Владимир Ѓорѓевски од ЦЕД – Теарце е новиот младински претставник во Регионалната канцеларија за младинска соработка  (РИКО)

Untitled-1

 

Владимир Ѓорѓевски e новиот младински претставник во Управниот oдбор на Регионалната канцеларија за младинска соработка (РИКО).  Претходно, на негово место беше избрана Бојана Наумовска но поради нерегуларности во самиот процес беше донесена Одлука за поништување на нејзиниот избор од директорот на Агенцијата за млади и спорт (АМС), Дарко Каевски.

Национален младински совет на Македонија го поздравува изборот на младинскиот претставник и понатаму ќе продолжи со поддршка на овие процеси се додека ваквите заложби водат кон целокупно добро на младите и младинските организации во земјата.

Ѓорѓевски доаѓа од младинската организација членка на НМСМ – Центар за едукација и развој- Теарце, невладина организација која е основана во 2006 година и од тогаш активно работи во областа на едукација и развој во регионот на Долни Полог. Пристигнатите апликации за избор на младински претставник се отвараа на лице место и работната група утврди дека има двајца кандидати, Димитар Димитровски и Владимир Ѓорѓевски.

За нас е од исклучителна важност што по сите сторени напори, од 2016 година па наваму, младите добија транспарентен и легитимен процес во согласност со Статутот на Регионалната канцеларија за младинска соработка. Во соопштението на АМС стои дека кандидатите имаа 5 минутно излагање и презентирање за нивните познавања за РИКО, работните обврски, нивните планови и нивните гледишта за иднина. На денот на гласањето, верификационата комисија констатираше дека од 22, присутни се 15 организации, со што со ИЗБОРОТ, Македонија го доби идниот младински претставник во РИКО.

Пред да се распише новиот избор претходеа низа реакции  од младинските организации со тоа што укажуваа на недоследностите во изборот на минатиот претставник. Национален младински совет на Македонија учествуваше во изработка на Извештајот за досегашната работа на проширената работна група за избирање младински претставник во Управниот одбор на РИКО а исто така, подготви и објави записник од Увидот во документацијата за избор на младински претставник.

Leave a comment