ОГЛАС ЗА РАБОТНА ПОЗИЦИЈА КООРДИНАТОР ЗА ЧЛЕНСТВО ВО НМСМ

logo na bela pozadina

НАЦИОНАЛЕН МЛАДИНСКИ СОВЕТ НА МАКЕДОНИЈА (НМСМ) ИМА ПОТРЕБА ОД КООРДИНАТОР ЗА ЧЛЕНСТВО ЗА ЕФИКАСНО И ЕФЕКТИВНО ИМПЛЕМЕНТИРАЊЕ НА ПРОГРАМСКИТЕ И ПРОЕКТНИТЕ АКТИВНОСТИ НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА

Опис на работни задачи за Координаторот за членство:
• Соодветно, квалитетно и навремено информирање на организациите членки од страна на сите работни тела во НМСМ;
• Поддршка во изготвување на соопштенија за настани и одредени приоритетни области за младите во координација со Управен одбор на НМСМ;
• Обезбедување поддршка на организациите членки во нивната комуникација со јавност;
• Навремена, соодветна и транспарентна комуникација на Секретаријатот со организациите членки;
• Водење и надгледување на работата на тимовите (Управен одбор, Секретаријат, Регионални координатори) за комуникација со организации членки;
• Подготовка и реализација на план за редовни периодични средби со организациите членки;
• Редовна комуникација со Комисија за членство и поддршка на нејзината работа пред одржување на Генералното собрание на НМСМ;
• Детектирање на можности за членство на други потенцијални организации и привлекување нови членови;
• Организација на отворени денови за организации (опционално);
• Координација на работата на Регионалните канцеларии на НМСМ, организирање на средби со регионалните координатори, редовна комуникација со регионалните координатори и обезбедување информации за активностите на локално ниво;
• Развивање и примена на механизми за детектирање на потребите и преференциите на организациите членки на НМСМ и проследување на истите до Управен одбор на НМСМ;
• Соодветно вклучување на организациите членки во процесите на стратешко, годишно и проектно планирање и обезбедување навремен содржински придонес од организациите членки во подготовка на плановите и проектите;
• Идентификување потреби за развој на капацитети на организациите членки, подготовка на план за градење капацитети и координација на организациите членки на НМСМ за учество во процесот на градење капацитети
• Успешно и навремено планирање, спроведување и координирање на конкретни проектни активности за кои би бил/а задолжен/а;
• Подготовка на наративни (периодични и финални извештаи) за донатори, Собрание, Генерален секретар и Управен одбор на НМСМ;
• Поддршка во подготовката на покани за настани на НМСМ во координација со членовите на секретаријатот;
• Редовна координација со Генералниот секретар, Управен одбор и останатите членови на Секретаријатот за тековни работи и обврски на Секретаријатот.

Потребни знаења и вештини за Координаторот за членство
• Да е запознаен со работата на НМСМ, како и на граѓанскиот сектор во Р.Македонија
• Познавања и претходно искуство во граѓанскиот/младинскиот сектор, посебно во водењето на мрежи/совети и/или младинска организација и младински политки во рамките на Македонија;
• Минимум две години соодветно работно искуство, пожелно четири години соодветно работно искуство во мрежни типови на организации;
• Искуство во аплицирање, имплементирање и мониторинг на проектни активности за млади;
• Познавање за процесите на градење капацитети;
• Високо развиени аналитички вештини;
• Вештини за планирање, мониторинг и евалуација;
• Одлични комуникациски вештини, комуникациска сензитивност и коректност;
• Познавање на базични практики од комуникациите со јавност со високо ниво на говорен и пишан англиски јазик;
• Напредно познавање на MS Office: Word, Excel, PowerPoint (задолжително);
• Високо ниво на говорен и пишан англиски јазик. Познавање на албански јазик ќе се смета за предност;
• Членување во организација членка на НМСМ ќе се смета за предност;
• Проактивност и висока исполнителност со минимален надзор;
• Подготвеност и способност да работи со тим, под притисок и во ограничена временска рамка;
• Способност за непречена и коректна комуникација со организации, добавувачи и донатори;
• Способност за работење во динамична работна средина;
• Можност да работи од канцеларија базирана во Скопје;
• Да има капацитет да презема и извршува обврски со строго почитување на зададените рокови и да направи приоритет на работа;
• Да има капацитет да работи со луѓе со различна социјална и културна позадина;
• Искуство во работа со различни засегнати страни во исто време (multi stakeholder approach)
• Флексибилност околу работното време и можност да работи за време на викенди;
• Можност да патува во рамките на државатa и надвор од неа за потребите на организацијата.

Услови за работа:

Позицијата е со работно време од 40 часа неделно. Селектираните кандидати ќе бидат ангажирани со потпишување на договор за 3 месеци, со можност за продолжување.

Почетната плата ќе изнесува 21.000 денари нето, со можност за зголемување во зависност од проектните ангажмани и резултатите од работата во пробниот период од 3 месеци.

Рок и начин на пријавување

Сите заинтересирани кандидати треба да ги достават следниве документи:

Кратка биографија;
– Мотивациско писмо;

Сите кандидатури треба да пристигнат по електронска пошта на следната адреса:
applications@nms.org.mk

со назнака: Пријава за Координатор за членство на НМСМ
најкасно до 19.10.2018 година, 17 часот.

Начин на селекција:

Кандидатите кои ќе бидат селектирани во прв круг, ќе бидат поканети на тестирање и интервју. Се очекува селектираното лице да започне со работа веднаш по завршување на процесот. Кандидатите со непотполни документи и апликација доставена после рокот, нема да бидат разгледувани.

Само кандидатите кои ќе бидат селектирани за интервју ќе бидат контактирани. НМСМ го задржува правото да го пролонгира конкурсот доколку смета дека истото потребно.

Оглас за работна позиција Координатор за членство во НМСМ (pdf)

Leave a comment