Те каниме на YO! Fest

YofestFBBanner3

Каде те каниме?

На YO! Fest 2018 во Стразбур!

Фестивалот ќе се одржи на 1 и 2 јуни 2018 година и активно ќе учествуваат повеќе од  8000 млади од цела Европа.
Националниот младински совет на Македонија е официјален партнер на овогодинешното издание на YO! Fest каде ќе спроведува активност и затоа ги каниме сите млади на возраст од 18 до 30 години да ни се придружат во Стразбур!

Која е нашата цел и тема?

Да го зголемиме интересот на младите да бидат ангажирани на локално ниво, презентирајќи ги позитивните иницијативи на младите луѓе во Македонија со што ќе им обезбедат практично искуство и вештини за успешно спроведување кампањи на локално ниво.

Темата на активностите е младинскиот граѓански ангажман на локално ниво, ќе вклучува презентација на успешни иницијативи, дисеминација на прирачник за добри практики за ангажирање на млади луѓе и дискусија на тема „грас рут“ ангажирање на младите во Европа.

Што треба да направиш?

1. Сакаме да идентификуваш проблем во твоја непосредна близина;

2. Да споделиш со нас и јавноста креативно решение на проблемот;

(Можеш да фотографираш, црташ, сликаш, снимаш, монтираш или да му напишеш стих на проблемот.)

3. Твоето решение сподели го на Фејсбук или Инстаграм користејќи го хаштагот #mladimk и обележувајќи го профилот на Национален младински совет на Македонија

4. Да го пополниш овој формулар.

Рокот за аплицирање е до 10 јануари 2018. Врз основа на креативните решенија кои ќе бидат споделени, НМСМ ќе селектира максимум 15 учесници за YO! Fest 2018. Трошоците за пат, сместување и храна ќе бидат покриени од Национален младински совет на Македонија.

Предност имаат учесниците кои доаѓаат од организации членки на НМСМ.

Што очекуваме доколку бидеш избран/а?

– Да го потврдите вашето присуство потпишувајќи документ за потврда и достава на лични податоци 48 часа откако ќе бидете известени дека сте селектирани.

-Да бидете редовно вклучени во подготвителните средби за YO! Fest предводени од Секретаријатот на Национален младински совет на Македонија во периодот од март до мај.

– Да бидете активно вклучени во активностите кои ќе ги спроведува НМСМ во рамки на YO! Fest.

– Да бидете подготвени за дружење и вмрежување со млади од различни профили ширум Европа.

Leave a comment