Како граѓанските организации да комуницираат со јавноста

Irena Hristov - Mof

„Организациите треба да сфатат дека носат улога на демократски коректив или механизам кој ќе ги потсетува властите што значи демократија. Живееме во време кога технолошкиот напредок ни овозможува многу канали на комуникација, кога веќе не зависиме директно од уредувачките политики и новинарите кои се посредници на информацијата. Имаме можност за различни акции, активности, мобилизирање и пренесување на идеите и пораките, а со тоа и директно влијание на носителите на одлуки“, вели Ирена Христов во разговор Радио МОФ.

Христов е експерт за комуникации и односи со јавност. Таа беше еден од предавачите на обуката за комуникација со јавност за граѓански организации што се одржуваше на 12-13 декември.

Во аудио подкастот зборува за тоа што е примарно за организациите кога се обраќаат до јавноста и зошто се важни клучните пораки. Исто така, како организациите да станат влијателен глас за носење и менување политики, а со тоа да ги подобруваат и состојбите во општеството.

Подкатсот е дел од проектот за „Младинска медиумска писменост“ на Радио МОФ и Националниот младински совет на Македонија, кој е во рамки на Коалицијата за медиумска писменост што ја спроведува Високата школа за новинарство и односи со јавност во партнерство со „Нова Македонија“ и Институтот за различности во медиумите од Лондон.

Leave a comment