Повик за граѓански иницијативи во рамки на „Мрдни со прст“

mrdnisoprst

Национален младински совет на Македонија, во рамки на кампањата „Мрдни со прст“, објавува повик за поддршка на граѓански здруженија и неформални групи на граѓани кои ќе реализираат иницијатива на локално ниво, во било која средина освен главниот град.

Цел на кампањата:
Главната цел на кампањата е да се подигне јавната свест за различните можности за општествени промени кои се во доменот на секој поединец, како и да се понудат идеи и можности за придонес кон специфични активности во рамките на заедницата во кои граѓаните можат да се вклучат поединечно, но и колективно.

Поддршка на иницијативите:
Национален младински совет на Македонија ќе ги покрие трошоците за имплементирање на иницијативите, во вредност до 84.000 денари.

Начин за аплицирање:
Концептот за иницијатива (кој се пополнува за максимум 20 минути) доставете го на електронската адреса: applications@nms.org.mk

Апликациите кои ќе ја поминат првата фаза на селекција ќе се контактираат да достават целосен формулар за апликација.

Рок на пријавување:
Концептот треба да се достави на електронската адреса: applications@nms.org.mk најдоцна до 9 јули, 2017 година.

Важни информации:
– Секретаријатот го задржува правото да ги информира исклучиво иницијативите кои ќе влезат во потесниот круг на селекција;
– Силно ве мотивираме апликациите да се пополнат на англиски јазик.

За дополнители информации Ве молиме контактирајте не на besart.lachi@nms.org.mk или посетете је фејсбук страницата на Мрдни со прст за да ги видете граѓанските иницијативи кои ги реализиравме во минатите 9 месеци.

Leave a comment