ПОВИК За приклучување на организации кон Националниот младински совет на Македонија

cover-1 povik

Национален младински совет на Македонија
објавува:

ПОВИК
За приклучување на организации кон Националниот младински совет на Македонија

Националниот младински совет на Македонија ги повикува сите заинтересирани младински организации, организации за млади, сојузи на организации и подмладоци на политички партии да аплицираат за членство во НМСМ во пресрет на Генералното собрание кое ќе се одржи во ноември, 2017 година.

Сите заинтересирани организации кои ги исполнуваат критериумите за членство (критериумите за членство можете да ги најдете во член 15, 16, 17, 18 и член 19 од Статутот на НМСМ) треба да ги достават следните документи во скенирана верзија:

1. Пополнет образец – барање за прием во членство;
2. Статут;
3. Тековна состојба (не постара од шест месеци);
4. Организациска шема;
5. Годишни наративни и финансиски извештаи за последните две години;
6. Доказ за свикување на седница на Генерално собрание или друг највисок орган на
управување;
7. Одлука за членување во НМСМ од тело овластено да ја донесе таа одлука согласно
Статутот и внатрешните акти на подносителот;
8. Програма за работа според која организацијата ќе ги реализира своите активности во
наредниот период, од најмалку 6 месеци.

Апликацијата за членство во НМСМ пропратена со останатите горенаведени документи треба да се испратат на електронската адреса на НМСМ, applications@nms.org.mk најдоца до 10 ноември 2017 година, 16 часот, со назнака „Апликација за членство во НМСМ“.

По истекот на рокот за аплицирање, НМСМ ќе врши работни посети на организациите апликанти во рок од 30 дена од затворањето на повикот. Доколку е потребно, Комисијата за членство ќе побара од апликантите дополнителни документи за да се потврдат критериумите. Апликациите ќе бидат разгледувани од страна на Комисија за членство составена од 3 претставници на Националниот младински совет на Македонија.

Ви стоиме на располагање за дополнителни информации на телефонскиот број +38978350531 или на електронската адреса nikola.petrovski@nms.org.mk или info@nms.org.mk и се надеваме на Ваше присуство.

Leave a comment