ПОВИК ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ НА ИНТЕРЕС ЗА ЧЛЕНСТВО ВО БАЗАТА НА ОБУЧУВАЧИ НА НАЦИОНАЛНИОТ МЛАДИНСКИ СОВЕТ НА МАKЕДОНИЈА

Заради истекување на мандатот на постојните членови на Базата на обучувачи, а согласно со Правилата и насоките за работа на Базата на обучувачи на Националниот младински совет на Македонија (НМСМ),  координаторката на Базата на обучувачи на предлог на Секретаријатот, а усвоен од Управниот Одбор на НМСМ, објавува:

ПОВИК ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ НА ИНТЕРЕС ЗА ЧЛЕНСТВО ВО БАЗАТА НА ОБУЧУВАЧИ НА  НАЦИОНАЛНИОТ МЛАДИНСКИ СОВЕТ НА МАKЕДОНИЈА

Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) e платформа која  ги претставува интересите и потребите на младите луѓе како врска со сите чинители и која обезбедува вклучување и активно учество на младите во процесот на донесување одлуки на секое ниво.

Основни цели на Националниот младински совет на Македонија се:

  • Зајакнување на улогата на НМСМ како претставничко тело на младите и младинските организации;
  • Поттикнување на процеси за креирање на соодветни политики кои овозможуваат социјален и личен развој на младите;
  • Застапување и делување во името на интересите на младите и младинските организации преку претставување на нивните интереси пред институциите;
  • Обединување и развој на капацитети на младинскиот сектор преку зајакнување и промоција на улогата на младинските организации;
  • Обединување и развој на капацитети на младинскиот сектор преку зајакнување и промоција на улогата на младинските организации;
  • Унапредување на положбата на младите во општеството преку:
  • Промоција и дејствување кон зајакнување на младинското учество во процесите на донесување на одлуки;
  • Промоција на младински активизам, младинско информирање и активно граѓанство помеѓу младите;
  • Унапредување на еднаквоста, третманот на младите, толеранцијата и демократијата

Една од алатките на НМСМ кои служат за квалитетнo и организирано остварување на предвидените цели е и Базата на обучувачи.

Базата на обучувачи на НМСМ претставува ресурсна експертска група на млади обучувачи на возраст 18 – 35 години, искусни во неформално образование, младинска работа и интеркултурно учење со  широки познавања на области од интерес на младите луѓе.

Нејзините членови учествуваат во спроведување на програмските активности на НМСM, на организации членки и надворешни организации кои заради спроведување на сопствените програмски активности имаат потреба од ангажирање на обучувач од базата на обучувачи на НМСМ.

Што конкретно работат обучувачите од Базата на обучувачи на НМСМ?

Членовите на Базата, по насоките и правилата наведени во документот „Правилата и насоките за работа на Базата на обучувачи на НМСМ“, кој се доставува како додаток на овај повик,  подготвуваат, спроведуваат, проценуват, надгледуваат и известуваат за активноси на НМСМ и/или на организации членки но и активности на надворешни организации, преку употреба на најразлични образовни методологии, менторство, подучување  и надзор.

Типичните функции кои обучувачите ги извршуваат во внатрешни и/или надоврешни  активности се:

  • образовни советници во активности организирани и спроведувани од тимови кои не се составени од обучувачи од Базата на обучувачи на НМСМ, а кои може да бидат составени од членови на организации членки (ОЧ) или надворешни организации;
  • планираат, спроведуваа и оценуваат образовни активности како членови на тим на обучувачи кои се дел од Базата на обучувачи на НМСМ и/или од организации членки,  или како членови на тим на обучувачи кои не членуваат во НМСМ, оодносно не се членови  на организации членки;
  • подучувачи, ментори или надзорници на други обучувачи од Базата на НМСМ или на обучувачи од организации членки или надворешни организации ;
  • документалисти и известувачи во внатрешни или надворешни активности;
  • подготвувачи на публикации и прирачници на теми од интерес на младите, а согласно индивидуалните способности и искуство;
  • експерти кои споделуваат дел од своето знаење или искуство  на внатрешни и надоврешни активности согласно  индивидуалните способности и искуство.

 

Структура на Базата на обучувачи и критериуми кои треба да ги исполнуваат нејзините членови?

НМСМ има два профила на обучувачи во својата база: помалку искусни  (јуниори) и поискусни (сениори). Профилите го рефлектираат нивот на експертиза која ја поседува обучувачот/обучувачката потребни за спроведување на функциите кои ги предвидува членувањето во Базата.

Пред демонстрирање на било која друга способност, обучувачите треба да имаат познавања од НМСМ,  нашата мисија и визија, вредностите и принципите на работа и да демонстрираат дека и тие ги застапуваат истите цели и се подготвени несебично да придонесат за работата, растот и развојот на НМСМ како релевантен претставник на младите и сериозен актер во сферата на младинските прашања и политики како и во работата на младинскиот сектор воопшто.

  • Помалку искусни обучувачи/Јуниори
Искуства/способности  кои треба да ги поседуваат помалкуискусните обучувачи Индикатор:  

 

Искуство како обучувач(ка) или член(ка) на тим на обучувачи во локални младински образовни активности 

 

Обучувачот/обучувачката има имплементирано најмалку 10 обуки/работилници или вкупно 50 работни часа како обучувач.
Способност за конструктивно помагање во подготовка, спроведување и проценка на едукативна активност со млади базирана на интеркултурно неформално образование

 

Обучувачот/обучувачката  учествувал/а на најмалку една обука на обучувачи и има искуство во подготовка, спроведување и проценка на едукативна активност со млади базирана на интеркултурно неформално образование кое што е видливо и опишано во биографијата на обучувачот/обучувачката, а поткрепено со препораки од организатори, соработници или учесници на конкретната едукативната активност која сведочи за таквото искуство.
Способност за самостојно водење на делови од едукативната активност со млади (како на пример работилница или водење на работни групи, дебати и дискусии и слично)

 

Формално или неформално образование за методологија на едукативна работа со млади, и/или раководење со младински проекти, поткрепено со соодветна препорака од личности инволвирани во процесот на образование или работа која сведочи за поседување на конкретната способност.
Добро познавање и искуство како младински(а) работник/работничка во сферата на најмалку 3 од следните области:

–          Младинска информираност и советување

–          Младинска работа

–          Младинско учество

–          Младински политики, застапување и лобирање

–          Младински права и подобрување на пристап до младинските права

–          Неформално образование

–          Интеркултурен дијалог во мултикултурна средина

–          Превенција на говор на омраза

–          Превенција на дискриминација и насилство меѓу младите

–          Меки вештини

–          Поддршка на младите во процесот на транзиција кон самостојност

–          Методологија на истражување

Обучувачот/обучувачката има формално или неформално образование за некои од споменатите области и има водено со нив поврзани младински активности на локално и/или национално ниво.
Способност и желба да се работи во интеркултурен тим

 

Обучувачот/обучувачката  има искуство и/или изразува силна мотивација да работи во интеркултурни тимови во мотивациското писмо.
  • Поискусни обучувачи/Сениори
Искуства/способности  кои треба да ги поседуваат поискусните обучувачи Индикатор:
Искуство како обучувач(ка) или член(ка) на тим на обучувачи во национални и интернационални младински образовни активности 

 

Обучувачот/обучувачката има имплементирано 10 обуки/работилници за млади или вкупно 50 работни часа,  3 национални и 2 интернационални образовни активности за млади подолги од 3 работни дена
Способност за работа  со млади со различни профили со посебен акцент на млади со помалку можности.

 

Обучувачот/обучувачката има искуство во едукативна работа со различни  профили на млади вклучитено и млади со помалку можности (млади корисници на дрога, млади со попреченост, млади припадници на малцински групи, сиромашни млади, млади без образование, млади бездомници, млади сторители на кривично дело, млади со воспитно-социјални проблеми, млади од рурална средина и слично); покажува толеранција и способност да одговори на различните специфики на младите и да одбере методологија која е соодветна на нивните специфичности и потреби; има формално или неформално образование и искуство во работа со различни профили на млади, што е видливо  во биографијата  и поткрепено со најмалку една препорака од соработници или учесници на конкретната едукативната активност која сведочи за таквото искуство.
Способност за водење на тим во подготовка, спроведување и проценка на едукативна активност со млади базирана на интеркултурно неформално образование

 

Обучувачот/обучувачката,  бил лидер на најмалку 3 образовни тимови кои подготвиле, провеле и процениле  најмалку 3 активности за млади базирани на интеркултурно неформално образование и истото е видливо и опишано во биографијта на обучувачот/обучувачката а поткрепено со најмалку една препорака од соработници или учесници на конкретната едукативната активност која сведочи за таквото искуство.
Широко познавање и искуство како младински(а) работник/работничка во сферата на најмалку 6 од следните области:

–          Младинска информираност и советување

–          Младинска работа

–          Младинско учество

–          Младински политики, застапување и лобирање

–          Младински права и подобрување на пристап до младинските права

–          Неформално образование

–          Интеркултурен дијалог во мултикултурна средина

–          Превенција на говор на омраза

–          Превенција на дискриминација и насилство меѓу младите

–          Неформално образование

–          Меки вештини

–          Поддршка на младите во процесот на транзиција кон самостојност

–          Методологија на истражување

 

Обучувачот/обучувачката има повеќегодишно формално или неформално образование за споменатите области; има водено со нив поврзани младински активности на национално  или интернационално ниво или бил(а) ангажиран(а) како експерт за некоја од областите на национална или интернационална експертска средба.

Зошто да се биде член на базата на обучувачи?
Членовите на Базата на НМСМ имаат  можност:

  • да бидат платено ангажирани за време на својот мандат во активноти чиј број зависи од обемот на програмите како и потребите на НМСМ, организациите членки но и надворешните оргазанизации кои имаат потреба од ангажирање на обучувач од Базата на НМСМ;
  • професионално да се усовршуваат и да го збогатат своето портфолио;
  • да учествуваат во подготовка и да имаат пристап до разновидни стандардизирани материјали за работа;
  • да се вмрежуваат со други обучувачи од и надовор од Базата на НМСМ;
  • да добијат референци за понатамошните работни ангажмани.

 

Начинот и  рокот  за пријавување

На повикот може да се пријави секој заинтересиран кандидат  со  доставување на следните документи на адреса training@nms.org.mk:

  • Пополнета пријава за членство
  • Кратка биографија во која е јасно наведено искуството на кандидатот
  • Листа на референци
  • Препораки кои го потврдуваат искуството и способностите на кандидатот
  • Препорака со писмо за поддршка од организација членка на НМСМ ќе се смета за предност при селекција на новите членови од Базата При изборот НМСМ го задржува правото да избере најмалку 60% од кандидатите кои доаѓаат од организации членки на НМСМ и најмногу 40% кандидати кои не се членови во организација членка на НМСМ.

Краен рок за пријавување 30.04.2018

 

За подетални информации ве молиме контактирајте ја Билјана Василевска Трајкоска, координаторката на Базата на обучувачи на НМСМ на training@nms.org.mk

Leave a comment