Кризна комуникација – што претставува и како да се надмине

kriznakom

Живееме во општество во кое сите нивоа на невладиниот сектор се подложни на кризи кои може да му наштетат. Но, како умешно да се реагира и каков стратешки пристап треба да имаат граѓанските организации за полесно да комуницираат со јавноста?

На овие и на уште неколку прашања во студиото на Радио МОФ разговаравме со Јелена Јаневска, експерт за комуникации и односи со јавност. Таа беше еден од предавачите на обуката за комуникација со јавност за граѓански организации што се одржуваше на 12-13 декември.

Подкастот беше дел од проектот за „Младинска медиумска писменост“ на Радио МОФ и Националниот младински совет на Македонија, кој е во рамки на Коалицијата за медиумска писменост што ја спроведува Високата школа за новинарство и односи со јавност во партнерство со „Нова Македонија“ и Институтот за различности во медиумите од Лондон.

 

Leave a comment