Повик за ангажиарње на графички дизајнер

Националниот младински совет на Македонија објавува повик за ангажирање на графички дизајнер за подоготовка на дизајн на прирачници за функционирање на Националното собрание на млади и Националното советодавно тело за младински политики согласно Законот за младинско учество и младински политики за потребите на проектот „Функционални механизми за активно младинско учество на национално ниво“ . Главната цел на проектот е да се зајакне учеството на младите во процесите на носење одлуки на национално ниво преку воспоставување на механизмите во скогласност со Законот за младинско учество и младински политики. Проектот е поддржан со грант Национална интервенција на регионалниот проект „СМАРТ Балкан – Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан“ имплементиран од Centar za promociju civilnog društva (CPCD), Центар за истражување и креирање политики (ЦИКП) и Институт за демократија и медијација (ИДМ) , а финансиски поддржан од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка.
Дизајнерот ќе биде ангажиран во периодот од 15.09 – 30.09.2025 година. На повикот имаат право да се пријават сите сите заинтересирани физички и правни лица.
Се очекува дизајнерот да ги исполни следните задачи:
– Да подготви најмалку 3 предлози за дизајн на прирачниците кои ќе вклучуваат насловна страна и најмалку 2 страници со содржина;
– Да изработи дизајн на документот Прирачник со насоки за работа на Национално собрание на млади согласно Законот за младинско учество и младински политики;
– Да изработи дизајн на документот Прирачник со насоки за работа на Националното советодавно тело за младински политики согласно Законот за младинско учество и младински политики;
– Доставување на конечни верзии на дизајнираните прирачниците;
– Да одржува редовна комуникација со проектниот тим
Начин на аплицирање
Сите заинтересирани правни или физички лица потребно е да достават документи до 11.09.2025 година, на [email protected], со наслов „Апликација за графички дизајнер – SB – назив/име и презиме”. Во апликацијата потребно е да се содржани следните документи:
- Биографија на апликантот;
- Финансиска понуда (Анекс 2);
- Изјава за ексклузивност и достапност (Анекс 3);
- Изјава за непостоење на услови за исклучување на добавувач за извршување на услуги за проектот (Анекс 4, доколку аплицира правно лице).
Повеќе детали за условите и начинот на пријавување можете да најдете во документот „Услови за работа“.
Целосниот повик е достапен на следниот линк.