Отворен повик за номинирање на Потпретседател на Национален младински совет на Македонија

logo na bela pozadina

Рок: 5 април 2019 година | 23:59 часот

Во пресрет на редовното годишно Собрание, Национален младински совет на Македонија отвара повик за номинирање на Потпретседател. Национален младински совет на Македонија (НМСМ) ги повикува сите заинтересирани членови на организациите членки на НМСМ да се пријават и да бидат дел од раководството на НМСМ.

Секој номиниран кандидат ќе има можност да ја претстави својата номинација за време на Генералното собрание. Изборот ќе се врши по пат на тајно гласање од страна на полноправните членки на НМСМ на Генералното собрание.

Според Статутот на НМСМ Потпретседателот e претставен преку:

Член 53

Потпретседателот е орган на НМСМ кој му помага на Претседателот во вршењето на работите од негова надлежност, го заменува во сите околности во случај на спреченост или отсуство и врши други работи и задачи кои на него ги пренесува Претседателот.

Потпретседателот на НМСМ се избира со мандат во времетраење од две години, со можност за еден реизбор.

Потпретседателот го избира Собранието на НМСМ со мнозинство гласови од вкупниот број гласови на Собранието.

Доколку ниту еден од кандидатите не го освои мнозинството од став 3, се организира втор круг на гласање во кој учествуваат прворангираниот и второрангираниот кандидат според бројот на гласови.

Во вториот круг за избран ќе се смета оној кандидат кој освоил мнозинство гласови од гласовите претставени на Собранието, но не помалку од 1/3 од вкупниот број гласови.

Доколку на изборите е кандидиран само еден кандидат, истиот ќе се смета за избран доколку  освои мнозинство гласови од гласовите претставени на Собранието, но не помалку од 1/3 од вкупниот број гласови.

За својата работа Потпретседателот одговара пред Собранието на НМСМ.

Сите организации членки имаат право на номинација за еден член од својата организација.  

Пријавувањето се врши со:

Номинираното лице мора да биде на возраст од 18-35 години. Пријавите треба да се испратат на електронската адреса на НМСМ, applications@nms.org.mk најдоцна до 5 април 2019 година, 23:59 часот со назнаката: „Номинација за Потпретседател на НМСМ“

За повеќе информации посетете ја канцеларијата на Национален младински совет на Македонија лоцирана на ул. Аминта Трети 29/1-3, Скопје, обратете се на електронската адреса на НМСМ, info@nms.org.mk  или на телефон 078 350 531.

Leave a comment