Повик за консултантски услуги за подготовка на Стратегија за одржливост на проектот „МладиХаб-Дигитална младина“

logo-na-bela-pozadina (1)

Општи информации

Проектот „МладиХаб-Дигитална младина“ го спроведуваат Националниот младински совет на Македонија и Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, а е финансиран од Фондот за добро владеење на Oбединетото Кралство. Во рамки на проектот, младите лица на возраст од 15 до 29 години добиваат пристап до обуки за дигитални и деловни вештини од овластени провајдери во замена за општокорисна работа. Во рамки на проектот се подготвува и  платформа за вработување која ќе oпфати три вида ангажман: работен, хонорарен и волонтерски/практикантски.

Делокруг на работа

Подготовка на Стратегијата за одржливост на проектот „МладиХаб-Дигитална младина“ со цел утврдување на план за долгорочна самоодржливост на проектот. Опфат на Стратегијата:

  • Анализа на активностите, ресурсите и основните продукти на проектот (обуки, општокорисна работа, платформа за вработување);
  • Истражување на пазарот на обуки за дигитални вештини и веб платформи за вработување;
  • Пристап за пазарно позиционирање на „МладиХаб – Дигитална младина“;
  • Финансиски план преку најмалку 3 сценарија за самоодржливост:
    • Позиционирање на проектот како социјално претпријатие со детална анализа на фискални, економски и административни правила;
    • Анализа на можностите и план за соработка и привлекување инвеститори од јавниот сектор;
    • Анализа на можностите и план за привлекување на инвеститори од приватниот сектор;
  • Управување и внатрешна организација;

Акциски план за имплементација на Стратегијата;

Испорака

  • Стратегија за одржливост на проектот „МладиХаб-Дигитална младина“
  • Акциски план за спроведување на Стратегијата за одржливост на проектот „МладиХаб-Дигитална младина“

Спроведување на активностите

По изборот на најсоодветен кандидат, проектниот тим ќе ги сподели сите релевантни документи за проектот што треба бидат основа за изработка на Стратегијата.

Експертот ќе склучи договор со Националниот младински совет на Македонија во кој ќе бидат уредени правата и обврските на двете страни.

Стратегијата и акцискиот план треба да биде изготвени до 31.10.2020 година.

Предлог временска рамка на активностите во проектот:

 

15 јули 2020 година  Избор на експерт и потпишување на договор
 јули – септември 2020 година Спроведување на истражувањето-анализата
30 септември 2020 година Доставување на нацрт-верзија на Стратегијата и акцискиот план до проектниот тим
октомври 2020 година Усогласување на првичната верзија на Стратегијата и акцискиот план со насоките и инструкциите од проектниот тим
31 октомври 2020 година Доставување на финална верзија на Стратегијата за финансиска одржливост на проектот „МладиХаб-Дигитална младина“ и акцискиот план до проектниот тим.

Начин на пријавување и избор

Право да учествуваат на овој повик имаат правни и физички лица.

Потребни квалификации:

  • Минимум петгодишно искуство во изработка на економски анализи и бизнис планови;
  • Искуство во подготовка и/или имплементација на програми или проекти;
  • Искуство во подготовка на стратегија и бизнис план поврзани со млади, обуки, дигитални вештини, пазар на труд, општо корисна работа ќе се смета за предност
  • Искуство во областа на развој на социјално претпријатие;

Потребни документи за правни лица:

  • Тековна состојба од Централен регистар на Република Северна Македонија (не постара од 6 месеци од денот на аплицирање)
  • Референтна листа на претходни слични ангажмани на предложениот/те експерт/и;
  • Кратка биографија (професионално резиме) на експерт/и
  • План за работа – содржина на Стратегијата и опис на планираните активности за подготовка на Стратегијата
  • Финансиска понуда

Потребни документи за физички лица:

  • Референтна листа на претходни слични ангажмани
  • Кратка биографија (професионално резиме) на експертот
  • План за работа – содржина на Стратегијата и опис на планираните активности за подготовка на Стратегијата
  • Финансиска понуда

Доколку се пријавува група на експерти или правно лице, задолжително треба да се достават професионални биографии од сите физички лица кои ќе учествуваат во подготовка на Стратегијата и акцискиот план.

Максималниот предвиден надомест (бруто износ) за извршените услуги на правното или физичко лице  4000 британски фунти во денарска противвредност. Исплаќањето ќе се врши на неколку рати, од кои првата откако ќе се одобри план за работа од страна на проектниот тим, а последната по завршувањето на финалната анализа, во согласност со договорената динамика за испорака на планираните активности.

Сите останати активности поврзани со спроведувањето на анализата (како на пример патни трошоци, спроведување на алатките кои ќе се користат за собирање на податоци и слично) треба да се вклучени во вкупниот износ и паѓаат на товар на спроведувачите.

Процесот на селекција ќе биде спроведен преку оценка на планот за работа (максимум 5 поени) , евалуација на професионално резиме (CV) (максимум 5 поени) и евалуација на претходни слични ангажмани (максимум 5 поени). При избор на понудата ќе се примени критериумот за избор на економски најповолна понуда.

Документите за пријавување треба да се достават на applications@nms.org.mk и vesna.radinovska@nms.org.mk најдоцна до 1 јули 2020 година со назнака „Стратегија за финансиска одржливост на проектот МладиХаб-Дигитална младина“. Сите дополнители прашања во врска со овој повик можете да ги упатувате на mladihub@gmail.com.

 

Leave a comment