Повик за изразување интерес за учество во проектот “Balkan Girl Power”

Balkan Girl Power

Повик за изразување интерес

Ве молиме аплицирајте до 16  јули, 2018

 

Дали си заинтересирана да научиш како да правиш фотографии кои ги рефлектираат твоите ставови?

Дали си заинтерсирана да запознаеш девојки од соседните земји и да ги споделиш своите фотографии, прашања и идеи?

Дали сакаш да научиш повеќе за интеграцијата на твојата земја во ЕУ и што тоа ќе значи за тебе?

Дали си девојка на возраст меѓу 18 и 26 години од Македонија?

Ако одговорот е – „да“,  одговороте на овој повик за искажување интерес за учество во проектот “Balkan Girl Power”.

Доколку бидеш избрана ќе имаш можност:

  • Да добиеш тренинг и советување од искусен фотограф и уметник од твојата земја за правење интересни фотографии;
  • Можност за објавување на твоите најдобри 5 фотографии на онлајн платформата “Balkan Girl Power”;
  • Преку каналите за комуникација на платформата, да запознаеш девојки од Албанија, Косово, Црна Гора и Србија;
  • Да учествуваш во натпревар за најдобра фотографија направена од учесничките во проектот и изложба која која ќе се одржи во Тирана во февруари 2019;
  • Патување во Тирана за изложбата “Balkan Girl Power” и да учествуваш на престижно предавање на Лала Меридит Вула – меѓународно реномиран уметник и фотограф.

Доколку сеуште си заинтересирана, пополни го формуларот, достапен на македонски и англиски, и испрати го на: applications@nms.org.mk не подоцна од 16 јули 2018 (понеделник).

Доколку имаш дополнителни прашања или ти требаат повеќе информации, обрати се на Симона Младеновска на simona.mladenovska@nms.org.mk или 077/965-565.

Проектот “Balkan Girl Power” ќе обезбеди тренинг и советување за изработка на фотографии кои ги изразуваат нивните ставови, перспективи и идеи за девојките од Албанија, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија, како и можности за вмрежување со други девојки со слични интереси од соседните земји. Проектните активности започнуваат во јули, 2018.

Проектот “Balkan Girl Power” е финансиран од Фондот за Западен Балкан и се имплементира од страна на Social Contract Institute (SCI – Албанија), Артополис Центар (Косово), Национален младински совет на Македонија (Македонија) , iACT (Црна Гора) и Организација за промоција на активизам (Србија).

Leave a comment