Продолжен повик за ангажирање на мобилизатори (двигатели) на заедницата

logo-na-bela-pozadina (1)

Националниот младински совет на Македонија како партнер на Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС), работи на проектот “Поддршка на изборните реформи во Република Северна Македонија”. Проектот е на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) и има за цел да ги поддржи демократските и веродостојни изборни процеси кои го олеснуваат политичкото учество и социјалната интеграција со тоа што на гласачите им овозможуваат да ги изберат своите претставници и од нив да бараат отчетност.

За целите на проектот, проектниот тим ангажира мобилизатори (двигатели) на заедницата. Повеќе информации за условите и начинот на аплицирање може да најдете ТУКА.

Рок за аплицирање: 15.12.2019, 23:59h.

e-mail: applications@nms.org.mk

* НМСМ го задржува правото да го пролонгира конкурсот доколку смета дека за истото има потреба

Leave a comment