Што е НМСМ

Што е НМСМ?

Националниот младинскиот совет на Македонија НМСМ e сојуз на здруженија во кој на доброволна основа членуваат здруженија и фондации од Република Македонија. НМСМ е основана на 29 јуни 2013 година од страна на 55 организации.

НМСМ е претставничко тело на младинските организации во Македонија. НМСМ обединува 49 организации: 21 младински организации, 15 организации за млади, 1 сојуз, 8 подмладоци на политичките партии и 4 придружни членки, со цел да се промовираат и застапуваат младите и правата на младите во Македонија.

Членството на НМСМ е разновидно, обединувајќи организации кои работат на национално и регионално ниво, рурални и урбани средини, студентски организации, ограноци на меѓународни организации и други типови на здруженија. Во процесот на остварување на своите цели, НМСМ ги застапува интересите на младите во Република Македонија без разлика на нивната социо-економска положба, пол, раса, етничко и културно потекло, политичкото и верското уверување, сексуална ориентација, родов идентитет или било која друга форма на разлика.

Од 29 ноември 2015 година, Националниот младински совет на Македонија е дел од европското семејство на младински организации, Европски младински форум ЕМФ.