Повик за доставување на понуди за одржување на Веб- страници

NMS_logo_MK_CMYK_HV_G-01 white

Национален младински совет на Македонија за потребите на одржувањето на Веб -страниците http://www.nms.org.mk и https://www.mladi.mk/ со цел нивно осовременување и доближување  до младите, објавува повик за деловна соработка со вршител на Web Developing услуги.

http://www.nms.org.mkОваа веб страница претставува онлајн платформа на најголемото претставничко тело на младите во државата и истата има за цел да ги информира младите за значењето на НМСМ, за составот и структурата на НМСМ, за организациите членки и за тековната работа на организацијата.

https://www.mladi.mk/ – Оваа веб страница претставува платформа која служи како агрегатор на можности и информации за работа, образование, волонтерство, конкурси и настани за младите во државата.

  • Опис на работни задачи:

          Доработка/редизајн на веб страните, согласно со потребите на организацијата

          Редовно месечно одржување и ажурирање на плагини

          Време на одзив: максимум 24 часа од повик (со исклучок на итни интервенции)

          Директна техничка поддршка

  • Времетраење:

Националниот младински совет на Македонија со понудувачот на услугата ќе потпише договор од  6 месеци со можност за продолжување

  •  Дополнителни информации:

Избраниот понудувач ќе одговара на тимот задожен за комуникации во секретаријатот на НМСМ.

  •  Начин на аплицирање и рокови:

Сите заинтересирани субјекти во рамки на својата апликација треба да достават портфолио со референтна листа  и финансиска понуда најдоцна до 14.07.2019 на applications@nms.org.mk со назнака ,,Понуда за одржување на Веб- страници‘‘

Leave a comment