НАГРАДА ЗА МЛАДИНСКО УЧЕСТВО – ПОВИК ЗА НОМИНАЦИИ

ЗА НАГРАДАТА

Министерство за социјална политика, демографија и млади (МСПДМ) во соработка со Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) и Мисијата на ОБСЕ во Скопје ја доделуваат овогодинешната Награда за младинско учество. Наградата се доделува во три категории: индивидуална категорија „Млади и безбедност“ (млади на возраст 15-29), категорија за неформални групи на млади (од најмалку 3 членови) и категорија за младински организации, организации за млади и чадор младински организации. Наградата има за цел да го препознае и валоризира трудот на младите при адресирање на различни општествени прашања.

Наградата за младинско учество препознава иницијативи на млади, неформални групи на млади и младински организации, организации за млади и чадор младински организации кои демонстрираат активно младинско учество, општествено влијание и одржливост и носат мерливи резултати во подобрувањето на заедницата или благосостојбата на општеството преку активностите на номинираниот.

Индивидуалната категорија за 2026 година е посветена на темата „Млади и безбедност“ и ќе ги препознае младите кои преку активности и иницијативи придонеле кон градење мир, превенција од насилство кај младите, социјална кохезија, меѓукултурен дијалог, превенција на насилен екстремизам, ненасилство, толеранција и активно учество на младите во процесите поврзани со мирот и безбедноста.

Во рамки на оваа категорија ќе бидат разгледувани исклучиво номинации кои се однесуваат на активности, иницијативи или придонеси од областа „Млади и безбедност“ реализирани од страна на номинираното лице.

 

КАТЕГОРИИ НА НАГРАДИ

Ќе се доделат 3 награди, по една награда во следните категории:

  1. ИНДИВИДУАЛНА КАТЕГОРИЈА „МЛАДИ И БЕЗБЕДНОСТ“ (ЗА МЛАДИ НА ВОЗРАСТ ОД 15 ДО 29 ГОДИНИ)
  2. КАТЕГОРИЈА НА НЕФОРМАЛНИ ГРУПИ НА МЛАДИ (ОД НАЈМАЛКУ 3 ЧЛЕНОВИ)
  3. КАТЕГОРИЈА НА МЛАДИНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ, ОРГАНИЗАЦИИ ЗА МЛАДИ И ЧАДОР МЛАДИНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ

 

КРИТЕРИУМИ ЗА НОМИНАЦИЈА

Идеалните кандидати за Наградата за младинско учество:

  • Демонстрираат исклучителна посветеност и придонес кон подобрување на животот во општеството;
  • Покажуваат силно младинско учество, лидерство и активно вклучување на млади во имплементација на активноста;
  • Остваруваат видливо влијание врз младинските политики и промени на локално и/или национално ниво;
  • Спроведуваат долготрајни и одржливи решенија за општествени предизвици;
  • Покажуваат потенцијал за раст и репликабилност на иницијативата;
  • Се препознатливи помеѓу врсниците и пошироката заедница;
  • Применуваат креативни и иновативни пристапи за вклучување на заедницата во решавањето на општествени прашања;
  • Развиваат или поддржуваат можности за младите да учествуваат во активности кои имаат позитивен придонес кон општеството и нивниот развој;
  • Вклучуваат лица во социјален ризик во напорите за решавање на општествени прашања;
  • Преземаат дејствија кои носат долготрајни и одржливи решенија за општествени прашања;

За индивидуалната категорија „Млади и безбедност“, ќе се применуваат критериумите утврдени за оваа категорија, со фокус на придонесот во областа на мир, безбедност и општествена кохезија, вклучително:

  • промовирање на мир, ненасилство и толеранција;
  • активности поврзани со спречување на насилство кај младите;
  • застапувачки иницијативи или активности за промоција на Youth, Peace, and Security (YPS) агендата;
  • меѓукултурен, меѓуетнички и меѓугенерациски дијалог;
  • градење социјална кохезија и доверба во заедниците;
  • заштита и промоција на човекови права;
  • спречување на дискриминација, говор на омраза, негативни наративи и насилен екстремизам;
  • активно учество на младите во иницијативи поврзани со мир и безбедност.

Нема да се разгледуваат номинации за активности спроведени од поединци или групи кои вклучуваат:

  • Поддршка или лобирање во име на политичка партија;
  • Верски активности;
  • Академско истражување или работа за личен професионален развој.

    НАГРАДА

Наградата има за цел да го препознае и валоризира трудот на младите при адресирање на различни општествени прашања, а финансиската поддршка ќе обезбеди унапредување на работата и активизмот на добитникот. Висината на Наградата за младинско учество по категории е  следната:

  • 1,500 евра за индивидуална категорија „Млади и безбедност“;
  • 3,000 евра за неформални групи на млади; и
  • 3,000 евра за младински организации.


НАСОКИ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НОМИНАЦИЈА

Номинациите за секоја од категориите можат да бидат поднесени од страна на индивидуални лица, организации, институции, медиумски сектор, бизнис сектор или други членови на заедниците. Наградите ќе бидат доделени и презентирани на пошироката јавност на Меѓународниот ден на младите (12 август 2026) во Скопје.

Поднесувањето на вашата номинација можете да го направите на следниот линк.

Рокот за поднесување на номинации е до 07 јули 2026, 23:59 ч.

 

КРИТЕРИУМИ И ПОСТАПКА ЗА ОЦЕНУВАЊЕ

По завршувањето на процесот за поднесување номинации, сите пријави ќе бидат разгледани согласно технички критериуми, со цел да се утврди дали ги исполнуваат основните услови за понатамошно разгледување. Овој преглед ќе опфати потврда дали номинираниот е на возраст од 15 до 29 години, дали активноста е спроведена на територијата на Република Северна Македонија, како и дали истата е реализирана во периодот од јуни 2025 – мај 2026.

Номинациите кои успешно ќе ја поминат техничката проверка ќе бидат детално разгледани од страна на комисија за евалуација, која ќе селектира најмногу три кандидати по категорија за понатамошната фаза на јавно онлајн гласање.

Целосниот повик е достапен на следниот линк.

Сподели