Повик за тренер и ментор за фотографија во проектот “Balkan Girl Power”

Краток опис на проектот:

Проектот  “The Balkan Girl Power” обезбедува можности за девојките од Западен Балкан,  (Албанија, Македонија, Косово, Србија и Црна Гора) меѓусебно да ја развијат и споделат, преку фотографија, заедничката визија за нивните земји и западно-балканските општества во кои жените играат активна општествена улога, рамо до рамо со мажите и момчињата, поттикнувајќи го процесот на интеграција кон ЕУ.

Овој проект е финансиран од Фондот за Западен Балкан и се имплементира од страна на Social Contract Institute (SCI – Албанија), Артополис Центар (Косово), Национален младински совет на Македонија (Македонија), iACT (Црна Гора) и Организација за промоција на активизам (Србија).

SCI и останатите четири партнери ќе селектираат девојки (на возраст меѓу 16 и 26 години) заинтересирани за осознавање на нивните перспективи во насока на ЕУ интеграцијата преку фотографија и во соработка со девојки од останатите земји за споделување на нивните идеи и перспективи за сопствената иднина.

Задачи на тренерот:

Националниот младински совет на Македонија ќе ангажира тренер и ментор за фотографија кој треба да одговори на следните задачи:

  • Да реализира тренинг на тема „Изрази се себе си преку фотографија“ за 20 девојки кои ќе учествуваат во проектот “Balkan Girl Power” во Македонија, за тоа како да прават интересни фотографии за да ги документираат и рефлектираат нивнитите идеи, секојдневија и во поширок контекст – перспективи на нивната земја за аспирациите кон Европската унија;
  • Да ги менторира учесничките во процесот на фотографирање и да им асистира при селекција на 5 најдобри фотографии од секоја учесничка кои ќе бидат објавени на онлајн платформата “Balkan Girl Power”;
  • Доколку се појави потреба, да воспостави контакт со фотографката – Лала Меридит Вула во насока на дискусија и насока околку процесот на менторирање;
  • Да придонесува кон дискусиите на учесничките во контекст на содржините кои ќе се објавуваат на онлајн плаформата и фејсбук страницата;
  • Во соработка со Лала Меридит Вула:
  • Селектира најдобри фотографии кои ќе бидат изложени на изложбата “The Balkan Girl Power“
  • Селектира победнички на наградата во рамки на The Balkan Girl Power (по една од секоја земја) за најдобите изложени фотографии.

Продукти:

Од тренерот ангажиран за проектот се очекува да го испорача следното:

  • Агенда и материјали за тренинг на тема „Изрази се себе си преку фотографија“;
  • Досие (работни часови, копии од електорнската комуникација со учесничките, инпут кон дискусиите за онлајн платформата);
    Пишани сугестии за:
  • Според нив најдобрата фотографија од Македонија изложена на изложбата “Balkan Girl Power” во Тирана;
  • Предлог добитници на наградите за најдобри фотографии изложени за изложбата “Balkan Girl Power” во Тирана.

Квалификации:

Кандидатот треба да одговара на следните квалификации:

  • Портфолио кое може да потврди успешна кариера како фотограф и уметник;
  • Искуство во предавање и обучување;
  • Да има солидни познавања од областа на родовите прашања и да поттикнува феминистичка перспектива кон истите;
  • Да поддржува прогресивни идеи, како интеграција на Република Македонија кон Европската Унија;
  • Да биде ентузијаст кон целите на проектот “Balkan Girl Power”;
  • Способност за тимска работа и комуникациски вештини.

Начин на аплицирање:

Сите заинтересирани кандитат(к)и за позицијата, можат да аплицираат доставувајќи ги на application@nms.org.mk следнте документи:

Нецелосните апликации нема да бидат земени предвид во процесот на селекција.

Апликациите треба да се достават најдоцна до 10 јули 2018.

Leave a comment