МЛАДИХАБ – Дигитална младина

IMG_4225

По повод Меѓународниот ден на младите – 12 Август, Националниот младински совет на
Македонија со особена чест ја најавува промоцијата на проектот “МЛАДИХАБ – Дигитална
младина

MLADIHUB е новиот проект на Националниот младински совет на Македонија кој има цел развој и унапредување на дигиталните вештини кај младите од 15-29 години во размена за општокорисна работа. Во соработка со Стопанската комора за информатички и комуникациски технолгии – МАСИТ,  програмата на MLADIHUB центарот  ќе цели за премостување на јазот помеѓу потребите за дигитални вештини, јавниот сектор и потенцијалот на младите  во нашата земја.    Во зависност од нивните вештини, интереси и потреби во општините каде што живеат, младите ќе треба да учествуваат во различни општокорисни активности и со тој начин ќе се здобијат со ваучер за учество и следење на обуките. Во моментов се спроведуваат два  вида на истражувања меѓу кои  истражувањето за барањата на пазарот за дигитални вештини и врз основа на добиените податоци ќе се дизајнираат и програмите од страна на НМСМ и МАСИТ. Од друга страна пак,  од податоците добиени од  истражувањето  за потребите за општокорисна работа ќе се разгледаат можностите за спроведување на програма   каде младите ќе можат да учествуваат во активности за позитивен придонес во општеството.

Повеќе детали и информации околу програмата, времетрањето на обуките и начинот на аплицирање ќе бидат објавени наскоро на сите канали за комуникација на НМСМ и MLADIHUB.

Овој проект е подржан од Британската амбасада во Скопје и Фондот за добро владеење УКАИД,  имплементиран од стана на НМСМ и МАСИТ со поддршка на Претседателот на Република Северна Македонија.

Leave a comment