Повик за Координатор на грантови во НМСМ

logo-na-bela-pozadina (1)

Во согласност со Организацискиот прирачник на НМСМ (член XII. Делот за Политика на раководење со персоналот; Процес на вработување, потточка вработување), и за целите на спроведувањето на проектните активности од проектот за Поддршка на изборните реформи, финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка, НМСМ ја отвора оваа проектна позиција.

 

I Основни податоци за проектот:

Главна цел: Демократските и кредибилните изборни процеси го олеснуваат политичкото учество и социјалната интеграција преку овозможување на гласачите да изберат свои претставници коишто ќе бидат отчетни пред граѓаните.

Резултат 1: Зајакнатите институции спроведуваат фер и ефикасни изборни процеси.

Резултат 2: Внатрешно демократизираните политички партии претставуваат изборни политики и програми ориентирани кон граѓаните.

Резултат 3: Политичките партии и избраните функционери се отчетни пред своите граѓани

Донатор на проектот: Швајцарската агенција за развој и соработка – СДЦ

Имплементатори на проектот: Меѓународната фондација за изборни системи – ИФЕС и Националниот младински совет на Македонија – НМСМ

Корисници на проектот: Изборната администрација, владините агенции/институции, политичките партии, организациите на граѓанското општество, гласачите/граѓаните.

 

II ОПИС НА ЗАДАЧИТЕ за позицијата: Координатор на грантови

Координаторот на грантови ќе биде одговорен за спроведувањето на активностите доделени на Националниот младински совет на Македонија.

 

Клучните обврски ќе вклучуваат:

  • Координирање на имплементацијата на грантовите (микро-грантовите и шемата за мобилизирање на заедницата) на дневна основа со цел да се исполнат индикаторите договорени со донаторот во согласност со утврдените рокови во рамките на одобрените буџети и работните планови;
  • Планирање на активностите, организирање на средби со вклучените актери, следење на критичните прашања, приоритетизирање на стратешките прашања и работење во насока на остварување на очекуваните резултати;
  • Работењето во тесна соработка со координаторот на проектот, водечкиот ментор експерт и ИФЕС канцеларијата во врска со прашањата поврзани со планирањето, поврзувањето на програмските и оперативните процеси и постигнувањето на планираните резултати;
  • Финансискo и материјално следење и евалуација на грантовите, идентификација на оперативните и финансиските проблеми, изработка на решенија;
  • Навремена подготовка и поднесување на извештаи за напредокот и финансиските извештаи до раководителите на НМСМ и ИФЕС;
  • Одржува врски со релевантните национални и меѓународни чинители.

 

Квалификации:

  • Завршено високо образование
  • 5 години работно искуство во раководење со програми, и постојано демонстрирање на капацитет во водењето на ефективна имплементација на комплексни проекти, вклучувајќи и менаџирање и работа со податоци и подготвување на извештаи;
  • Искуство во обезбедување на влезни податоци и во координирање на спроведувањето на микро-грантови и шеми за грантови;
  • Искуство во обезбедувањето на поддршка во пишувањето на извештаи за проектите;
  • Силна способност за комуникација на англиски јазик и докажана способност за соработка и навремено испорачување на резултати во работата.

 

Почетна плата: 25.000,00 денари нето.

III КАКО ДА АПЛИЦИРАТЕ

  • CV на англиски јазик (PDF)
  • Една страница Мотивациско писмо на англиски јазик (PDF)
  • 2 препораки на англиски јазик (PDF)

 

Да се ​​испрати до applications@nms.org.mk со наслов на пораката Координатор на грантови _ (име и презиме), најдоцна од 07.02.2020, 23:59h.

Leave a comment