ПОВИК за приклучувањe на организации кон Националниот младински совет на Македонија

cover-1 povik

Сакате да станете членка на НМСМ и се прашувате како?

Токму за вас отворивме нов повик и ги очекуваме апликациите во пресрет на Генералното собрание на НМСМ во ноември!

На кого се однесува?

  • Младински организации,
  • Организации за млади,
  • Сојузи,
  • Политички подмладоци.

 

Дел од придобивките на членувањето во НМСМ се…

  • Соработка и заедничко делување со организации од целата држава за подобри услови за младите,
  • Вмрежување и партнерство со организации кои имаат ист или сличен делокруг на работа,
  • Учество во процеси при креирање на соодветни политики кои овозможуваат социјален и личен развој на младите,
  • Можност за застапување и делување во името на интересите на младите и младинските организации преку соработка со институциите,
  • Развој на капацитетите преку зајакнување и промоција на улогата на младинските организации пред институциите и засегнатите страни,
  • Информации и известувања за можностите и проектите кои ги нудат останатите организации,
  • Промовирање на вашите активности, настани и ресурси преку платформата Млади.мк

Како да аплицирате? 

На applications@nms.org.mk испратете ни ги скенирани документите заедно со пополнетиот образец за прием во членство најдоцна до 25 октомври, 16 часот.

  1. Пополнет образец – барање за прием во членство;
  2. Статут;
  3. Тековна состојба (не постара од шест месеци);
  4. Организациска шема;
  5. Годишни наративни и финансиски извештаи за последните две години;
  6. Доказ за свикување на седница на Генерално собрание или друг највисок орган на управување;
  1. Одлука за членување во НМСМ од тело овластено да ја донесе таа одлука согласно Статутот и внатрешните акти на подносителот;
  1. Програма за работа според која организацијата ќе ги реализира своите активности во наредниот период, од најмалку 6 месеци.

Потоа нашиот тим ќе дојде на посета кај вас да се запознаеме и да ни кажете повеќе за вашата организација. А одлуката за членство ја донесува Собранието на НМСМ каде што ќе бидете поканети да ја претставите вашата работа на Генералното собрание во ноември.

Во продолжение може да ги прочитате критериумите за полноправно и придружно членство, кои се наоѓаат од член 15 до член 24 од Статутот на НМСМ.

 

КРИТЕРИУМИ ЗА ПОЛНОПРАВНО ЧЛЕНСТВО

Сојузи

Член 15

За да се стекнат со статус полноправни членки, организациите категоризирани како Сојузи потребно е да ги исполнуваат следните критериуми:

  1. Искуство со работа со млади и застапување на интересите на младите од најмалку 3 години;
  1. Да бидат регистрирани како Сојуз во смисла на одредбите од Законот за здруженија и фондации или други закони за здружување;
  1. Во структурата на собранието или извршниот орган да бидат присутни млади лица;
  2. Младите да се стратешки приоритет дефиниран во мисијата и во Статутот на организацијата;
  1. Годишно да реализираат најмалку 10 активности, со вкупен годишен опфат од најмалку 300 млади лица кои се корисници на активностите;
  1. Буџетот на организација за последната година, според годишната завршна сметка, да изнесува најмалку 123.000 денари;
  1. Да не се членови на организација која е член на НМСМ;
  2. Да имаат ажурирана интернет страница или друга онлајн платформа за комуникација со јавноста.

Младински организации

Член 16

За да се стекнат со статус полноправни членки, организациите категоризирани како Младински организации потребно е да ги исполнуваат следните критериуми:

  1. Искуство со работа со млади и застапување на интересите на младите од најмалку 3 години;
  1. Две третини од структурата на собранието или извршниот орган да бидат составени од млади лица;
  1. Да работат според принципот „од млади за млади”;
  2. Целта, статутот и активностите на организацијата да бидат поврзани со работа со млади;
  1. Годишно да реализираат најмалку 10 активности, со вкупен годишен опфат од најмалку 300 млади лица кои се корисници на активностите;
  1. Буџетот на организација за последната година, според годишната завршна сметка, односно годишниот финансиски извештај, да изнесува најмалку 123.000 денари;
  1. Да не се членови на организација која е член на НМСМ;
  2. Да имаат ажурирана интернет страница или друга онлајн платформа за комуникација со јавноста.

Член 17

Доколку организацијата престане да ги исполнува критериумите за полноправно членство во НМСМ како Младинска организација во смисла на став 3 од член 16 од овој Статут, а ги исполнува критериумите за членство како Организација за млади, Генералното собрание на почетокот на првата наредна седница ќе констатира соодветна категоризација на организацијата како Организација за млади.

Организации за млади

Член 18

За да се стекнат со статус полноправни членки, организациите категоризирани како Организации за млади потребно е да ги исполнуваат следните критериуми:

  1. Искуство со работа со млади и застапување на интересите на младите од најмалку 3 години;
  1. Во структурата на собранието или извршниот орган да бидат присутни млади лица;
  2. Младите да се стратешки приоритет дефиниран во мисијата и во статутот на организацијата;
  1. Годишно да реализираат најмалку 10 активности, со вкупен годишен опфат од најмалку 300 млади лица кои се корисници на активностите;
  1. Буџетот на организација за последната година, според годишната завршна сметка, да изнесува најмалку 123.000 денари;
  1. Да не се членови на организација која е член на НМСМ;
  2. Да имаат ажурирана интернет страница или друга онлајн платформа за комуникација со јавноста.

Подмладоци на други организации

Член 19

За да се стекнат со статус полноправни членки, организациите категоризирани како Подмладоци на други организации потребно е да ги исполнуваат следните критериуми:

  1. Во статутот на организацијата да бидат интегрирани како составен дел на организацијата чиј подмладок се;
  2. Искуство со работа со млади и застапување на интересите на младите најмалку 3 години;
  3. Во структурата на раководството/извршниот орган да бидат присутни млади лица;
  4. Годишно да реализираат најмалку 10 активности, со вкупен годишен опфат од најмалку 300 млади лица кои се корисници на активностите;
  1. Да не се членови на организација која е член на НМСМ;
  2. Да имаат ажурирана интернет страница или друга онлајн платформа за комуникација со јавноста.

Член 20

Прекатегоризација од полноправна во придружна членка

Доколку организација членка на НМСМ престане да ги исполнува критериумите за полноправно членство во НМСМ , Генералното собрание на почетокот на првата наредна седница ќе констатира соодветна категоризација на организацијата како придружна членка, под услов организацијата да ги исполнува критериумите за придружно членство во смисла на одредбите од овој Статут.

ПРИДРУЖНО ЧЛЕНСТВО

Сојузи

Член 21

За да се стекнат со статус придружни членки, организациите категоризирани како Сојузи потребно е да ги исполнуваат следните критериуми:

  1. Искуство со работа со млади и застапување на интересите на младите најмалку 2 години;
  2. Да бидат регистрирани како Сојуз во смисла на одредбите од Законот за здруженија и фондации или други закони за здружување;
  1. Во структурата на собранието или извршниот орган да бидат присутни млади лица;
  2. Младите да се стратешки приоритет дефиниран во мисијата и во статутот на организацијата;
  1. Годишно да реализираат најмалку 10 активности, со вкупен годишен опфат од најмалку 200 млади лица кои се корисници на активностите;
  1. Буџетот на организацијата за последната година, според годишната завршна сметка, да изнесува најмалку 61.500 денари;
  1. Да не се членови на организација која е член на НМСМ;
  2. Да имаат ажурирана интернет страница или друга онлајн платформа за комуникација со јавноста.

Младински организации

Член 22

За да се стекнат со статус придружни членки, организациите категоризирани како Младински организации потребно е да ги исполнуваат следните критериуми:

  1. Искуство со работа со млади и застапување на интересите на младите најмалку 2 години;
  2. Две третини од структурата на собранието или извршниот орган да бидат составени од млади лица;
  1. Да работат според принципот „млади за млади“;
  2. Целта, статутот и активностите на организацијата да бидат поврзани со работа со млади;
  3. Годишно да реализираат најмалку 10 активности, со вкупен годишен опфат од најмалку 200 млади лица кои се корисници на активностите;
  1. Буџетот на организацијата за последната година, според годишната завршна сметка, да изнесува најмалку 61.500 денари;
  1. Да не се членови на организација која е член на НМСМ;
  2. Да имаат ажурирана интернет страница или друга онлајн платформа за комуникација со јавноста.

Организации за млади

Член 23

За да се стекнат со статус придружни членки, организациите категоризирани како

Организации за млади потребно е да ги исполнуваат следните критериуми:

  1. Искуство со работа со млади и застапување на интересите на младите најмалку 2 години;
  2. Во структурата на собранието или извршниот орган да бидат присутни млади лица;
  3. Младите да се стратешки приоритет дефиниран во мисијата и во статутот на организацијата;
  1. Годишно да реализираат најмалку 10 активности, со вкупен годишен опфат од најмалку 200 млади лица кои се корисници на активностите;
  1. Буџетот на организацијата за последната година, според годишната завршна сметка, да изнесува најмалку 61.500 денари;
  1. Да не се членови на организација која е член на НМСМ;
  2. Да имаат ажурирана интернет страница или друга онлајн платформа за комуникација со јавноста.

Подмладоци на други организации

Член 24

За да се стекнат со статус придружни членки, организациите категоризирани како Подмладоци на други организации потребно е да ги исполнуваат следните критериуми:

  1. Во статутот на организацијата да бидат интегрирани како составен дел на организацијата чиј подмладок се;
  1. Искуство со работа со млади и застапување на интересите на младите најмалку 2 години;
  2. Во структурата на раководството/одборот да бидат присутни млади лица;
  3. Годишно да реализираат најмалку 10 активности, со вкупен годишен опфат од најмалку 200 млади лица кои се корисници на активностите;
  1. Да не се членови на организација која е член на НМСМ;
  2. Да имаат ажурирана интернет страница или друга онлајн платформа за комуникација со јавноста.

За секакви прашања обратете се на info@nms.org.mk или на 078 350 531.

Ја очекуваме вашата апликација!

Leave a comment