Повик за проектен асистент

logo na bela pozadina

Национален младински совет на Македонија(НМСМ) има потреба од Проектен/на асистент/ка за ефикасно и ефективно имплементирање на активностите од  Проектот на УСАИД за граѓанско учество како и други организациски и проектни активности.

Опис на работни задачи на Проектен/на асистент/ка:

  • Спроведување на проектни активности во координација со проектен координатор и координатор за комуникација;
  • Подготовка и реализација на логистички активности настани;
  • Подготовка на содржини за зголемување на видливоста на активностите кои произлегуваат од проектот;
  • Oрганизација и учество на обуки и состаноци кои произлегуваат од проектот;
  • Комуникација со проектни партнери и соработници
  • Подготовка на извештаи за организираните активности и својата работа;
  • Организација, имплементација и поддршка на останати активности на НМСМ;
  • Редовна координација со Генералниот секретар, Управен одбор и останатите членови на секретаријатот за тековни работи и обврски на Секретаријатот.

Потребни знаења и вештини на кандидатите:

  • Високо образование (во тек или завршено);
  • Искуство во подготовка и реализација на настани;
  • Одлично познавање на Microsoft Office алатките, познавање на алатки за дизајнирање и креирање на интерактивни содржини ќе се смета за предност;
  • Одлични комуникациски вештини, со високо ниво на говорен и пишан Англиски јазик.
  • Познавање на Албански јазик ќе се смета за предност;
  • Познавање и искуство  со водење на социјални мрежи ;
  • Вештини за обработка на податоци;
  • Познавање на административно – техничките процедури на меѓународните донатори ќе се смета за предност;
  • Способност да работи со тим, под притисок и во ограничена временска рамка;
  • Способност за непречена комуникација со организации, добавувачи и партнери;
  • Познавање на работата на НМСМ, како и на граѓанскиот сектор во Р. Македонија ќе се смета за предност;
  • Членување во организација членка на НМСМ ќе се смета за предност;
  • Проактивност и висока исполнителност со минимален надзор;
  • Можност да работи за време на викенди;
  • Можност да патува во рамките на државатa и надвор за потребите на организацијата.

Услови за работа:

Позицијата е со работно време од 40 часа неделно во Скопје. Селектираните кандидати ќе бидат ангажирани со потпишување на договор за 6 месеци со еден месец пробен период, со можност за продолжување.

Плата: 21,000 денари нето.

Рок и начин на пријавување:

Сите заинтересирани кандидати треба да ги достават следниве документи:

–  Кратка биографија  (CV на македонски јазик);
– Мотивациско писмо на македонски јазик.

На електронската адреса  applications@nms.org.mk  со наслов/назнака [име и презиме] Апликација за работно место – Проектен асистент во НМСМ.

Рокот за поднесување на апликации е 12 септември 2019 година (четврток), до 13:00 часот.

Начин на селекција:

Кандидатите кои ќе бидат селектирани во прв круг, ќе бидат поканети на разговор во периoдот од 16 до 18 септември, 2019 во Скопје. Се очекува селектираното лице да започне со работа најдоцна до 24 септември, 2019 година.

Само кандидатите кои ќе бидат селектирани за интервју ќе бидат контактирани. НМСМ го задржува правото да го пролонгира конкурсот доколку смета дека истото е потребно.

Leave a comment