ОГЛАС ЗА АНГАЖИРАЊЕ АСИСТЕНТ ЗА ЛОГИСТИКА ВО СЕКРЕТАРИЈАТОТ НА НМСМ

NMSM logo

Во рамки на проектните активности кои ќе се реализираат во текот на месец октомври, Националниот младински совет на Македонија има потреба од платен ангажман на асистент за логистика, со времетраење од еден месец.

Одговорности:

  • Логистичка организација на активности на НМСМ;
  • Поддршка при реализација на настани во рамки на НМСМ;
  • Посета на настани и проектни активности на НМСМ, во и надвор од Скопје;
  • Редовна комуникација и координација со Генерален секретар и вработени во Секретаријатот на НМСМ;
  • Организација на патувања надвор од Скопје за потрбите на проектните активности на НМСМ;
  • Грижа за навремено и квалитетно спроведување на настани;
  • Комуникација со различни актери.

Профил на асистент за логистика:

  • Активен статус во организација членка на НМСМ;
  • Знаење и искуство во работа со организирање на настани;
  • Познавање на структурата на НМСМ;
  • Одлично познавање на говорен и пишан англиски и македонски јазик;
  • Способност за работа под притисок, работа во тим и работа во динамична работна средина;
  • Можност за работа со флексибилно работно време, работа надвор од Скопје и работа за викенд во зависност од потребите;
  • Можност да започне со работа веднаш по носење на одлука за ангажирање.

Рок и начин на аплицирање:

Сите заинтересирани треба по електронски пат да ги достават следните документи на applications@nms.org.mk најдоцна до 29 септември (петок) до 16:00 часот, со назнака „Апликација за ангажман на асистент за логистика“:

  • CV
  • Мотивациско писмо

Услови за работа:

Работната позиција е со 40 работни часа неделно, со повремено патување надвор од Скопје за посета и надзор на проектните активности на НМСМ. Селектираните кандидати ќе работат во период од 1 месец во Секретаријатот на НМСМ.
Во случај на недостиг на квалификувани кандидати, НМСМ го задржува правото да ангажира лице надвор од мрежата на НМСМ.

Leave a comment