ОГЛАС ЗА РАБОТНА ПОЗИЦИЈА ФИНАНСИСКИ И АДМИНИСТРАТИВЕН АСИСТЕНТ/КА ВО НМСМ

logo na bela pozadina

Национален младински совет на Македонија(НМСМ) има потреба од Финансиски и административен асистент/ка за ефикасно и ефективно имплементирање на активностите од Проектот на УСАИД за граѓанско учество и општи организациски активности на НМСМ.
Опис на работни задачи на Финансиски и административен асистент/ка
• Поддшка при подготовка на финансиско – административни документи од Проектот на УСАИД за Граѓанско учество;
• Следење и еведенција на буџетски трошоци на грантови;
• Следење на организациски, проектни и законски процедури за исплата на средства и вршење исплати на средства;
• Подготовка на месечни финансиско – административни извештаи;
• Архивирање на документи;
• Поддршка во подготовка на буџети и завршни сметки на НМСМ;
• Редовна координација со Менаџерот за финансии и администрација, Програмскиот менаџер и Генералниот секретар во НМСМ.
Потребни знаења и вештини на кандидатите:
• Искуство во работа на финасиски и административни позиции;
• Искуство во подготовка на финансиско- административни извештаи за невладини организации;
• Одлично познавање на Microsoft Office алатките, особено на Microsoft Excel;
• Искуство во работа со финансиски софвери (QuickBooks) ќе се смета за предност;
• Познавање на административно – техничките процедури на меѓународните донатори (УСАИД, Европска Комисија, Швајцарска Амбасада или ФООМ) ќе се смета за предност;
• Одлични комуникациски вештини, со високо ниво на говорен и пишан Англиски јазик. Познавање на Албански јазик ќе се смета за предност;
• Способност да работи со тим, под притисок и во ограничена временска рамка;
• Способност за непречена комуникација со организации, добавувачи и донатори;
• Познавање на работата на НМСМ, како и на граѓанскиот сектор во Р. Македонија;
• Членување во организација членка на НМСМ ќе се смета за предност;
• Проактивност и висока исполнителност со минимален надзор;
• Можност да работи за време на викенди (по потреба).
Услови за работа:
Позицијата е со работно време од 40 часа неделно. Селектираното лице ќе биде ангажиран со потпишување на договор за 6 месеци, со можност за продолжување.
Плата: 19,000 денари нето.
Рок и начин на пријавување:
Сите заинтересирани кандидати и кандидатки треба да ги достават следниве документи:
– Кратка биографија (CV) на македонски јазик;
– Мотивациско писмо на македонски јазик.

На електронската адреса applications@nms.org.mk со наслов/назнака [име и презиме] Апликација за работно место – Финансиско – административен асистент во НМСМ
Рокот за поднесување на апликации е 20ти ноември 2018 година, до 17:00 часот.
Начин на селекција:
Кандидатите и кандидатките кои ќе бидат селектирани во прв круг, ќе бидат поканети на интервју во канцеларијата на НМСМ во Скопје. Се очекува селектираното лице да започне со работа од 03 декември, 2018 година.
Само кандидатите и кандидатките кои ќе бидат селектирани за интервју ќе бидат контактирани. НМСМ го задржува правото да го пролонгира конкурсот доколку смета дека истото е потребно.

Leave a comment