Повик за Координатор за Комуникации на Проектот „МладиХАБ – Дигитална младина“

logo-na-bela-pozadina (1)

Проектот MladiHUB – Дигитална младина е имплементиран од Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) и Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, поддржан од Британската амбасада Скопје.

Целта на проектот е да ги унапреди дигиталните вештини на младите луѓе, нивниот ангажман во заедницата и да ја зголеми нивната вработливост, преку понуда на курсеви и академии за дигитални вештини во замена за извршена волонтерска и општокорисна работа во заедницата.
Проектот ќе понуди дигитални и меки вештини на младите во замена за општо-корисна работа во заедницата. Во зависност од вештините, интересите и потребите на заедниците во кои живеат, младите ќе треба да учествуваат во иницијативите во заедницата, стекнувајќи ваучер кој ќе овозможи пристап до обука за дигитални и меки вештини. Со ова, покрај практичните и конкретните вештини, младите ќе се здобијат со меки вештини, вмрежување и животно искуство преку ангажирање во рамките на нивните заедници и општество. До крајот на проектот, младите луѓе во нашата земја ќе имаат платформа и поддршка за да ги добијат и подобрат своите дигитални вештини и да одговорат на дигиталната трансформација на економијата. Ова ќе ги подобри можностите за вработување, ќе промовира иновации и со тоа ќе го поддржи економскиот развој на Северна Македонија.

 

Опис на главните работни задачи

  • Подготовка на комуникациска стратегија и акциски план;
  • Подготовка на веб-страницата на проектот (во соработка со компанијата која ќе биде
    ангажирана за подготовка на веб-страницата) и останатите информативни канали,
    подготовка на веб содржини, селекција на фотографии и илустрации;
  • Подготовка на промотивни материјали за проектот (тефтери, летоци, брошури,
    пенкала итн.);
  • Организација на настани во склоп на програмата за работа на МладиХАБ;
  • Континуирано одржување на веб-страницата и социјалните медиуми;
  • Промоција на проектот и обезбедување медиумска покриеност на активностите.

Профил на кандидатот за Kоординатор за комуникација

  • Одлични меѓучовечки и комуникациски вештини;
  • Проактивност и висока исполнителност со минимален надзор;
  • Способност за работење во динамична работна средина;
  • Можност да работи од канцеларија базирана во Скопје;
  • Флексибилност околу работното време и можност да работи за време на викенди
  • Можност да патува во рамките на државатa и надвор од неа за потребите на
  • организацијата;
  • Да има капацитет да презема и извршува обврски со строго почитување на зададените рокови и да направи приоритет на работа;
  • Да има капацитет да работи со луѓе со различна социјална и културна позадина;
  • Да е способен/на да работи по сопствена иницијатива.

Потребни знаења и вештини на Kоординаторот за комуникација

  • Најмалку 2 годишно релевантно работно искуство;
  • Високо образование во областа на комуникација и односи со јавноста (пожелно);
  • Одлично познавање на македонски и англиски јазик, познавање на албански јазик
    ќе се смета за предност;
  • Познавања и претходно искуство во граѓански организации, посебно во
    мрежи/сојузи/или младински организации, како и водење на мрежи и комуникација со
    јавност;
  • Напредно познавање на MS Office: Word, Excel, PowerPoint (задолжително), познавање
    на програми за дизајнирање и WordPress ќе се смета за предност;
  • Претходно искуство во организација на настани и осмислување промотивни материјали;
  • Познавање и искуство со социјални медиуми и останати алатки за информирање и
    промоција;
  • Искуство во креирање на соопштенија за јавност;
  • Искуство и вештини за подготвување апликации, имплементирање и мониторнинг на проектни активности за млади;
  • Искуство во работа со различни засегнати страни во исто време (multi stakeholder
    approach).

Услови за работа:

Позицијата е со полно работно време (40 часа неделно)
Износ на плата: 24000 – 30000 денари, нето износ.
Рокот за поднесување на CV и мотивациско писмо е 1.12.2019, до 23:59 часот.

Сите кандидатури треба да пристигнат по електронска пошта на следната адреса: applications@nms.org.mk со назнака: [име и презиме] – Координатор за комуникации во НМСМ – МЛАДИХаб

Само кандидатите кои ќе бидат селектирани за интервју ќе бидат контактирани.

*НМСМ го задржува правото да го пролонгира повикот доколку смета дека истото e потребно.

Leave a comment