ПОВИК ЗА РАБОТНА ПОЗИЦИЈА ПРОЕКТЕН КООРДИНАТОР – ИСТРАЖУВАЧ ВО РАМКИ НА ПРОЕКТОТ “Youth Wiki” (Јутвики)

ПОВИК

ЗА РАБОТНА ПОЗИЦИЈА ПРОЕКТЕН КООРДИНАТОР – ИСТРАЖУВАЧ

ВО РАМКИ НА ПРОЕКТОТ “Youth Wiki” (Јутвики)

 

„Јутвики/Youth Wiki[1] “е првата онлајн енциклопедија на Европа на националните структури, политики и активности за поддршка на младите луѓе која е основана од Европската Комисија. Главната цел е да им помогне на Европската комисија и земјите-членки во нивното донесување одлуки, преку обезбедување информации за состојбата на реформите и иницијативите. Платформата, исто така, овозможува размена на информации и иновативни пристапи и поддржува активности за учење на учесници. Република Македонија е една од државите вклучена во иницијативата и за сумирање, а Националниот младински совет на Македонија ги реализира активностите од Јутвики и за таа цел имаме потреба од истражувач кој ќе работи во Секретаријатот на НМСМ во период од четири месеци (со можност за продолжување).

 

Опис на работни задачи

  • Селекција и обработка на информации и податоци од Република Македонија за ажурирање на 9 поглавја на Јутвики: (а) Општ преглед на младинска политика, б) Волонтерски активности, в) Учество, г) Социјална вклученост, д) Вработување и претприемништво, ѓ) Здравје и благосостојба, е) Образование и обука, ж) Младите и светот, и з) Култура и креативност;
  • Креирање на методологија и алатки за собирање на информации и податоци од институциите во Република Македонија;
  • Креирање на наративни извештаи врз основа на добиените податоци.

 

Профил на кандидатот за истражувач

  • Високо развиени аналитички вештини;
  • Познавање на методологија за истражување;
  • Способност за сумирање и претставување на истражувачки наоди во лесно разбирливи текстови и пораки;
  • Одлично познавање на македонски и англиски јазик, познавање на албански јазик ќе се смета за предност;
  • Познавање на националните документи и политики за млади;
  • Одлични меѓучовечки и комуникациски вештини;
  • Проактивност и висока исполнителност со минимален надзор;
  • Способност за работење во динамична работна средина;
  • Можност да работи од канцеларија базирана во Скопје;
  • Да има капацитет да презема и извршува обврски со строго почитување на зададените рокови и да направи приоритет на работа;
  • Да има капацитет да работи со луѓе со различна социјална и културна позадина;
  • Да е способен/на да работи по сопствена иницијатива.

 

Потребни знаења и вештини за Проектен координатор – истражувач

  • Најмалку 3 годишно релевантно работно искуство;
  • Работно искуство кое вклучува спроведување на истражувачки проекти, а особено истражувачки проекти од областа на младите ќе се смета за предност
  • Компетентност да собира, анализира и пренесува информации;
  • Да е запознаен со работата на НМСМ, како и на граѓанскиот сектор во Р.Македонија;
  • Напредно познавање на MS Office: Word, Excel, PowerPoint (задолжително);
  • Познавање на софтвери за обработка на податоци (SPSS, Stata или друг софтвер за анализа на податоци) (задолжително);
  • Познавање и искуство со софтверски алатки за собирање на податоци од интервјуа и анкети (LimeSurvey, Typeform или други софтверски алатки) (пожелно).

 

Услови за работа:

Позицијата е со работно време од 40 часа неделно. Селектираните кандидати ќе бидат ангажирани со потпишување на договор за 4 месеци, со можност за продолжување.

Хонорар: 21.000 денари нето.

Рок и начин на пријавување

Сите заинтересирани кандидати треба да ги достават следниве документи:

– Кратка биографија;
– Мотивациско писмо;
– Прилог со референци или извадоци од Ваш пишан труд.

 

Сите кандидатури треба да пристигнат по електронска пошта на следната адреса:

applications@nms.org.mk
со назнака: Пријава за истражувач – НМСМ

најкасно до 18.09.2018 година, 12 часот.

 

Начин на селекција:

Кандидатите кои ќе бидат селектирани во прв круг, ќе бидат поканети на разговор во периoдот од 19 до 25 септември. Се очекува селектираното лице да започне со работа најдоцна до 01 октомври, 2018 година.

 

Само кандидатите кои ќе бидат селектирани за интервју ќе бидат контактирани. НМСМ го задржува правото да го пролонгира конкурсот доколку смета дека истото потребно.

 

[1] https://eacea.ec.europa.eu/national-policies/en/youthwiki

Leave a comment