ПОВИК ЗА ЧЛЕН НА УПРАВЕН ОДБОР НА НАЦИОНАЛЕН МЛАДИНСКИ СОВЕТ НА МАКЕДОНИЈА

NMS_logo_MK_CMYK_HV_G-01

Според Член 46 од Статутот на НМСМ, Управниот одбор на НМСМ донесе одлука да се распише:

ПОВИК ЗА ЧЛЕН НА УПРАВЕН ОДБОР НА НАЦИОНАЛЕН МЛАДИНСКИ СОВЕТ НА МАКЕДОНИЈА

Националниот младински совет распишува повик за избор на нов член на Управниот одбор.

Национален младински совет на Македонија (НМСМ) ги повикува сите заинтересирани членови на организациите членки на НМСМ да се пријават и да бидат дел од управното тело на НМСМ.

Во согласност со член 46 од статутот на НМСМ „Членот на Управниот одбор ќе се избере по пат на доставување на кандидатури со поддршка од организациите – полноправни членки.

Управен одбор ќе констатира дека за нов член на Управен одбор е избран кандидатот кој добил поддршка од  организации, кои претставуваат најголем број на гласови, но не помалку од 1/3 од вкупниот број гласови претставени од страна на организациите – полноправни членки“.

Секоја организација членка на НМСМ има право да номинира еден претставник/член на организација, а може да поддржи неограничен број на членови. Пријавувањето се врши со:

  • Пополнување на формулар за апликација – член на управен одбор;
  • Писмо за номинација од матичната организација;
  • Доставени писма за поддршка од полноправните членки на НМСМ (во скенирана верзија со потпис и печат од раководното лице);
  • CV на кандидатот.

Номинираното лице мора да биде на возраст од 18-35 години. Пријавите треба да се испратат на електронската адреса на НМСМ, applications@nms.org.mk најдоцна до 11 јули (среда) 2018 година, 23:59 часот со назнака: Номинација за член на Управен одбор на НМСМ

Мандатот на избраните кандидати за Управен одбор на НМСМ е во времетраење до Генерално Собрание на НМСМ кое ќе се одржи во пролет 2019 година.

Според член 44 од Статутот на НМСМ и Деловникот на работа, Управниот одбор ги има следниве надлежности:

Управниот одбор на НМСМ ги има следните надлежности:

  1. Раководи со НМСМ помеѓу две седници на Собранието;
  2. Ги спроведува донесените одлуки и заклучоци на Собранието;
  3. Распишува конкурс за генерален секретар, го избира и разрешува истиот;
  4. Ги застапува интересите на организацијата и нејзините членки
  5. Учествува во обезбедувањето на финансиска поддршка за работата на организацијата;
  6. Поднесува извештај за својата работа пред Собранието;
  7. Врши надзор на работата на Секретаријатот;
  8. Предлага измени и дополнувања на Статутот, како и донесување на нов Статут;
  9. Донесува одлуки за формирање на комисии и тела за извршување работи од негова

надлежност;

  1. Донесува правилници и  други  акти  со  кои  поблиску  се  регулираат определени прашања во врска со работата на НМСМ;
  2. Го утврдува износот на годишната членарина;

12.. Именува претставници на НМСМ во други организации, здруженија, органи на власта и меѓународни организации;

  1. Работи во насока на постигнување на целите и остварување на принципите на НМСМ и целокупниот развој на организацијата;
  2. Врши други работи во согласност со овој Статут, интерните акти на НМСМ, позитивно-правните прописи, како и работи кои н се во надлежност на ниту еден друг орган на НМСМ.

Мандатот на членот на Управен одбор избран согласно одредбите од овој член, ќе трае до следната седница на Генералното собрание, каде ќе биде спроведена редовна постапка за избор на член/членови на Управен одбор.

За повеќе информации посетете ја канцеларијата на Национален младински совет на Македонија лоцирана на Аминта Трети 29/1-3, обратете се на електронската адреса на НМСМ, info@nms.org.mk или на телефонскиот број +38978 350 531.

Формуларот за апликација за член на УО на НМСМ.

Национален младински совет на Македонија

Leave a comment