ПОВИК ЗА ИЗБОР НА РЕГИОНАЛНИ КАНЦЕЛАРИИ НА НАЦИОНАЛНИОТ МЛАДИНСКИ СОВЕТ НА МАКЕДОНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КООРДИНАТОРИ НА КАНЦЕЛАРИИТЕ

logo na bela pozadina

Национален младински совет на Македонија

објавува: 

ПОВИК

ЗА ИЗБОР НА РЕГИОНАЛНИ КАНЦЕЛАРИИ НА НАЦИОНАЛНИОТ МЛАДИНСКИ СОВЕТ НА  МАКЕДОНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КООРДИНАТОРИ НА КАНЦЕЛАРИИТЕ

               

 

                Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) објавува повик за регионални канцеларии во Македонија, кои ќе имаат за цел да послужат како инфо/контакт точки за млади и младински организации и да понудат поддршка и советување за истите. Покрај тоа, канцелариите ќе понудат и поддршка при вмрежување, креирање на заеднички активности, советување при комуникација на национално и меѓународно ниво, совети за основање организација и останати активности поврзани со работа со млади.

Со отворањето на секоја Регионална канцеларија на НМСМ е предвидено и назначување на едно лице од организацијата за регионален координатор на истата. Координаторот го назначува организацијата која аплицира за Регионална канцеларија на НМСМ преку  доставување на професионална биографија на лицето заедно со сите останати документи за апликација.

 

Организациите кои ќе се кандидираат за регионални канцеларии треба да се регистрирани и активни во следниве плански региони во Македонија:

Скопски, Североисточен, Југозападен, Источен, Пелагониски, Југоисточен, Вардарски и Полошки.

 

Од секој регион, ќе бидат избрани по три регионални канцеларии и истите  ќе имаат  мандатен период од 2 години со право на реизбор. Регионалните канцеларии во соработка со Секретаријатот на НМСМ  ќе спроведуваат, координираат и ќе бидат одговорни за  активности кои одговараат на стратешките цели на НМСМ, поточно на соодветната стратешка област за која се регионално одговорни.

 

Организациите ќе можат да се пријават за една, две или за трите тематски области:

  • Регионална канцеларија за Професионализација и јакнење на капацитетите на НМСМ
  • Регионална канцеларија за Интеграција на (регионално) младинско претставување во општествено-политичките процеси
  • Регионална канцеларија за Младински стандард и информираност на локално, регионално (и национално) ниво.

 

При пријавувањето кандидатите задолжително ќе треба да приоретизираат за која област се пријавуваат т.е да извршат нивно рангирање соодветно на нивниот организациски профил, искуство и аспирации.

Селекцијата на кандидатите ќе биде извршена согласно на критериумите за избор на регионални канцеларии и приоритетите на пријавените организации.

Во регионите каде што нема да има доволно пријавени организации или каде што нема да постојат можности за избор на 3 регионални канцеларии, ќе се изберат онолку регионални канцеларии колку што има пријавени кандидати и истите ќе бидат одговорни само за областите за кои се избрани.

 

Опис и одговорности на тематските области:

1. Регионална канцеларија  за Професионализација и јакнење на капацитетите на НМСМ

  • Учество во јакнење на организацискиот капацитет и одржливост на организациите членки од регионот како и други форми на локално и регионално младинско здружување;
  • Континуирано градење на капацитети на организациите членки на НМСМ со цел воспоставување на одржлива организациска структура која е инклузивна и отворена за вмрежување и соработка со различни форми на младинско здружување;
  • Јакнење на капацитетите на организациите членки на НМСМ преку доближување на актуелните процеси релевантни за нив кои се одвиваат во земјата.

2. Регионална канцеларија за Интеграција на регионално младинско претставување во општествено политичките процеси

  • Зајакнување на младинското учество и промовирање на инклузивни модели и практики за дијалог со институциите на локално и регионално ниво;
  • Зајакнување на позицијата на НМСМ како легитимно тело за претставување на младите и застапување за нивните интереси на локално и регионално ниво;
  • Учество во позиционирање на НМСМ во соработка со меѓународни тела на регионално ниво.

3. Регионална канцеларија за младински стандард и информираност на локално, регионално и национално ниво

  • Редовно и навремено информирање за различните можности за млади кои се имплементираат од Советот и организациите членки, како и останати отворени можности за младите;
  • Поттикнување на процеси и политики кои ќе придонесат за квалитетно образование за младите кое ќе им овозможи личен и кариерен развој;
  • Поттикнување на процеси и политики кои ќе овозможат бенефиции и гаранции за младите луѓе кои ќе им овозможат услови за осамостојување.

 

Услови кои треба да ги исполнуваат организациите за Регионална канцеларија на НМСМ:

  • Да се членки на Националниот младински совет на Македонија и да работат и делуваат во некој од горенаведените региони;
  • Да имаат постојана канцеларија каде што може да се објавуваат предвидените активности со улогата на регионална канцеларија на НМСМ;
  • Да имаат соодветни информатичко-технолошки услови (компјутер, интернет, телефонска линија) што ќе им овозможи соодветно да ги исполнуваат активностите;
  • Да имаат капацитети да примаат млади и да одговорат на нивните потреби како регионална канцеларија;
  • Да имаат експертиза и искуство во работа во тематската област за која се пријавуваат;
  • Да имаат соработка со организациите од регионот во кој работат.

 

Основни обврски  и задачи  на Регионалните канцеларии на НМСМ:

  • Номинирање на лице за регионален координатор чии услови, обврски и задачи се пропишани во документот со опис на работните задачи на регионалните координатори;
  • Промоција на Националниот младински совет на Македонија;
  • Мапирање на локални организации за потенцијални членки на НМСМ и нивно мотивирање за приклучување кон НМСМ;
  • Логистичка поддршка за активности на Националниот младински совет на Македонија кои се спроведуваат во соодветниот регион а кои се во доменот на соодветанта тематска област за која е одговорна регионалната канцеларијата;
  • Линк помеѓу младински граѓански организации, институции, млади и Националниот младински совет на Македонија;
  • Координација и мониторинг на тематските активности на НМСМ во регионот;
  • Имаат флексибилен временски распоред во однос на спроведување на активностите.
  • На барање на Секретаријатот на НМСМ, во исклучителни ситуации и во региони каде нема доволен број на регионални канцеларии, избраната регионална канцеларија би била одговорна и за обезбедување на логистичка поддршка за настани кои се надвор од тематската област за која е одговорна.

 

 Рок и начин на пријавување

Сите заинтересирани организации треба да ги достават следниве документи:

– Пополнета интернет апликација (https://goo.gl/forms/PFb4vIdn38bA4SPA3)

– Портфолио на организацијата;
– Писмо за интерес за стекнување статус на Регионална канцеларија на НМСМ (не подолго од една страна);

– Предлог концепт за работа на Регионалните канцеларии за наредните 2 години (не подолг од 2 страници);
– CV  на кандидатот за локален координатор;

 

Сите кандидатури треба да пристигнат по електронска пошта на следната електронска  адреса:

applications@nms.org.mk

 

Рокот за поднесување на сите кандидатури е 21.10.2018 година, 16:00 часот

 

Leave a comment