Ние младите

НИЕ МЛАДИТЕ

Во Националната стратегија за млади 2016-2025 година, единствениот документ за млади во Република Македонија, како млади се дефинирани сите лица на возраст од 15-29 години. Ова е општествена категорија која што иднината ја носи во себе, а сегашноста ја доживува како голем предизвик за справување со особената ранливост на социоекономските промени во општеството.

Младите во Македонија најчесто се третирани како проблем наместо како огромен ресурс кој може да направи важни и позитивни политички, социјални, културни и економски промени во општеството преиспитувајќи ги неуморно воспоставените норми, вредности и политики. Исправени пред огромната стапка на младинска невработеност, декоративното младинско учество во разните општествени и политички текови, континуираното опаѓање на квалитетот на образованието, скоро и непостоечките бенефиции за здрав социјален, културен и економски развој итн. младите во Македонија бележат тренд на масовно иселување од сопствената држава.

За таа цел, најважно е сите субјекти и засегнати страни како Национален младински совет на Македонија, институциите на сите нивоа, граѓанските организации, бизнис секторот, медиумите, целата јавност, а особено младите да се заземат за подобрување на стандардот на живеење на младите во Македонија и градење на здрава и стабилна иднина, иднина со многу можности кои ветуваат сегашност без предизвикот за справување со особената ранливост на младите на социоекономските промени во општеството.