Честитка по повод 8 април, Меѓународниот ден на ромите

Flag_of_the_Romani_people

Почитувани,

Во името на целото раководство и членство на Национален младински совет на Македонија го честитам 8 април – Меѓународниот ден на ромите. Почитувани,мултикултурализмот и  еднаквоста треба да бидат најважен приоритет во нашето секојдневно делување. Заедничката битка за унапредување на правата на ромите е наш заеднички предизвик.

НМСМ ги застапува интересите и потребите на сите млади луѓе во државава, заеднички ќе се залагаме за сузбивање на стереотипите и предрасудите кон ромската заедница.  Да продолжиме да делуваме во градењето на еднакво општество за сите млади, општество во кое младите ќе имаат еднаков третман, еднакви можности и подобар стандард.

Со почит
Бојан Петровски
Претседател на Национален младински совет на Македонија

Leave a comment