Повик за Генерален секретар на НМСМ

Согласно член од 58 и 60 од Статутот на Националниот младински совет на Македонија,
Управниот одбор на Национален младински совет на Македонија донесе одлука за
распишување на:

ОГЛАС

ЗА ИЗБОР НА ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР НА НАЦИОНАЛНИОТ МЛАДИНСКИ СОВЕТ НА

МАКЕДОНИЈА

Рок и начин на пријавување

Сите заинтересирани кандидати треба да ги достават следниве документи:

– Кратка биографија;
– Мотивациско писмо;

Сите кандидатури треба да пристигнат по електронска пошта на следната адреса:

applications@nms.org.mk

со назнака: Пријава за Генерален секретар на НМСМ

Рокот за поднесување на сите кандидатури е 29 септември 2017 година (петок), до 12:00

часот.

Главни задачи на позицијата Генерален секретар:
1. Раководење со Извршната канцеларија на НМСМ;
2. Претставување и застапување на НМСМ;
3. Спроведување на политиките на НМСМ, во насока на остварување на мисијата и визијата.
Задачи и одговорности на Генералниот секретар:
– Го претставува и го застапува НМСМ во правниот промет и кон трети лица;
– Раководи со средствата на НМСМ согласно на можностите и потребите и во согласност
со позитивните законски прописи и со внатрешните правилници и регулативи на
НМСМ;
– Ја спроведува политиката, заклучоците и одлуките донесени од Управниот одбор или
Собранието;
– Соработува со членовите на Управниот одбор за прашања во врска со реализацијата
на програмата, одлуките и останатите акти на органите на НМСМ и други прашања од
областа на тековното работење на НМСМ;
– Ги определува работните тимови кои ќе ги подготвуваат и спроведуваат проектите и
програмите на НМСМ и го следи нивното спроведување;
– Ја предлага на Управниот одбор организациската структура на извршната
канцеларија/Секретаријатот;
– Ја одредува и спроведува политиката за човечки ресурси на извршната канцеларија,
како и политиката на мотивација и санкционирање;
– Одговорен/на е за изготвување и поднесување на годишниот програмски извештај до
управниот одбор на НМСМ. Одговорен е за поднесување на финансискиот извештај до
управниот одбор на НМСМ, кој го подготвува финасискиот раководител во НМСМ;
– Го координира процесот на прибирање на финансиски средства за НМСМ;
– Раководи со процесот на изработка на Стратешки, годишен и акциони планови на
организацијата во соработка со Управниот одбор;
– Одговорен/на е за спроведување на Стратешкиот план и Годишната програма на
НМСМ;
– Го координира изготвувањето на проектните, програмските буџети и единствениот
организациски буџет, финансиските извештаи до донаторите;
– Ги одобрува пресметките за исплата на плати на вработените и води сметка за
навремено исполнување на сите законски обврски поврзани со административно
финансиското работење;
– Го раководи институционалниот развој и јакнењето на капацитетите на персоналот на
НМСМ во соработка со Управниот одбор;
– Ја координира работата на Координаторите и останатите членови на Секретаријатот;
– При вработувања во НМСМ, дава предлог за кандидат до Управниот одбор на НМСМ;
– Во договор со Управниот одбор извршува и други задачи и презема одговорности кои
се во рамки на позицијата и предвидени со Статутот и правилниците на НМСМ.

Потребни знаења и вештини на кандидатите за Генерален Секретар
Квалификации:
● Високо образование (неопходно);
● Минимум 5 години соодветно работно искуство (неопходно);
● Пост-дипломски студии во релевантна сфера (пожелно).

Специфични знаења и искуства поврзани со соодветната позиција:
● Финансиско раководење (неопходно);
● Менаџмент на човечки ресурси (неопходно);
● Програмски и проектен менаџмент на долгорочни проекти финансисирани од
меѓународни донатори (неопходно);
● Познавање на англиски јазик (неопходно);
● 5 години соодветно работно искуство во мрежни типови на организации (неопходно);
● Познавање на релевантна законска регулатива (пожелно);
● Познавање на организациски менаџмент и институционален развој (пожелно).

Лични карактеристики и вештини
– Лидерски вештини (неопходно);
– Професионалност и посветеност (неопходно);
– Комуникациски вештини (неопходно);
– Работа под стрес и со куси временски рокови (неопходно);
– Транспарентност (неопходно);
– Тимска работа (неопходно);
– Лојалност кон организацијата и нејзините цели (неопходно);
– Презентирачки вештини (пожелно);
– Преговарачки вештини (пожелно);
– Посветеност кон вклучување на целните групи (пожелно).

Услови за работа:
Позицијата е со полно работно време (40 часа неделно), повремена работа за викенди и
вклучува патување.
Мандатот на Генералниот секретар е 3 години со можност за реизбор.

Начин на селекција:
Кандидатите кои ќе бидат пред-селектирани, ќе бидат поканети на разговор со Управниот
одбор на НМСМ. Се очекува селектираното лице да започне со работа веднаш по донесената
одлука на Управниот одбор на НМСМ.

Рокот за поднесување на кандидатури е 29 септември 2017 година (петок), до 12:00
часот.Сите кандидатури треба да пристигнат по електронска пошта на следната адреса:
applications@nms.org.mk.

Само пред-селектираните кандитати ќе бидат известени за резултатите.

Leave a comment