ОГЛАС ЗА АНГАЖИРАЊЕ АСИСТЕНТ ЗА ЛОГИСТИКА ВО СЕКРЕТАРИЈАТОТ НА НМСМ

Во рамки на активностите поврзани со проектното работење на НМСМ и претстојното Генерално собрание во периодот кој следи, има потреба од платен ангажман на едно лице на позиција асистент за логистика, со времетраење од еден месец.

Одговорности:
1) Асистенција при организирање на настани на НМСМ;
2) Обезбедување на сите потребни ресурси за квалитетно спроведување на активностите на НМСМ;
3) Логистичка поддршка при спроведување на проектни активности за кои е задолжен секретаријатот на НМСМ;
4) Комуникација и обезбедување информации за организациите членки на НМСМ за потребите на претстојното собрание;
5) Логистичка поддршка при подготовката и реализацијата на Годишното собрание на НМСМ;
6) Активно учество во останатите тековни активности во организација на НМСМ.

Профил на асистентот:

  • Знаења од областа на организација на настани ;
  • Одлични комуникациски вештини;
  • Познавање на работата на НМСМ, како и на граѓанскиот сектор во Р.Македонија;
  • Одлично познавање на македонски и англиски јазик, познавање на албански јазик ќе се смета за предност;
  • Способност да работи со тим, под притисок и во ограничена временска рамка;
  • Проактивност и висока исполнителност со минимален надзор;
  • Способност за работење во динамична работна средина;
  • Можност да започне со работа од првата недела на мај 2018 година.

Рок и начин на пријавување: Сите заинтересирани кандидати треба да ги достават следниве документи:
– CV;
– Мотивациско писмо

Сите апликации треба да пристигнат по електронска пошта на следната адреса: applications@nms.org.mk со назнака: „Апликација за работна позиција – асистент за логистика“.

Рокот за поднесување на апликациите е до 27.04.2018 година, 23:59 часот.

Услови за работа: Позицијата е со работно време од 40 часа неделно. Во случај на недостиг на квалификувани кандидати, НМСМ го задржува правото да ангажира лице надвор од мрежата на НМСМ.

Leave a comment