#НЕЕВЕСТ: ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА РАБОТИЛНИЦИ ЗА МЕДИУМСКА ПИСМЕНОСТ

NeEvestPoster

Националниот младински совет на Македонија и Радио МОФ распишуваат повик за учесници на дводневни работилници за медиумска писменост кои ќе се одржат во три градови во Македонија.

Работилниците преку теоретска и практична работа ќе ве обучат да ги препознавате лажните вести, манипулативните содржино во медиумите, како и техниките на пропагандата. Обуките ќе ве воведат во основите на новинарството, а учесниците на работилницата ќе научат да прават разлика меѓу објективните и етички, наспроти неетичките новинарски објави. Посебен акцент ќе биде ставен на говорот на омраза. Дополнително ќе бидат обезбедени менторства за разработката на текстови, видео и аудиоприлози, подкасти, по избор на учесниците.

Обуките ќе се реализираат во Тетово (23 и 24 септември); Велес (30 септември и 1 октомври) и Скопје (7 и 8 октомври).

Обуките се дводневни [со времетраење од по 6 часа вклучувајќи и паузи]. Кандидатите за учество на обуките треба да се на возраст од 15 до 25 години и да покажуваат интерес за новинарство. Сите заинтересирани можат да се пријават најдоцна до 15 септември на овој следниот линк: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLScl3Gy_E-2ivdvdY0uabvWh8H9TaGsLeWNvGyb_D5jkmsPDDw/viewform?embedded=true. За сите дополнителни информации контактирајте не на info@radiomof.mk или на ФБ страницата на Радио МОФ.

Повикот за учество на работилниците е отворен за сите млади кои сакаат да го збогатат своето новинарско искуство и знаења, но и да се инспирираат и научат повеќе од новинарите на Радио МОФ. Обуките се наменети за млади кои сакаат да пишуваат и истражуваат. Методологијата на работа се базира врз принципот на неформално образование кое вклучува интеракција и практична работа со учесниците.

Бројот на учесници е ограничен. Обуките се бесплатни и ќе бидат спроведени на македонски јазик од страна на искусни обучувачи од Радио МОФ. При селекцијата на кандидатите ќе биде земен предвид етничкиот и родовиот баланс на групите, а приоритет ќе имаат оние учесници кои први ќе се пријават.

Работен јазик за работилниците е македонски.

Целта на проектот „Младинска медиумска писменост“ е подигнување на свесноста кај младите учесници за критичко размислување, за аналитичен пристап на информациите кои ги добиваат од медиумите и способност за евалуација на содржината.

Проектот се спроведува со помош на грант доделен преку проектот„Медиумска писменост во ера на наплив на информации: Коалиција за медиумска писменост”, што го спроведува Високата школа за новинарство и односи со јавност, а во соработка со Институтот за различности во медиумите од Лондон и весникот „Нова Македонија“ со финансиска поддршка од Европската Унија.

Leave a comment