Повик за учество во Младинска инспиративна група МК на НМСМ

Untitled Design (3)

Националниот младински совет на Македонија отвара повик за вклучување нови членови во работно тело за истражување и креирање на политики, YIG MK (Youth Inspiration Group MK). По процесот на селекција кон YIG MK групата ќе имаат можност да се приклучат меѓу 3 и 5 млади луѓе кои ќе пројават желба и мотивација за дејствување во рамки на групата.

 

Што претставува YIG МК ?

YIG MK групата ќе биде задолжена за истражување и анализа на мерките за вработување на млади во Р.Македонија и ќе служи како советодавно тело во сите релевантни процеси во рамките на НМСМ. Оваа група ќе започне со работа веднаш по затварањето на повикот и селекција на членовите.

 

Главни задачи на YIG MK ќе бидат:

  • Да ја поддржува работата на НМСМ во анализата на мерките за вработување за млади во Р.Македонија;
  • Континуирано да ја следи состојбата со младинска невработеност во Македонија;
  • Да изработува извештаи од спроведените анализи;
  • Да доставува препораки и заклучоци врз основа на спроведените анализи и истражувања.

 

Важни карактеристики на YIG MK:

  • YIG MK групата брои до 10 претставници на организации членки на НМСМ (во групата може да учествуваат до 5 преставници од претходниот состав на  YIG MK);
  • Претставниците треба да се на возраст од 18 до 30 години;
  • Членовите на групата задолжително ќе треба да учествуваат на две подготвителни обуки организирани од Секретаријатот на НМСМ;
  • Учеството во оваа група е целосно на волонтерска основа, освен покривањето на основните трошоци (транспорт, храна, освежување);
  • Групата ќе се состанува максимум 1 месечно и е предвидено да работи онлајн;
  • Посакувано е заинтересираните да имаат основни знаења во областа на градење политики, младинско учество и права за вработување на младите;
  • Оваа група ќе има мандат од една година и ќе постои во склоп на НМСМ.

 

Доколку сакате да бидете дел од оваа група и да учествувате директно во работата на НМСМ, Ве молиме испратете ни ваша кратка биографија и мотивациско писмо на applications@nms.org.mk  до 05.09.2017, 23:59 часот.

 

Leave a comment