Приклучете се

ПРИКЛУЧЕТЕ СЕ

Да се биде дел од македонското семејство на младински организации значи да се биде дел од Национален младински совет на Македонија кој автентичниот глас на младите организирано и артикулирано го пренесува до креаторите на политики и носителите на одлуки. Да се биде дел од Национален младински совет на Македонија значи:

  • Здружено делување за подобрување на стандардот на живеење на младите во Македонија;
  • Јакнење на капацитетите на организациите членки;
  • Поддршка во развојот на организациите членки преку ресурсите со кои располага Советот;
  • Искористување на тренинг центарот на Советот.

Преземи ја Апликацијата за членство во Националниот младински совет

Организацијата која аплицира за членство во НМСМ, потребно е да ја достави следната документација:

1.       Пополнет образец – апликација за членство;
2.       Статут;
3.       Тековна состојба (не постара од шест месеци);
4.       Организациска шема;
5.       Годишни наративни и финансиски извештаи за последните две години;
6.       Доказ за свикување на седница на Генерално собрание или друг највисок орган на управување;
7.       Одлука за членување во НМСМ од тело овластено да ја донесе таа одлука согласно Статутот и внатрешните акти на подносителот;
8.       Програма за работа според која организацијата ќе ги реализира своите активности во наредниот период, од најмалку шест месеци.

 

Документите испратете ги на applications@nms.org.mk
По добивањето на апликацијата, истата ја разгледува Комисијата за членство, која поднесува извештај до Генералното собрание. Делeгатите гласаат со 2/3 мнозинство за пристапувањето на организацијата.