Повик за волонтери во НМСМ

povik

Секретаријатот на Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) објавува повик за вклучување на волонтери во канцеларијата на НМСМ во Скопје.

 

ПРОФИЛ НА ВОЛОНТЕРОТ:

–          Желба за стекнување нови знаења

–          Интерес за користење интернет и социјални мрежи

–          Познавање на фотографија

–          Познавање на работата на НМСМ, како и на граѓанскиот сектор во Р.Македонија

–          Одлично познавање на македонски и англиски јазик, познавање на албански јазик ќе се смета за предност

 

ОДГОВОРНОСТИ НА ВОЛОНТЕРОТ:

–          Креирање и објавување содржини на mladi.mk

–          Креирање и имплементирање на план за дигитални содржини

–          Визуелно презентирање на содржини во форма на инфографици, постери и банери

–          Менаџирање Вордпрес и други алатки за креирање дигитални содржини

–          Користење алатки за аналитика на содржините.

 

Период на волонтирање: 15 јули – 15 октомври

Локација на волонтирање: ОНЛАЈН

Волонтерски ангажман: до 5 работни часови неделно

Волонтерски надомест: НМСМ ќе ги покрие сите неопходни трошоци за волонтерот како храна и пат доколку е потребно. НМСМ не предвидува исплаќање на волонтерски надоместок.

 

Начин на пријавување: Вашето CV испратете го на  applications@nms.org.mk со назнака ПРИЈАВА за ВОЛОНТЕР, најдоцна до 12 јули 2017 год, 16 часот.

Leave a comment