Продолжување на повик за номинирање на Претседател на Национален младински совет на Македонијa

logo na bela pozadina

Рок: 21 април 2019 година | 23:59 часот

Во пресрет на редовното годишно Собрание, Национален младински совет на Македонија отвара повик за номинирање на Претседател. Национален младински совет на Македонија (НМСМ) ги повикува сите заинтересирани членови на организациите членки на НМСМ да се пријават и да бидат дел од раководството на НМСМ.

Секој номиниран кандидат ќе има можност да ја претстави својата номинација за време на Генералното собрание. Изборот ќе се врши по пат на тајно гласање од страна на полноправните членки на НМСМ на Генералното собрание.

Според Статутот на НМСМ Претседателот e претставен преку:

Член 50

Претседателот е  самостоен орган кој го застапува и претставува НМСМ, а за својата работа одговара пред Собранието на НМСМ.

Претседателот на НМСМ е член на Управниот одбор по функција и раководи со неговото работење.

Претседателот на НМСМ се избира со мандат во времетраење од две години, со можност за еден реизбор.

Претседателот го избира Собранието на НМСМ со мнозинство гласови од вкупниот број гласови на Собранието.

Доколку ниту еден од кандидатите не го освои мнозинството од став 4, се организира втор круг на гласање во кој учествуваат прворангираниот и второрангираниот кандидат според бројот на гласови.

Во вториот круг за избран ќе се смета оној кандидат кој освоил мнозинство гласови од гласовите претставени на Собранието, но не помалку од 1/3 од вкупниот број гласови.

Доколку на изборите е кандидиран само еден кандидат, истиот ќе се смета за избран доколку  освои мнозинство гласови од гласовите претставени на Собранието, но не помалку од 1/3 од вкупниот број гласови.

Член 51

Претседателот се грижи работата на НМСМ да биде во согласност со Уставот, законските и подзаконските прописи, како и во согласност со Статутот и другите акти на НМСМ, и се грижи за спроведување на одлуките на органите на НМСМ.

Претседателот на НМСМ е овластен да презема дејствија во врска со сите тековни активности на НМСМ, со исклучок на донесување одлуки и преземање на дејствија кои се во надлежност на Собранието и Управниот одбор.

Според член 52 од Статутот на НМСМ, Претседателот ги има следниве надлежности:

– Претседава со седниците на Собранието и Управниот одбор на НМСМ;

– Ја следи работата и врши координација на извршните и оперативните органи и тела на НМСМ во врска со утврдените активности и се грижи за редовно вршење на работите кои се извршуваат во рамките на НМСМ;

– Одговорен е за спроведување на одлуките на Собранието и Управниот одбор на НМСМ;

– Врз основа на одлука на Управниот одбор отвора и затвора банкарски сметки на НМСМ;

– Го преставува НМСМ на повик, или по лична иницијатива на настаните, манифестациите, состаноците и собирите кои ги организира НМСМ, неговите членови, други меѓународни и национални организации, органите на државата, единиците на локалната самоуправа и останатите органи и организации, доколку е тоа во согласност со целите на НМСМ, а по претходна консултација со УО;

– Поднесува извештај за работата на НМСМ во мандатниот период;

– Се грижи за усогласеноста на финансиско-материјалното работење на НМСМ со законските прописи;

– Врши други работи во согласност со закон, овој Статут, интерните акти на НМСМ и актите на Собранието.

Сите организации членки имаат право на номинација за еден член од својата организација.  

Пријавувањето се врши со:

Номинираното лице мора да биде на возраст од 18-35 години. Пријавите треба да се испратат на електронската адреса на НМСМ, applications@nms.org.mk најдоцна до  21 април 2019 година, 23:59 часот со назнаката: „Номинација за Претседател на НМСМ“

За повеќе информации посетете ја канцеларијата на Национален младински совет на Македонија лоцирана на ул. Аминта Трети 29/1-3, Скопје, обратете се на електронската адреса на НМСМ, info@nms.org.mk  или на телефон 078 350 531.

Leave a comment