ПРОДОЛЖЕН ПОВИК ЗА ИЗБОР НА ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР НА НАЦИОНАЛНИОТ МЛАДИНСКИ СОВЕТ НА МАКЕДОНИЈА

logo-na-bela-pozadina (1)

Согласно член 61 и 64 од Статутот на Националниот младински совет на Македонија, Управниот одбор на Националиот младински совет на Македонија донесе одлука за распишување на:

ОГЛАС ЗА ИЗБОР НА ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР НА НАЦИОНАЛНИОТ МЛАДИНСКИ СОВЕТ НА МАКЕДОНИЈА

Рок и начин на пријавување

Сите заинтересирани кандидати треба да ги достават следниве документи:

  • Кратка биографија;
  • Мотивациско писмо;
  • Најмалку две препораки од претходни работодавачи/лица коишто се запознаени со работата на апликантот

Сите кандидатури треба да пристигнат по електронска пошта на следната адреса: applications@nms.org.mk  со назнака: Пријава за Генерален секретар на НМСМ

Рокот за поднесување на сите кандидатури е продолжен до 30.04.2020г, 23:59 часот.

Главни задачи на позицијата Генерален секретар:

  • Раководење со Секретаријатот на НМСМ;
  • Претставување и застапување на НМСМ;
  • Спроведување на политиките на НМСМ во насока на остварување на мисијата и визијата на НМСМ

Задачи и одговорности на Генералниот секретар:

  • Го претставува и го застапува НМСМ во правниот промет и кон трети лица;
  • Раководи со средствата на НМСМ согласно можностите и потребите и во согласност со позитивните законски прописи и со внатрешните правилници и регулативи на НМСМ;
  • Ја спроведува политиката, заклучоците и одлуките донесени од Управниот одбор или Собранието;
  • Соработува со членовите на Управниот одбор за прашања во врска со реализацијата на програмата, одлуките и останатите акти на органите на НМСМ и други прашања од областа на тековното работење на НМСМ;
  • Ги определува работните тимови кои ќе ги подготвуваат и спроведуваат проектите и програмите на НМСМ и го следи нивното спроведување;
  • Ја предлага организациската структура на Секретаријатот
  • Ја одредува и спроведува политиката за човечки ресурси на извршната канцеларија, како и политиката на мотивација и санкционирање;
  • Одговорен/на е за изготвување и поднесување на годишниот програмски извештај до управниот одбор на НМСМ. Одговорен е за поднесување на финансискиот извештај до управниот одбор на НМСМ, кој го подготвува финасискиот раководител во НМСМ;
  • Го координира процесот на прибирање на финансиски средства за НМСМ;
  • Раководи со процесот на изработка на стратешки, годишен и акциони планови на организацијата во соработка со Управниот одбор;
  • Одговорен/на е за спроведување на Стратешкиот план и Годишната програма на НМСМ;
  • Го координира изготвувањето на проектните, програмските буџети и единствениот организациски буџет, финансиските извештаи до донаторите;
  • Ги одобрува пресметките за исплата на плати на вработените и води сметка за навремено исполнување на сите законски обврски поврзани со административно финансиското работење;
  • Го раководи институционалниот развој и јакнењето на капацитетите на персоналот на НМСМ во соработка со Управниот одбор;
  • Ја координира работата на координаторите и останатите членови на Секретаријатот;
  • При вработувања во НМСМ, дава предлог за кандидат до Управниот одбор на НМСМ;
  • Во договор со Управниот одбор извршува и други задачи и презема одговорности кои се во рамки на позицијата и предвидени со Статутот и правилниците на НМСМ.

Потребни знаења и вештини на кандидатите за Генерален Секретар

Квалификации:

  • Минимум 3 години соодветно работно искуство во граѓански сектор и/или во раководење на проектен циклус (неопходно)
  • Високо образование ќе се смета за предност (пожелно)
  • Работно искуство на раководна позиција ќе се смета за предност (пожелно)

Специфични знаења и искуства поврзани со соодветната позиција:

  • Финансиско раководење (неопходно);
  • Менаџмент на човечки ресурси (неопходно);
  • Програмски и проектен менаџмент на долгорочни проекти финансисирани од меѓународни донатори (неопходно);
  • Познавање на англиски јазик (неопходно);
  • Познавање на албански јазик (пожелно);
  • Искуство во мрежни типови на организации (пожелно);
  • Познавање на организациски менаџмент и институционален развој (неопходно).

Лични карактеристики и вештини:

  • Лидерски вештини (неопходно);
  • Професионалност и посветеност (неопходно);
  • Комуникациски вештини (неопходно);
  • Работа со куси временски рокови (неопходно);
  • Транспарентност (неопходно);
  • Тимска работа (неопходно);
  • Лојалност кон организацијата и нејзините цели (неопходно);
  • Презентирачки вештини (неопходно);
  • Преговарачки вештини (неопходно);
  • Посветеност кон вклучување на целните групи (неопходно).

Услови за работа:

Позицијата е со полно работно време (40 часа неделно, со 3 месеци пробен период), повремена работа за викенди и вклучува патување.

Мандатот на Генералниот секретар е 3 години со можност за реизбор.

Износ на плата:  од 48 112 денари до  67 278 денари, бруто сума, во зависност од искуство.

Начин на селекција:

Кандидатите кои ќе бидат пред-селектирани, ќе бидат поканети на разговор со Управниот одбор на НМСМ. Се очекува селектираното лице да започне со работа веднаш по донесената одлука на Управниот одбор на НМСМ, но не подоцна од 20.05.2020г.

Рокот за поднесување на кандидатури е 30.04.2020, до 23:59 часот. Сите кандидатури треба да пристигнат по електронска пошта на следната адреса: applications@nms.org.mk

Само пред-селектираните кандитати ќе бидат известени за резултатите.

Leave a comment