Повик за формирање на работна група за креирање на модел за соработка со локалните младински совети

cover (1)

Национален младински совет на Македонија отвора повик за формирање на работна група, составена од 3 до 5 члена, за креирање на модел за соработка со локалните младински совети

Работната група има за цел да ги разгледа Европските модели за консултации помеѓу националните совети и локалните младински совети и да изработи модел апликабилен во Македонија кој ќе одговара на потребите на Националниот младински совет на Македонија и локалните младински совети. Локалните младински совети се особено значајни бидејќи се тела кои се запознаени со предизвиците на младите на локално ниво и се замислени активно да учествуваат во нивно решавање и промовирање на младинско учество. Изработениот модел за соработка и консултации ќе биде предложен на следната седница на Собранието на НМСМ и ќе биде ставен на гласање.

Членството во работната група е на волонтерска основа и за истото не е предвиден паричен надосмест.

Критериуми за пријавување:

  • Член на организација членка на НМСМ;
  • Познавач на работата на локалните младински совети и нивната улога, регулација и постоење во Република Македонија;
  • Познавање на правната регулатива во Република Македонија, а особено на Закон за здруженија и фондации и сродни, слични закони со кои се уредува работењето на Здруженијата;
  • Познавање на работата на НМСМ;
  • Познавање на внатрешните процедури за работа на НМСМ;
  • Способност да работи во тим и со рокови.

За потребите на работата на членовите на работната група, од страна на Управниот Одбор и Секретаријатот на НМСМ ќе бидат обезбедени:

Права и обврски:

Членовите на работната група ги имаат следниве права:

  • Да им бидат обезбедени услови за непречено извршување на работата;
  • Да им биде обезбеден пристап до Статутот на НМСМ;
  • Да добијат поддршка во работата од Управниот одбор и Секретаријатот на НМСМ;
  • Да побараат дополнителни објаснувања, извештаи и модели за соработка помеѓу локалните младински совети и националните совети од земјите од Европа;
  • Да побараат потврда за сработеното од НМСМ.

Членовите на работната група ги имаат следниве обврски:

  • Да ги прегледаат постоечките документи за моделите на соработка помеѓу локални младински совети и национални младински совети и да креираат нов модел, апликабилен за Македонија, кој ќе е во согласност со Статутот на НМСМ;
  • Да изготват предлог модел до почетокот на ноември;
  • Да одржуваат постојана комуникација и координација со Управниот одбор и Секретарјатот на НМСМ;
  • Да дадат извештај за својата работа на крајот на секој месец до Управниот одбор;
  • Да се грижат за сензитивноста на информациите и да ги заштитат личните податоци до кои може да добијат пристап.

Работната група, во ваков состав ќе делува до почетокот на месец ноември, по што ќе го презентира сработеното пред Управниот одбор.  Дополнително, усвоените документи од Управниот одбор ќе бидат презентирани и ставени на усвојување на следната седница на Собранието на НМСМ (ноември).

Сите заинтересирани можат да се пријават за членство во работната група најдоцна до 06.10.2017 година, со испраќање на следниве документи:

  • Номинација од организација членка на НМСМ;
  • Кратка биографија на апликантот;
  • Мотивационо писмо.

Апликациите и дополнителните документи испратете ги на applications@nms.org.mk со назната „Апликација за работна група за ЛМС на НМСМ“.

НАПОМЕНА: Една организација може да номинира повеќе свои претставници за членство во работната група, но ќе се внимава на еднаква застапеност на сите организации кои номинирале кандидат при финалниот избор.

Leave a comment