Повик за експерт / компанија за изработка на комуникациска стратегија и брендинг – Youth Advisory Board

Националниот младински совет на Македонија објавува повик за ангажирање на експерт или компанија за изработка на комуникациска стратегија и брендинг за потребите на проектот „Поддршка на Младинскиот советодавен одбор на ЕУ Делегацијата во Северна Македонија“.

Главната цел на проектот е да се зајакне улогата на Youth Advisory Board (YAB) како двигател во процесите на креирање политики на Делегацијата на Европската Унија, со зголемување на влијанието врз младинските политики на национално и европско ниво. Проектот се фокусира на зајакнување на капацитетите на членовите на YAB за креирање политики базирани на докази, подобро разбирање на процесот на европска интеграција и ефективно ангажирање на младите и заедницата.

Очекувани задачи на експертот/компанијата:

  • Развој на комуникациска стратегија за Youth Advisory Board; 
  • Развој на визуелен идентитет и брендинг насоки; 
  • Предлог на комуникациски канали и алатки за подобрување на видливоста; 
  • Подготовка на насоки за комуникација со младите и релевантните засегнати страни; 
  • Подготовка на финален документ со препораки и план за имплементација. 

Потребни квалификации:

  • Универзитетска диплома или релевантна обука/квалификација во областа на комуникации, маркетинг, односи со јавност, медиумски студии или сродна област; 
  • Минимум 3 години професионално искуство во развој на комуникациски стратегии, брендинг или стратешки комуникации; 
  • Докажано искуство во изработка на комуникациски стратегии за проекти, организации или институции; 
  • Искуство во развој на брендинг и визуелен идентитет; 
  • Искуство во работа со граѓански организации, меѓународни организации или донаторски проекти ќе се смета за предност; 
  • Одлични аналитички, пишувачки и комуникациски вештини; 
  • Пристап чувствителен на младински прашања. 

На повикот можат да се пријават:
Сите заинтересирани правни и физички лица. Правните лица можат да аплицираат со тим од двајца консултанти.

Начин на аплицирање:
Сите заинтересирани правни и физички лица можат да достават документи до 26.04.2026, до Национален младински совет на Македонија (ул. 29-ти Ноември бр.4в, 1000 Скопје) или скенирана на e-mail: [email protected], со наслов: „Понуда за комуникациска стратегија – YAB – назив/име и презиме“

Апликацијата треба да содржи:

  • Портфолио на апликантот; 
  • Биографии на предложените експерти (доколку аплицира правно лице); 
  • Тековна состојба на апликантот (за правни лица, не постара од една година); 
  • Предлог методологија (Анекс 2); 
  • Финансиска понуда (Анекс 3);
  • Изјава за непостоење правни пречки (Анекс 4, доколку аплицира правно лице);
  • Изјава за ексклузивност и достапност (Анекс 5).

Повеќе детали за условите и начинот на пријавување можете да најдете во документот Услови за работа“.

Целосниот повик е достапен на следниот линк.

Сподели