Продолжен повик за Координатор за членство во НМСМ

logo-na-bela-pozadina (1)

НАЦИОНАЛЕН МЛАДИНСКИ СОВЕТ НА МАКЕДОНИЈА (НМСМ) ИМА ПОТРЕБА ОД КООРДИНАТОР ЗА ЧЛЕНСТВО ЗА ЕФИКАСНО И ЕФЕКТИВНО ИМПЛЕМЕНТИРАЊЕ НА ПРОГРАМСКИТЕ И ПРОЕКТНИТЕ АКТИВНОСТИ НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА

Опис на работни задачи за Координаторот за членство:

  • Соодветна, квалитетна и навремена комуникација со организациите членки на НМСМ;
  • Подготовка и реализација на план за редовни периодични средби со организациите членки;
  • Редовна комуникација со Комисија за членство и поддршка на нејзината работа пред одржување на Генералното собрание на НМСМ;
  • Детектирање на можности за членство на други потенцијални организации и привлекување нови членови;
  • Координација на работата на Регионалните канцеларии на НМСМ, организирање на средби со регионалните координатори, редовна комуникација со регионалните координатори и обезбедување информации за активностите на локално ниво;
  • Развивање и примена на механизми за детектирање на потребите и преференциите на организациите членки на НМСМ и проследување на истите до Управен одбор на НМСМ;
  • Соодветно вклучување на организациите членки во процесите на стратешко, годишно и проектно планирање и обезбедување навремен содржински придонес од организациите членки во подготовка на плановите и проектите;
  • Идентификување потреби за развој на капацитети на организациите членки, подготовка на план за градење капацитети и координација на организациите членки на НМСМ за учество во процесот на градење капацитети
  • Успешно и навремено планирање, спроведување и координирање на конкретни проектни активности за кои би бил/а задолжен/а;
  • Изработка на мониторинг и евалуациски матрици и нивна имплементација за потребите на проектното работење
  • Подготовка на наративни (периодични и финални извештаи) за донатори, Собрание, Генерален секретар и Управен одбор на НМСМ;
  • Поддршка во подготовката на покани за настани на НМСМ во координација со членовите на секретаријатот;
  • Редовна координација со Генералниот секретар, Управен одбор и останатите членови на Секретаријатот за тековни работи и обврски на Секретаријатот.

Потребни знаења и вештини за Координаторот за членство

  • Да е запознаен со работата на НМСМ, како и на граѓанскиот сектор во државата.
  • Познавања и претходно искуство во граѓанскиот/младинскиот сектор, посебно во водењето на мрежи/совети и/или младинска организација и младински политки во рамките на Македонија;
  • Минимум две години соодветно работно искуство, во мрежни типови на организации;
  • Искуство во аплицирање, имплементирање и мониторинг на проектни активности за млади;
  • Познавање за процесите на градење капацитети;
  • Искуство во плаирање и имплементација на мониторинг и евалуација;
  • Одлични комуникациски вештини, комуникациска сензитивност и коректност;
  • Напредно познавање на MS Office: Word, Excel, PowerPoint;
  • Високо ниво на говорен и пишан англиски јазик. Познавање на албански јазик ќе се смета за предност;
  • Членување во организација членка на НМСМ ќе се смета за предност;
  • Проактивност и висока исполнителност со минимален надзор;
  • Подготвеност и способност да работи со тим, под притисок и во ограничена временска рамка;
  • Можност да работи од канцеларија базирана во Скопје;
  • Да има капацитет да работи со луѓе со различна социјална и културна позадина;
  • Флексибилност околу работното време и можност да работи за време на викенди;
  • Можност да патува во рамките на државатa и надвор од неа за потребите на организацијата.

Услови за работа:

Позицијата е со работно време од 40 часа неделно. Селектираните кандидати ќе бидат ангажирани со потпишување на договор за 3 месеци, со можност за продолжување.

Почетната плата ќе изнесува од 23.000 до 25.000 денари нето, со можност за зголемување во зависност од проектните ангажмани и резултатите од работата во пробниот период од 3 месеци.

Рок и начин на пријавување 

Сите заинтересирани кандидати треба да ги достават следниве документи:

  • Кратка биографија;
  • Мотивациско писмо;

Сите кандидатури треба да пристигнат по електронска пошта на следната адреса: applications@nms.org.mk со назнака: Пријава за Координатор за членство на НМСМ најдоцна до 06.12.2019 година, 23:59 часот.

Начин на селекција:

Кандидатите кои ќе бидат селектирани во прв круг, ќе бидат поканети на тестирање и интервју. Се очекува селектираното лице да започне со работа веднаш по завршување на процесот. Кандидатите со непотполни документи и апликација доставена после рокот, нема да бидат разгледувани.

Само кандидатите кои ќе бидат селектирани за интервју ќе бидат контактирани.

*НМСМ го задржува правото да го пролонгира конкурсот доколку смета дека истото потребно.

Leave a comment