VI циклус на структурен дијалог – Што младите очекуваат од ЕУ?

NMS_logo_MK_CMYK_HV_G-01
Национален младински совет на Македонија подготви прашалник со намера да го даде својот придонес во рамките на VI циклус на Структурен дијалог на Европска Унија  кој се фокусира на  тоа како  ЕУ  може да го подобри животот на младите луѓе. Резултатите од овој прашалник ќе ја формираат основата и ќе го дадат  фокусот на новата младинска стратегија на ЕУ 2019 -2027.
Прашалникот може да го најдете на овој линк.
Структурен дијалог е инструмент што гарантира дека мислењето на младите луѓе е земено предвид при дефинирањето на политиките на Европската Унија поврзани со младите луѓе.  Еден циклус трае 18 месеци и се однесува на конкретна тема.  Во моментот се одвива VI циклус на консултации со кој управуваат Естонија, Бугарија и Австрија.  Овој прашалник ќе  овозможи младите луѓе во Македонија  да споделат  свое мислење  за очекувањата  од Европската Унија, и да дадат препораки за подобрување на политиките за млади на Европска Унија кон Западен Балкан и Македонија во новата младинска стратегија 2019 – 2027.
Прашалникот е наменет за лица од 13 до 30 години и е изработен од страна на Управувачкиот тим за Структурен дијалог на Европската Унија.  За потребите на националнитe консултации НМСМ изврши превод на прашалникот.
Ве молиме да го споделите прашалникот со млади лица од 13 до 30 години.
Пополнувањето на прашалникот не одзема повеќе од 15 минути, а крајниот рок за пополнување е 20.02.2018 год.

Leave a comment