Продолжување на повик за членови на Комисија за членство на Национален младински совет на Македонија

logo na bela pozadina

Рок: 21 април 2019 година | 23:59 часот

Во пресрет на редовното годишно Собрание, Национален младински совет на Македонија отвара повик за членови на Комисијата за членство.

Национален младински совет на Македонија (НМСМ) ги повикува сите заинтересирани членови на организациите членки на НМСМ да се пријават и да бидат дел од Комисијата за членство на НМСМ која ќе ги разгледува апликациите за членство и ќе врши ревизија на постојаното членство.

Секој номиниран кандидат ќе има можност да ја претстави својата номинација за време на Генералното собрание. Изборот ќе се врши по пат на гласање од страна на полноправните членки на НМСМ на Генералното собрание.

Според Статутот на НМСМ, Комисијата за членство е претставена преку:

Член 36

Собранието на НМСМ формира Комисија за членство, независно тело кои ги разгледува апликациите за членство и врши ревизија на постојаното членство. Комисија за членство се формира од Собранието на НМСМ на предлог на членките. Комисијата се состои од три члена со мандат од две години. Работата на комисијата се уредува со посебен акт.

Комисијата за членство ги има следните улоги и задачи:

  • Да собира документи од организации членки за проверка на исполнување на критериумите за членство;
  • Со поддршка на Секретаријат и Управен одбор да ги контактира организациите членки и апликанти за појаснување на доставените податоци или дополнување на документацијата;
  • Да врши проценка дали организацијата членка или апликант за членство ги задоволува/исполнува критериумите за членство на НМСМ;
  • Да одржува директен контакт со организациите кои аплицирале за членство во НМСМ при разгледување на нивните апликации за членство;
  • Да го констатира статусот на организациите во НМСМ и кандидатите членство во НМСМ и за тоа да го извести Управниот одбор и Генералното собрание на НМСМ.
  • Со претставници на УО и Секретаријат врши редовни посети на членки на НМСМ и на потенцијални и кандидати за членки

Сите организации членки имаат право на номинација за еден член од својата организација.  

Пријавувањето се врши со:

  • Писмо за поддршка од организација која што го номинира;
  • CV на кандидатот;
  • Мотивациско писмо.

Номинираното лице мора да биде на возраст од 18-35 години. Пријавите треба да се испратат на електронската адреса на НМСМ, applications@nms.org.mk,  најдоцна до 21 април 2019 година, 23:59 часот, со назнака: „Номинација за член на Комисија за членство на НМСМ“.

За повеќе информации посетете ја канцеларијата на Национален младински совет на Македонија лоцирана на ул. Аминта Трети 29/1-3, Скопје или обратете се на електронската адреса на НМСМ info@nms.org.mk  или на телефонскиот број +38978 350 531.

Leave a comment