажурирана интернет страница или друга онлајн платформа за комуникација со јавноста.

Член 17

Доколку организацијата престане да ги исполнува критериумите за полноправно членство во НМСМ како Младинска организација во смисла на став 3 од член 16 од овој Статут, а ги исполнува критериумите за членство како Организација за млади, Генералното собрание на почетокот на првата наредна седница ќе констатира соодветна категоризација на организацијата како Организација за млади.

Организации за млади

Член 18

За да се стекнат со статус полноправни членки, организациите категоризирани како Организации за млади потребно е да ги исполнуваат следните критериуми:

  1. Искуство со работа со млади и застапување на интересите на младите од најмалку 3 години;
  1. Во структурата на собранието или извршниот орган да бидат присутни млади лица;
  2. Младите да се стратешки приоритет дефиниран во мисијата и во статутот на организацијата;
  1. Годишно да реализираат најмалку 10 активности, со вкупен годишен опфат од најмалку 300 млади лица кои се корисници на активностите;
  1. Буџетот на организација за последната година, според годишната завршна сметка, да изнесува најмалку 123.000 денари;
  1. Да не се членови на организација која е член на НМСМ;
  2. Да имаат ажурирана интернет страница или друга онлајн платформа за комуникација со јавноста.

Подмладоци на други организации

Член 19

За да се стекнат со статус полноправни членки, организациите категоризирани како Подмладоци на други организации потребно е да ги исполнуваат следните критериуми:

  1. Во статутот на организацијата да бидат интегрирани како составен дел на организацијата чиј подмладок се;
  2. Искуство со работа со млади и застапување на интересите на младите најмалку 3 години;
  3. Во структурата на раководството/извршниот орган да бидат присутни млади лица;
  4. Годишно да реализираат најмалку 10 активности, со вкупен годишен опфат од најмалку 300 млади лица кои се корисници на активностите;
  1. Да не се членови на организација која е член на НМСМ;
  2. Да имаат ажурирана интернет страница или друга онлајн платформа за комуникација со јавноста.

Член 20

Прекатегоризација од полноправна во придружна членка

Доколку организација членка на НМСМ престане да ги исполнува критериумите за полноправно членство во НМСМ , Генералното собрание на почетокот на првата наредна седница ќе констатира соодветна категоризација на организацијата како придружна членка, под услов организацијата да ги исполнува критериумите за придружно членство во смисла на одредбите од овој Статут.

ПРИДРУЖНО ЧЛЕНСТВО

Сојузи

Член 21

За да се стекнат со статус придружни членки, организациите категоризирани како Сојузи потребно е да ги исполнуваат следните критериуми:

  1. Искуство со работа со млади и застапување на интересите на младите најмалку 2 години;
  2. Да бидат регистрирани како Сојуз во смисла на одредбите од Законот за здруженија и фондации или други закони за здружување;
  1. Во структурата на собранието или извршниот орган да бидат присутни млади лица;
  2. Младите да се стратешки приоритет дефиниран во мисијата и во статутот на организацијата;
  1. Годишно да реализираат најмалку 10 активности, со вкупен годишен опфат од најмалку 200 млади лица кои се корисници на активностите;
  1. Буџетот на организацијата за последната година, според годишната завршна сметка, да изнесува најмалку 61.500 денари;
  1. Да не се членови на организација која е член на НМСМ;
  2. Да имаат ажурирана интернет страница или друга онлајн платформа за комуникација со јавноста.

Младински организации

Член 22

За да се стекнат со статус придружни членки, организациите категоризирани како Младински организации потребно е да ги исполнуваат следните критериуми:

  1. Искуство со работа со млади и застапување на интересите на младите најмалку 2 години;
  2. Две третини од структурата на собранието или извршниот орган да бидат составени од млади лица;
  1. Да работат според принципот „млади за млади“;
  2. Целта, статутот и активностите на организацијата да бидат поврзани со работа со млади;
  3. Годишно да реализираат најмалку 10 активности, со вкупен годишен опфат од најмалку 200 млади лица кои се корисници на активностите;
  1. Буџетот на организацијата за последната година, според годишната завршна сметка, да изнесува најмалку 61.500 денари;
  1. Да не се членови на организација која е член на НМСМ;
  2. Да имаат ажурирана интернет страница или друга онлајн платформа за комуникација со јавноста.

Организации за млади

Член 23

За да се стекнат со статус придружни членки, организациите категоризирани како

Организации за млади потребно е да ги исполнуваат следните критериуми:

  1. Искуство со работа со млади и застапување на интересите на младите најмалку 2 години;
  2. Во структурата на собранието или извршниот орган да бидат присутни млади лица;
  3. Младите да се стратешки приоритет дефиниран во мисијата и во статутот на организацијата;
  1. Годишно да реализираат најмалку 10 активности, со вкупен годишен опфат од најмалку 200 млади лица кои се корисници на активностите;
  1. Буџетот на организацијата за последната година, според годишната завршна сметка, да изнесува најмалку 61.500 денари;
  1. Да не се членови на организација која е член на НМСМ;
  2. Да имаат ажурирана интернет страница или друга онлајн платформа за комуникација со јавноста.

Подмладоци на други организации

Член 24

За да се стекнат со статус придружни членки, организациите категоризирани како Подмладоци на други организации потребно е да ги исполнуваат следните критериуми:

  1. Во статутот на организацијата да бидат интегрирани како составен дел на организацијата чиј подмладок се;
  1. Искуство со работа со млади и застапување на интересите на младите најмалку 2 години;
  2. Во структурата на раководството/одборот да бидат присутни млади лица;
  3. Годишно да реализираат најмалку 10 активности, со вкупен годишен опфат од најмалку 200 млади лица кои се корисници на активностите;
  1. Да не се членови на организација која е член на НМСМ;
  2. Да имаат ажурирана интернет страница или друга онлајн платформа за комуникација со јавноста.

За дополнителни прашања обратете се на info@nms.org.mk или на 078 350 531.

Ја очекуваме вашата апликација!

Повеќе

[Publication] ACTIVE LABOUR MARKET MEASURES FOR YOUTH EMPLOYMENT – KEY POLICY CHALLENGES IN THE WESTERN BALKANS

Capture

This publication is part of the WEB4YES project, which is a regional initiative aimed at providing an innovative cross-cutting approach and offering options for improving the employment opportunities of young people in the Western Balkans region. The WEB4YES project is implemented in all 6 countries of the Western Balkans, and the National Youth Council of Macedonia implements the activities for the Republic of Macedonia.

The publication ACTIVE LABOUR MARKET MEASURES FOR YOUTH EMPLOYMENT – KEY POLICY CHALLENGES IN THE WESTERN BALKANS addresses the key challenges of youth employment policies based on comparative analysis, which aims to identify areas of potential cooperation between civil society organizations and public institutions in the Western Balkans and thus contributing to the reduction of youth unemployment.

You can download the publication on this link.

Повеќе

СЕММ уважи седум жалби за неетичко новинарство иницирано од средношколци

Советот за етика во медиумите во Македонија утврди дека Кодексот на новинари е прекршен по различни основи, при што е утврдено дезинформирање на јавноста, пристрасност во информирањето, непотврдени податоци или сензационалистички наслови по однос на седумте жалби поднесени од Радио МОФ и група средношколци.

Жалбите беа испратени во текот на трите обуки со средношколци од Скопје, Велес и Тетово на кои предаваа новинари од Радио МОФ. Една од активностите беше учесниците да пронајдат текстови кои сметаат дека се неетички и не ги запазуваат професионалните новинарски стардарди. Сите седум поднесени претставки, за седум различни објавени теми од медиуми, СЕММ ги уважи како „основани“.

Одговорите на претставките може да се видат на сајтот на СЕММ/ОДЛУКИ.

Средношколците учествуваа на овие обуки како дел од проектот „Младинска медиумска писменост“ што го спроведуваат Радио МОФ и Националниот младински совет на Македонија (НМСМ), како членови на Коалицијата за медиумска писменост.

Повеќе

[Видео] #НеЕВест: Медиумска писменост со Зоран Јованоски

„Размислувај со своја глава, немој само да ги голташ информациите“,порачува тетовскиот новинар Зоран Јованоски од емисијата „360 степени“. Тој беше гостин на обуката за медиумска писменост која се одржа во Тетово на 23-24 септември. На учесниците им објасни како тие секојдневно може да препознаваат лажни вести и на какви медиуми може да им веруваат.

Повеќе

Повик за Генерален секретар на НМСМ

Согласно член од 58 и 60 од Статутот на Националниот младински совет на Македонија,
Управниот одбор на Национален младински совет на Македонија донесе одлука за
распишување на:

ОГЛАС

ЗА ИЗБОР НА ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР НА НАЦИОНАЛНИОТ МЛАДИНСКИ СОВЕТ НА

МАКЕДОНИЈА

Рок и начин на пријавување

Сите заинтересирани кандидати треба да ги достават следниве документи:

– Кратка биографија;
– Мотивациско писмо;

Сите кандидатури треба да пристигнат по електронска пошта на следната адреса:

applications@nms.org.mk

со назнака: Пријава за Генерален секретар на НМСМ

Рокот за поднесување на сите кандидатури е 29 септември 2017 година (петок), до 12:00

часот.

Главни задачи на позицијата Генерален секретар:
1. Раководење со Извршната канцеларија на НМСМ;
2. Претставување и застапување на НМСМ;
3. Спроведување на политиките на НМСМ, во насока на остварување на мисијата и визијата.
Задачи и одговорности на Генералниот секретар:
– Го претставува и го застапува НМСМ во правниот промет и кон трети лица;
– Раководи со средствата на НМСМ согласно на можностите и потребите и во согласност
со позитивните законски прописи и со внатрешните правилници и регулативи на
НМСМ;
– Ја спроведува политиката, заклучоците и одлуките донесени од Управниот одбор или
Собранието;
– Соработува со членовите на Управниот одбор за прашања во врска со реализацијата
на програмата, одлуките и останатите акти на органите на НМСМ и други прашања од
областа на тековното работење на НМСМ;
– Ги определува работните тимови кои ќе ги подготвуваат и спроведуваат проектите и
програмите на НМСМ и го следи нивното спроведување;
– Ја предлага на Управниот одбор организациската структура на извршната
канцеларија/Секретаријатот;
– Ја одредува и спроведува политиката за човечки ресурси на извршната канцеларија,
како и политиката на мотивација и санкционирање;
– Одговорен/на е за изготвување и поднесување на годишниот програмски извештај до
управниот одбор на НМСМ. Одговорен е за поднесување на финансискиот извештај до
управниот одбор на НМСМ, кој го подготвува финасискиот раководител во НМСМ;
– Го координира процесот на прибирање на финансиски средства за НМСМ;
– Раководи со процесот на изработка на Стратешки, годишен и акциони планови на
организацијата во соработка со Управниот одбор;
– Одговорен/на е за спроведување на Стратешкиот план и Годишната програма на
НМСМ;
– Го координира изготвувањето на проектните, програмските буџети и единствениот
организациски буџет, финансиските извештаи до донаторите;
– Ги одобрува пресметките за исплата на плати на вработените и води сметка за
навремено исполнување на сите законски обврски поврзани со административно
финансиското работење;
– Го раководи институционалниот развој и јакнењето на капацитетите на персоналот на
НМСМ во соработка со Управниот одбор;
– Ја координира работата на Координаторите и останатите членови на Секретаријатот;
– При вработувања во НМСМ, дава предлог за кандидат до Управниот одбор на НМСМ;
– Во договор со Управниот одбор извршува и други задачи и презема одговорности кои
се во рамки на позицијата и предвидени со Статутот и правилниците на НМСМ.

Потребни знаења и вештини на кандидатите за Генерален Секретар
Квалификации:
● Високо образование (неопходно);
● Минимум 5 години соодветно работно искуство (неопходно);
● Пост-дипломски студии во релевантна сфера (пожелно).

Специфични знаења и искуства поврзани со соодветната позиција:
● Финансиско раководење (неопходно);
● Менаџмент на човечки ресурси (неопходно);
● Програмски и проектен менаџмент на долгорочни проекти финансисирани од
меѓународни донатори (неопходно);
● Познавање на англиски јазик (неопходно);
● 5 години соодветно работно искуство во мрежни типови на организации (неопходно);
● Познавање на релевантна законска регулатива (пожелно);
● Познавање на организациски менаџмент и институционален развој (пожелно).

Лични карактеристики и вештини
– Лидерски вештини (неопходно);
– Професионалност и посветеност (неопходно);
– Комуникациски вештини (неопходно);
– Работа под стрес и со куси временски рокови (неопходно);
– Транспарентност (неопходно);
– Тимска работа (неопходно);
– Лојалност кон организацијата и нејзините цели (неопходно);
– Презентирачки вештини (пожелно);
– Преговарачки вештини (пожелно);
– Посветеност кон вклучување на целните групи (пожелно).

Услови за работа:
Позицијата е со полно работно време (40 часа неделно), повремена работа за викенди и
вклучува патување.
Мандатот на Генералниот секретар е 3 години со можност за реизбор.

Начин на селекција:
Кандидатите кои ќе бидат пред-селектирани, ќе бидат поканети на разговор со Управниот
одбор на НМСМ. Се очекува селектираното лице да започне со работа веднаш по донесената
одлука на Управниот одбор на НМСМ.

Рокот за поднесување на кандидатури е 29 септември 2017 година (петок), до 12:00
часот.Сите кандидатури треба да пристигнат по електронска пошта на следната адреса:
applications@nms.org.mk.

Само пред-селектираните кандитати ќе бидат известени за резултатите.

Повеќе

Преку остварување на средба со директорот Каевски, НМСМ започна со градење на трајна соработка со Агенцијата за млади и спорт на Македонија

Важноста од воспоставување на трајна соработка помеѓу АМС и НМСМ, како и зголемување на транспарентноста и отвореноста на Агенцијата, е главниот заклучок од денешната средба помеѓу НМСМ и АМС.

Во просториите на Агенција за млади и спорт, 14 претставници на НМСМ, од Управен одбор, Секретарјат и организации членки на НМСМ остварија средба со новиот директор на Агенцијата, Дарко Каевски, на која се дискутираа приоритетните младински прашања и актуелни процеси поврзани со младите.

Како прва точка на состанокот се дискутираше процесот за избор на младински претставник во Управниот одбор на Регионалната канцеларија за младинска соработка. Господинот Каевски напомена дека е отпочнат процес за ревизија на целокупната документација поврзана со процесот за избор на младински претставник, кој го спроведе Агенцијата за млади и спорт изминатата година и ги покани присутните активно да се вклучат во процесот за да се се испитаат сомнежите кои ги нотираа членовите на работната група за време на ланскиот процес за избор на младински претставник.

Вклучување на НМСМ во креирањето на младински политики и работењето на Агенцијата за млади и спорт беше уште една точка на разговор. Па така, се истакна значењето на националниот младински совет на Македонија за секторот млади во склоп на Агенцијата и можноста НМСМ активно и директно да биде вклучен во неговата работа. Дополнително, претставниците на НМСМ присутни на средбата, ја нагласија и важноста од ревизија на Националната стратегија за млади, како единствен документ кој директно ги опфаќа младинските прашања и приоритети, согласно забелешките на младинските организации, наведени при нејзиното изготвување и усвојување, како и креирање на јасен акциски план, буџет и индикатори за мерење на нејзиното остварување.

Признавањето на НМСМ како претставничко тело на младите од Македонија исто така беше прашање кое претставниците на НМСМ го потенцираа како важно за дискусија. Директорот на АМС наведе дека во НМСМ гледа како на партнер во креирањето на младинските политики во земјава и дека во периодот кој следува ќе се работи на зајакнување на соработката и градење механизми во таа насока, согласно препораките дадени во неколку наврати од Европскиот парламент. Во оваа насока, беа договорени редовни месечни средби помеѓу АМС и НМСМ каде ќе се дискутира за заеднички проекти и процеси со кои ќе се одговори на младинските предизвици во земјава.

По големиот број обиди на НМСМ за остварување соработка со АМС во изминатите години, денешната средба е само прв чекор кон градење на силно партнерство помеѓу Националниот младински совет на Македонија, како најголемо претставничко тело на младите и Агенцијата за млади и спорт, како најрелевантна институција за младинските прашања. Соработката помеѓу овие две тела и заедничките напори за надминување на предизвиците со кои се соочуваат младите од Македонија се круцијални за целокупниот развој на општеството, а особено за подобрување на положбата на младите.

Повеќе