ПРИРАЧНИЦИ: За Националното собрание на млади и Националното советодавно тело за младински политики

Националниот младински совет на Македонија активно работи на унапредување на младинското учество и воспоставување на законските механизми преку кои младите директно влијаат врз креирањето и спроведувањето на политиките што ги засегаат.
Согласно Законот за младинско учество и младински политики, Националното собрание на млади и Националното советодавно тело за младински политики се клучните механизми за активно учество на младите.
За да ја поддржиме нивната работа, подготвивме два важни прирачници:
- Прирачник за Националното собрание на млади – нуди практични насоки за свикување на собранието, водење седници, донесување одлуки и избор на претставници, овозможувајќи транспарентност и ефикасност.
Прирачникот е достапен на следниот линк. - Прирачник за Националното советодавно тело за младински политики – обезбедува јасни насоки за мандатот, надлежностите, процедуралните чекори и транспарентното работење, поттикнувајќи активно учество и влијание на младите. Прирачникот ги објаснува изборите на младински претставници, начинот на соработка помеѓу младинските претставници и претставниците на институциите, донесувањето одлуки, улогата на претставниците и механизмите за отчетност.
Прирачникот е достапен на следниот линк.
Овие два прирачници се развиени во рамки на проектот „Функционални механизми за активно младинско учество на национално ниво“, кој има за цел да се зајакне учеството на младите во процесите на носење одлуки на национално ниво преку воспоставување на механизмите во согласност со Законот за младинско учество и младински политики. Проектот е поддржан со грант Национална интервенција на регионалниот проект „СМАРТ Балкан – Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан, финансиски поддржан од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка.
