ЈАВЕН ОГЛАС [03/2026] ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ПРАКТИКАНТ/КА

Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) објавува јавен оглас за ангажирање на еден/една практикант/ка, кој/а ќе има можност да стекне практични знаења и вештини во областа на младинската работа, организацискиот развој, спроведувањето на младински активности и поддршката на процесите за унапредување на младинското учество.
Преку практикантската работа, избраниот/ата кандидат/ка ќе има можност да работи во динамична организација која ги застапува интересите на младите и младинските организации и да се запознае со функционирањето на граѓанскиот сектор и процесите на креирање и спроведување младински политики.
Основни информации за практикантската работа
- Работодавач: Национален младински совет на Македонија (НМСМ)
- Број на практиканти: 1 (еден/една)
- Времетраење: Два месеци – ноември и декември 2026 година
- Место на работа: Скопје
- Работно време: Согласно договорот за практикантска работа и важечките законски одредби
- Месечен надоместок: Во висина од 70% од нето минималната плата, согласно член 8 од Законот за практиканство.
Очекувани цели на практикантската работа
Целта на практикантската работа е да му овозможи на избраниот/ата кандидат/ка стекнување практично искуство и развој на компетенции потребни за професионално ангажирање во младинскиот и граѓанскиот сектор.
Преку практикантската работа се очекува кандидатот/ката:
- Да се запознае со работата, мисијата, целите и програмските приоритети на НМСМ.
- Да стекне практични знаења за планирање, организација и спроведување младински активности и проекти.
- Да ги унапреди вештините за административна и логистичка поддршка на проектни активности, состаноци, работилници и настани.
- Да развие вештини за професионална комуникација, тимска работа, организација на работните задачи и управување со времето.
- Да стекне основни практични знаења за документирање, следење и известување за реализирани активности.
- Да се запознае со улогата на младинските организации, младинското учество и застапувањето на интересите на младите во процесите на донесување одлуки.
Работни задачи и одговорности
Практикантот/ката ќе ги извршува следните задачи, под менторство и насоки од назначено лице во НМСМ:
- Поддршка во подготовката, организацијата и спроведувањето на програмските и проектните активности на НМСМ.
- Логистичка и административна поддршка при организирање состаноци, обуки, работилници, конференции и други настани.
- Комуникација со младински организации, млади, партнери и други релевантни чинители, согласно насоките од менторот.
- Поддршка во прибирањето, систематизирањето и обработката на информации поврзани со младински прашања и активности на НМСМ.
- Помош при подготовка на содржини и материјали за информирање и промоција на активностите на организацијата.
- Следење на тековните активности и поддршка во водењето евиденција за нивната реализација.
- Извршување и други задачи поврзани со целите на практикантската работа, во согласност со стекнатите знаења, вештини и договорените обврски.
Процес на практикантската работа
Практикантската работа ќе се реализира во периодот од 1 ноември до 31 декември 2026 година, преку комбинација на воведување во работата на организацијата, практично учење преку работа и континуирана поддршка од назначен ментор.
Практикантот/ката ќе работи под менторство на назначено лице од НМСМ и ќе има можност да учествува во активности релевантни за неговиот/нејзиниот професионален развој. Практикантската работа ќе се реализира во согласност со Законот за практиканство и договорот за практикантска работа.
Потребни квалификации и компетенции
Заинтересираните кандидати треба да покажуваат:
- Интерес за младински прашања, младинско учество, граѓанскиот сектор и работата на младинските организации.
- Мотивација за учење, стекнување практични знаења и професионален развој.
- Добри комуникациски и организациски вештини.
- Одговорност, иницијативност, посветеност и подготвеност за тимска работа.
- Способност за извршување задачи во договорени рокови.
- Основни дигитални вештини за работа со канцелариски алатки и подготовка на документи.
Начин и рок за пријавување
Заинтересираните кандидати треба да достават:
- Кратка биографија (CV).
- Мотивациско писмо во кое ќе ги образложат интересот за практикантската работа и очекувањата од ангажманот.
Пријавите треба да се достават електронски на [email protected] со назнака во предметот: „Пријава за практикант/ка во НМСМ“.
Рок за пријавување: 27.10.2026
По разгледувањето на пристигнатите пријави, НМСМ ќе ги контактира кандидатите кои ќе бидат избрани за следната фаза од процесот на селекција. Изборот ќе се врши врз основа на мотивацијата, релевантните компетенции и усогласеноста со целите на практикантската работа.
Националниот младински совет на Македонија се залага за еднакви можности и недискриминација. Сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат условите се охрабруваат да се пријават.
Со избраниот/ата кандидат/ка ќе биде склучен договор за практикантска работа согласно Законот за практиканство.
За дополнителни информации, заинтересираните кандидати можат да се обратат на [email protected].